Свет
Кадиров: „Горете во пеколот“

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров преку „Телеграм“ го осуди вчерашното палење на Куранот во Шведска.
Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи изјави дека палењето на Куранот во Стокхолм укажува на нивото на исламофобија, расизам и дискриминација што постои во Европа. Инцидентот наиде на осуда и од министерствата за надворешни работи на Саудиска Арабија, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати.
„Во Стокхолм, некое ѓубре, исто така лидер на данската сатанистичка партија, го запали светиот Куран пред турската амбасада. Ова суштество од пеколот беше против Турција, која гласаше против влезот на Шведска во НАТО. Само обожавателите на ѓаволот, најголемите измеќари, ќе посегнаа по светите места и ќе го наречеа знак на протест.
Ова наводно било одобрено од властите во Стокхолм и јас цврсто верувам дека овој одвратен чин не само што бил одобрен, туку и инициран и платен од политичките сили. Во спротивно, таков провокативен чин никогаш немаше да биде одобрен.
Секој ќе жнее што ќе посее и сите вклучени во овој грозоморен чин си донесоа вечно проклетство. Ќе го сфатат еден ден, но ќе биде предоцна. Горете во пеколот, ѓаволи“, напиша Кадиров на „Телеграм“.
Чеченскиот лидер додаде дека „буквално целото НАТО е плод на сатаната“ и дека тие се борат против него во Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Северна Кореја гради бариери на границата со Јужна Кореја

Северна Кореја ја информираше Командата на Обединетите нации (УНК) во Јужна Кореја под команда на Соединетите Американски Држави за своите планови за изградба на бариери во рамките на границата меѓу Северна и Јужна Кореја.
Како што објави Министерството за одбрана на Јужна Кореја, Северна Кореја информираше дека продолжува да гради бариери и огради од бодликава жица на својата страна од демилитаризираната зона, објавува Јонхап.
Од април минатата година, Северна Кореја распореди војници во близина на воената демаркациска линија во демилитаризираната зона за да поставуваат мини, да поставуваат противтенковски бариери и да ги зајакнуваат оградите од бодликава жица, откако лидерот на земјата Ким Џонг Ун ги опиша меѓукорејските врски кон крајот на 2023 година како односи меѓу „две држави кои се непријателски расположени една кон друга“.
РЕ-Дигитал
Tрамп тврди дека има купувач за „Тик-ток“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека пронашол купувач за апликацијата „Тик-ток“ во таа земја.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп рече дека пронашол група многу богати луѓе како потенцијален купувач за „Тик-ток“, чиј идентитет ќе го открие за околу две недели, пренесува „Ројтерс“.
На 18 јуни, Трамп по трет пат ја одложи забраната за апликацијата „Тик-ток“ во Соединетите Американски Држави, додека чека нејзиниот сопственик, кинеската компанија „Бајт денс“ да ја продаде социјалната мрежа.
Свет
Иран: Коментарите на Трамп за Хамнеи се навредливи и недостојни

Министерството за надворешни работи на Иран ги осуди коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп упатени до врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, и народот на Иран, оценувајќи ги како навредливи и недостојни, објавија иранските медиуми.
Се вели дека коментарите на Трамп „длабоко ги повредуваат чувствата на стотици милиони муслимани во регионот и низ целиот свет“, објави Иран Интернешнл.
Министерството процени дека коментарите на Трамп само ќе ja зголемат одвратноста и омразата „кон кратковидата политика на Америка и дополнително ќе ги дискредитираат нејзините тврдења за барање дијалог“.
Трамп во петокот изјави дека Хамнеи дал глупава изјава кога се заканил дека повторно ќе ги нападне американските сили во регионот откако Иран нападна американска база во Катар како одговор на бомбардирањето на нуклеарните постројки на Иран.