Спорт
Чуамени: Се извинувам што гледав НБА меч додека Реал Мадрид играше натпревар
Реал Мадрид синоќа беше на прагот на елиминација во Купот на Шпанија, губеше со 2:0 од Вилјареал, но успеа да направи пресврт и да победи со 3:2 за да се пласира во следната рунда. Додека таму се одвиваше драма, а на Реал му се закануваше продолжување на лошата серија и рана елиминација, ѕвездата од 100 милиони евра гледаше НБА натпревар меѓу Чикаго Булс и Детроит Пистонс во Париз.
Чуамени е повреден, поради што ги пропушти двата натпревари во Суперкупот, но Реал има непишано правило дека играчите кои не можат да играат мора да бидат со тимот кога има натпревари, барем да ги гледаат.
Токму затоа, Чуамени се извини преку социјалните мрежи.
„Се извинувам на клубот, стручниот штаб, моите соиграчи и навивачите на Реал бидејќи бев на друг настан кога игравме многу важен куп-натпревар. Цело време преку мобилен телефон следев што се случуваше во Вилјареал. Многу ми е жал ако згрешив“, истакна Чуамени.
Pido disculpas a mi club, al cuerpo técnico, a mis compañeros y a la afición madridista por mi presencia en un evento a la hora que nos jugábamos mucho en la Copa. He estado atento en todo momento a lo que pasaba en Villarreal, pero no he hecho lo correcto. Lo siento mucho.🤍
— Tchouameni Aurélien (@atchouameni) January 19, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гитенс се сели во Челзи

Џејми Гитенс ќе стане играч на Челзи. Фабрицио Романо објави дека договорот е склучен и дека 20-годишникот ќе пристигне на „Стемфорд Бриџ“ и ќе потпише седумгодишен договор.
Челзи на Борусија Дортмунд ќе и плати околу 65 милиони евра откако претходната понуда од 50 милиони евра од „Сините“ беше одбиена пред Светското клупско првенство.
Гитенс е играч на Дортмунд од 2020 година, постигна 17 гола на 107 настапи за „милионерите“.
Младиот англиски репрезентативец сè уште не дебитирал за сениорската репрезентација, но се надева дека ќе обезбеди место во тимот на Томас Тухел за Светското првенство во 2026 година со неговото пристигнување во западен Лондон.
По медицинските прегледи, Гитенс ќе им се придружи на своите нови соиграчи во Челзи по завршувањето на нивната кампања на Светското клупско првенство.
„Сините“ со победата на Бенфика обезбедија пласман во четвртфиналето, каде за противник ќе го имаат Палмеирас.
Спорт
Чалханоглу преферира трансфер во Галатасарај

Еден од најдобрите играчи на Интер, Хакан Чалханоглу побарал да биде ставен на трансфер листата.
„Ве молам, пуштете ме дома“, наводно им рекол на раководството на клубот турскиот репрезентативец, кој никогаш не играл за клуб од својата татковина. Чалханоглу сака да се пресели во Галатасарај.
Играчот од средниот ред ја започнал својата кариера во Карлсруе, потоа играл за ХСВ и Баер, а потоа за Милан и Интер, чиј член е од 2021 година.
„Дојдов во Интер бесплатно пред четири години и секогаш го давав својот максимум. Сакам да продолжам во Галатасарај и ве молам разберете ме. Пуштете ме дома“, им рекол на раководството на клубот.
Тој е под договор до крајот на сезоната 2026/27.
Спорт
Меси: Не уживав кога бев во Париз

Лионел Меси зборуваше за периодот поминат во Пари Сен Жермен пред дуелот на Интер Мајами со актуелниот европски првак, на клупскиот Мундијал во Соединетите Американски Држави.
Меси играше за ПСЖ две сезони, од 2021 до 2023 година.
„Тоа беа годините во кои не уживав, не бев среќен во секојдневниот живот. Не беше добро време за мене. Не бев среќен ниту еден ден – ниту на тренинзите ниту на натпреварите. Ми беше многу тешко да се прилагодам“, рече Лионел Меси.
Аргетнинецот одигра вкупно 75 натпревари за Пари Сен Жермен во сите натпреварувања, постигна 32 гола и имаше 35 асистенции.
Натпреварот помеѓу Интер Мајами и ПСЖ се игра од 18 часот во Атланта.