Регион
(Видео) Вучиќ: „Избраа да одат против Србија“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/11251902-scaled-e1674311196664-1000x560.jpg)
„Вчера беше еден од најтешките денови за нашата земја и никогаш не криев од луѓето во Србија кога ќе се случат такви работи. Ќе имаме многу неволји и проблеми со кои ќе се соочиме во иднина и за тоа ни треба единство, а од тие од кои тоа го очекував, не го добивме. Тие избраа да одат против Србија и овој пат“, рече Вучиќ.
Тој преку својот Инстаграм профил и се обрати на јавноста, коментирајќи ја вчерашната средба и го најави своето обраќање во понеделник во врска со сите проблеми и избори што треба да ги направи Србија.
Tој додаде дека Србија не ја добила поддршката што ја очекувала, но дека „ќе се зачува и брани“.
„Од оние од кои тоа го очекував, поради одговорноста што требаше да ја покажат, нашите политички претставници – тоа не го добивме. Нивното обединување го добивме и покрај тоа што само неколку дена порано го кажуваа спротивното – на тема каде никој не треба да оди против никого. За жал, и овојпат избраа да одат против Србија. И со нив, и со сите меѓународни претставници, а пред се со граѓаните на Србија, ќе зборувам за се, за сите теми, за сите проблеми со кои се соочуваме и за изборите што ни претстојат во понеделник попладне. Ќе ја чуваме и браниме Србија“, заклучи Вучиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Обвинителството во БиХ: Мајката и детето, најверојатно, се убиени со задушување, се чека обдукција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/b_250213022.jpg)
Како што соопштија од Обвинителството на кантонот Тузла, дежурниот обвинител и истражителите од секторот за криминалистичка полиција при МВР на кантонот Тузла синоќа извршиле увид на самото место во семеен стан во Калесија, каде што во вечерните часови биле пронајдени две безживотни тела, 37-годишна жена и нејзиниот 13-годишен син.
Осомничениот за двојното убиство моментно е во бегство и по него се трага.
„Најверојатно жената и синот се убиени со задушување. Денеска, ќе биде издадена наредба за обдукција на телата на починатите за да се утврдат точните причини за смртта. Во тек се сите потребни истражни дејства, кои по наредба на Обвинителството ги спроведуваат истражителите за утврдување на сите околности поврзани со двојното убиство“, соопшти Обвинителството, пренесе „Кликс“.
Регион
Хрватскиот инспекторат повлекува лак за нокти произведен во Полска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/a4f595d9-40c9-4dd3-af1d-302770756963.jpg)
Државниот инспекторат во Хрватска ги советува потрошувачите да престанат да го користат лакот за нокти Babe Rich, пренесуваат хрватските медиуми.
Лакот произведен во Полска, според Инспекторатот, претставува хемиски ризик бидејќи содржи забранети материи.
Дистрибутер во Хрватска е „Рич компани“ ДОО од Загреб, а Инспекторатот забранил пуштање на производот во промет и наредил уништување на производот.
Регион
Познат идентитетот на убиените во БиХ: полицијата насилно влегла во станот каде што ги пронашла телата на мајката и детето
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/82946d10-106a-4c79-b07e-0db0d396f511.jpg)
Маж во текот на ноќта ги убил сопругата и 13-годишниот син во Калесија, Босна и Херцеговина, а полицијата трага по него, потврди за Кликс.ба Адмир Арнаутовиќ, портпарол на кантоналното обвинителство во Тузла.
„Кликс“ објави дека убиената е Инела Селимовиќ, која на последните локални избори беше кандидат на партијата Народ и правда (НиП) за Советот на општина Калесија.
„Кликс“ исто така пишува дека осомничен за двојното убиство е Емир Селимовиќ.
Додаваат дека мажот работи како доставувач во супермаркетот во зградата во која живеело семејството.
Не е познато дали е вооружен.
Според неофицијални информации, се сомнева дека Селимовиќ ги убил сопругата и детето со задушување.
„Синоќа, полициски службеници од Управата на полицијата на кантонот Тузла, ПС Калесија, по пријава и одобрение од кантоналниот обвинител и судијата на Општинскиот суд, насилно влегле во стан во Калесија, каде пронашле безживотни тела на жена и дете“, изјави Аднана Спречиќ, портпаролка на полицијата во кантонот Тузла.