Македонија
(Видео) Ковачевски за Мицкоски: Најлошо е кога човек со лага сака да покрие друга лага

Најлошо е кога човек со лага сака да покрие друга лага, а ова му е трета лага на Мицкоски и сакам да му порачам не само што нема 61 пратеник, не само што пратениците се слободни да одлучуваат така како што сметаат, туку и да му порачам дека парламентарното мнозинство ќе биде поголемо од тоа што е денес, истакна во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.
„Најлошо е кога човек со лага сака да покрие друга лага, а ова му е трета лага на Мицкоски. До пред една година шеташе во Собранието на државата велејќи дека има 61 пратеник за да ја сруши Владата, па потоа го видовме на клиника. Потоа, пред Нова година, рече дека има 61 пратеник за да ја сруши Владата, за сега да каже дека има полукриминални структури. Јас не знам каков е тој израз бидејќи или има криминални или има чесни структури“, вели Ковачевски.
Според него, во СДСМ има чесни структури, сите пратеници на СДСМ се членови по функција на ЦО и нивниот глас, како што додава, вреди исто колку што вреди и на претседателот на партијата и на сите други и секој од нив го кажува своето мислење.
„А сите одлуки што досега се носени во СДСМ се носени едногласно. СДСМ, претседателот на партијата, т.е. јас, или кој било друг претседател претходно, ниту им барал меници на пратениците ниту им барал изјави заверени на нотар, како што тоа го бара Мицкоски, сѐ со цел да може да ги држи во заложништво исто како што тој е во заложништво на Апасиев. Пратениците се тука со мене, јас денес ќе одам на слава кај координаторот на пратеничката група и сакам на сите наши сограѓани што го слават Св. Јован, кои имаат такви имиња, да им го честитам овој голем празник и да му порачам на господинот Мицкоски не само што нема 61 пратеник, не само што пратениците се слободни да одлучуваат така како што сметаат во согласност со добиените мандати и во согласност со својата политичка позиција во политичката партија, туку и да му порачам дека парламентарното мнозинство ќе биде поголемо од тоа што е денес“, рече Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Изминатиот викенд лишени од слобода 13 лица за безобзирно управување на возило

За време на изминатиот викенд (11/12.10.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.502 издадени платни налози, 958 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР.
„Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик се 13 лица, од кои четири за возење под дејство на алкохол, четворица за возење со брзина поголема од дозволената во населено место и пет возачи за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 97 прекршоци за неправилно паркирање, 122 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 47 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле пет возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и двајца пешаци. Исто така санкционирани се 43 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 33 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а три заради техничка неисправност. Санкционирани се и пет возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии)“, соопшти МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, додаваат од МВР.
Македонија
„Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“, што крие ЈО и дали Коцевски го штити Спасовски“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Јавноста мора да добие одговор. Дали Оливер Спасовски во својство на министер за внатрешни работи лично се јавувал во СВР Штип и барал да се изврши притисок врз полицијата во Кочани за да се заштити газдата на дискотеката Пулс“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
„Според информациите кои излегоа во јавноста а се обелоденети во медиуми се фрла сомнеж на вмешаност на врвот на СДС во случајот со нелегалното работење на дискотеката Пулс.
Според објавените телефонски разговори од 17 февруари 2022 година синот на газдата на Пулс Михаил Јованов се пофали на лицето Бојана дека „Оливер Спасовски се јавувал у Штип у полицијата за нас“.
Во разговорот се споменува казна од 40 000 од УЈП која според наводите требало да се „среди“ преку политичка интервенција. Наместо полицијата да го спроведува законот била под притисок „да не досадува“.
„И он кажал тој началникот од Кочани утре одма на информативен разговор да дојде … кај началникот за Источна Македонија… ќе им с’ржат малку… да се посе*ат“, завршува Михаил.
Ова е сериозно обвинување за злоупотреба на функција, влијание врз институциите и партиска заштита на блиски бизниси. Дали ЈО покренало постапка по овие наводи?
Дали Оливер Спасовски бил повикан на разговор и која е неговата улога во заштитата на газдата на дискотеката Пулс и работата на дискотеката? Дали е извршена контрола во СВР Штип и ОВР Кочани?
Дали Коцевски работи според закон или по нарачка на СДС? Коцевски и ЈО да не молчат. Доколку не е постапено тоа значи дека обвинителството свесно го прикрива скандалот и штити моќници“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Влен“: Вресоците на Ахмети, Таравари и Села се последните извици на една коалиција во распад

„Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари и Села се последните извици на една коалиција во распад“, велат од „Влен“.
„Едниот бара „политички договор“ и се обидува да го копира Али Ахмети, кого со право треба да го праша: што се случи со писмата што ги испраќаше низ светот и каде исчезна експертизата на Пол Вилијамс? Другиот лута во паника, стравувајќи дека ќе биде изневерен од двајцата.
Според сите анкети, кандидатите на ВЛЕН се во убедлива предност, додека „референдумот“ на ДУИ, последниот обид на една партија во паника, им се враќа како бумеранг.
Албанците овој филм го гледаат повеќе од две децении патриотизам во зборови, кражба во дела.
Дваесет години не успеаја да обезбедат ни питка вода во албанските општини; во некои од нив, дури и водата ја оставија затруена со арсен.
Тоа е „светот“ што го создадоа загаден, ненаситен и иструлен одвнатре.
Општините под нивно раководство се жив доказ за хаос, сиромаштија и отсуство на било каква визија.
Затоа, Албанците денес му го вртија грбот на овој „лажен референдум“, што го пропагираат Ахмети, Таравари и Села“, соопшти „Влен“.