Спорт
Почина доајенот на македонскиот бокс, Живко Дуковски
Макeдонскиот спорт загуби уште една голема легенда. Денес во 84. година животната сцена ја напушти Живко Дуковски, големиот боксерски шампион, тренер и функционер. Дуковски целиот свој живот го посвети на боксот и даде голем придонес за афирмацијата на благородната вештина.
Тој беше неуморен, уште како млад го засака овој спорт на храбрите и уште во 50-тите години од минатиот век зачекори на рингот. Во неговата кариера, како активен боксер најголемиот успех го постигна кога на поединечното првенство на поранешна Југославија во 1957 година го освои второто место и сребрениот медал. Потоа доаѓаа и други настапи и победи низ кои ја градеше својата кариера. По многу борби низ кои го афирмираше македонскиот бокс, кога стави крај на активното занимавање со бокс, Дуковски не му рече збогум на саканиот спорт. Напротив кон средината на 60-тите години тој стана еден од најголемите афирматори на спортот кој ги привлекуваше младите. Сакаше да направи нешто, да го издигне боксот на повисоко ниво, па се зафати со тренерската работа. Акумулираното искуство имаше желба да го пренесе на младите и во рамките на Младинското спортско друштво Скопје од Автокоманда на негова иницијатива се формира боксерски клуб.
Дуковски со својата харизматична појава брзо привлече многу млади момчина, кои за година-две блеснаа на рингот и многумина од нив во годините што доаѓаа се закитија со медали на младинските и сениорските првенства во поранешната држава. БК Скопје стана расадник на боксери и со успех се натпреваруваше во Втората сојузна лига. Живко Дуковски беше алфа и омега во клубот. Тој не само што беше тренер и организатор на сите активности, туку беше човекот што ги решаваше и сите проблеми на боксерите.Околу себе собра една голема група на ентузијасти, која многу му помагаше и со која успеа да обезбеди егзистенција на клубот. Тогаш се родија шампионите од калибарот на Салиху, Самоиловски, Калач, Реџепагиќ, Смилевски, Голубиќ, Ристевски, Мемеди, Ѓошевски, Јакупи, Василев и уште десетина други момчиња, кои го прославија македонскиот бокс.
Живко Дуковски со својот авторитет и голема помош на оние што го опкружуваа успеа да се избори, Скопје,во рамките од Денот на ослободувањето (13 ноември) да биде организатор на првиот „Златен гонг“, приредба која од таа 1968 година традиционално се одржува на македонските рингови. Најголема заслуга за „гонгот“ да живее имаше баш Живко Дуковски. Тој никогаш не се предаваше и во најтешките години до крај се бореше гонгот да не згасне, зашто знаеше оти тој ќе биде магнет за младите. И така и беше. Од година на година беа откривани се повеќе таленти. Преку оваа приредба својата афирмација ја доживеаја и подоцнешните асови на БК Скопје – Мумин Вели, кој стана двократен носител на бронзен медал од Европските првенства и Примислав Димовски, кој еднаш беше петти на Светско првенство. Тие беа предводени од Руждија Калач, кој исто така во младоста мина низ рацете на Живко Дуковски, од кого многу научи и со кого секогаш се консултираше. Иако не беше директно вклучен во тренажниот процес, долги години Живко „трчаше“ за боксерите и настојуваше, сега во улога на функционер, во еден период и претседател на Боксерската фецерација на Македонија да обезбеди средства за непречен развој на боксот и за учество на нашите репрезентативци на најголемите боксерски приредби.
Последен пат го видовме на рингот, кога пред две години беше почестен од своите некогашни ученици, сега и тие боксерски функционери да доделува медали на победниците на „Златниот гонг“. Иако се забележуваше дека го мачат некои здравствени проблеми, тој не ја симнуваше насмевката кога се наоѓаше на рингот. Тогаш на сите им стана јасно, дури и оние што не го познаваа доволно, оти рингот за Живко значеше живот. Дуковски замина во вечноста, но она што го направи за македонскиот бокс вечно ќе се памети. Веројатно тој е најсветлата фигура во нашата боксерска историја. Без него боксот ќе беше многу посиромашен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

