Црна хроника
Пронајдено починато лице во Богомила
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на спореден пат во селото Богомила, каде што беше пронајдено тело на починато машко лице.
Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот 60-годишен маж со цел да се утврдат причините за смртта.
По насоки на јавниот обвинител, подигнати се траги, кои ќе бидат предмет на вештачење, а се преземаат и други дејства за целосно испитување на настанот по што ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ловни пушки, патрони пронајдени при претрес во Десово
Врз основа на судска наредба издадена од Основен суд Прилеп, вчера полициски службеници од Полициското одделение Ропотово извршиле претрес во домот и други простории на М.У.(28) од с.Десово, Општина Долнени.
При претресот пронајдени и одземени биле две ловни пушки и 11 патрони за ловна пушка.
Лицето било лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повредена 22-годишна девојка од Гевгелија, во неа удри „тојота“
Вчера во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, патничко возило „тојота ајго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(27) од Скопје, удрило во Б.М.(22) од Гевгелија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.М., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници, меѓу нив и малолетно дете
На 27.11.2024 во 18.00 часот во Полициската станица Чаир, М.С.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Скоевска“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 27.11.2024 во 10.50 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Ј.(63) од Скопје пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 27.11.2024 во 10.10 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.М.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.