Спорт
Леброн Џејмс одличен, но ЛА Лејкерс го загуби градското дерби
Кошаркарите на ЛА Клиперс славеа во градското дерби против ЛА Лејкерс со 133:115. Тоа беше уште еден судир на двете франшизи од Лос Анџелес во кој играчите на двата тима беа шутерски расположени, особено Леброн Џејмс. „Кралот“ го заврши натпреварот со 46 поени, осум скока и седум асистенции. Сепак, тоа не беше доволно за победа.
Кај ЛА Клиперс, Пол Џорџ постигна 27 поени со девет скока и четири асистенции, додека Кави Ленард постигна 25 поени со девет скока и три асистенции. Норман Пауел додаде 22, Теренс Ман 17, а Реџи Џексон 19 поени.
Кошаркарите на Далас се поразени во Тексас од Вашингтон со 127:126. На Лука Дончиќ не му вредеше што повторно беше најдобар на паркетот.
Словенечкиот кошаркар за 38 минути игра постигна 41 поен со 15 скока и шест асистенции. Тој сигурно ќе жали за можноста на 1,2 секунди до крајот кога по неговото лошо додавање беше загубена можноста да се упати последниот удар кон противничкиот кош.
За Маверикс, Двајт Пауел додаде 22, а Спенсер Динвиди 20 поени, додека Џош Грин постигна 16 поени.
За тимот на Вашингтон Визардс, Кајл Кузма постигна 30 поени, Бредли Бил додаде 22, а Дени Авдија имаше 15 кошеви.
Резултати: Индијана – Чикаго 116:110, Мајами – Бостон 98:95, Њујорк – Кливленд 105:103, Њу Орлеанс – Денвер 98:99, Далас – Вашингтон 126:127, Феникс – Шарлот 128:97, ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 115:133.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дезире Дуе повторно се повреди
Во 10-то коло од француското првенство, против аутсајдерот Лориен, ПСЖ остана без очекуваната победа (1:1), но и без клучен играч. Дезире Дуе (20), крилниот напаѓач на францускиот и европскиот шампион, во 63-та минута и остана да лежи плачејќи од болка.
Дуе го напушти теренот на носилки, а подоцна го напушти стадионот со помош на патерици. Се чини дека го повредил бутниот мускул на десната нога, но повеќе детали ќе бидат познати во наредните денови.
Ова е нова сериозна повреда за Дуе, кој неодамна се врати на теренот бидејќи пропушти шест натпревари во септември поради повреда на листот.
„Секогаш се лоши вести кога некој ќе се повреди“, рече Луис Енрике по натпреварот. „Тоа е невообичаена повреда и сè уште не знаеме колку е сериозна. Се надевам дека не е посериозна.“
Младиот офанзивен играч имаше одлична последна сезона. Тој забележа 16 голови и исто толку асистенции во 61 натпревар и со тоа даде огромен придонес во освојувањето на тројната круна на ПСЖ. Оваа сезона, во осум натпревари, постигна три гола и имаше исто толку асистенции.
Дуе дојде во ПСЖ од Рен во летото 2024 година за 50 милиони евра. „Трансфермаркт“ сега ја проценува неговата вредност на 90 милиони евра.
Спорт
(Видео) Јокиќ пред историски рекорд, драматични завршници во Минеаполис и Феникс
Денвер Нагетс ги декласираа Њу Орлеанс Пеликанс во „Бол арена“. Резултатот беше 122:88, но во преден план е израмнувањето на рекордот на Никола Јокиќ.
Јокиќ го забележа 168-от трипл-дабл во кариерата, имаше 21 поен, со 12 скока и 10 асистенции Ова е неговиот четврти во исто толку натпревари од почетокот на сезоната.
Јокиќ го израмни почетокот на сезоната на Оскар Робертсон во 1961 година и неговиот неодамнешен соиграч Расел Вестбрук во 2020 година.
Никој немал пет трипл-дабл учиноци по ред на почетокот на сезоната, а 30-годишникот би можел да стане првиот што ќе го направил на гостински терен во Портланд.
Што се однесува до натпреварот, Денвер победникот го реши со неверојатната серија 29:2 во третата четвртина.
За разлика од дуелот во Денвер, натпреварите во Минеаполис и Феникс беа решени речиси со звукот на сирената.
ЛА Лејкерс како гости ја победија Минесота со 116:115. Во отсуство на Лука Дончиќ и Леброн Џејмс, повторно блескаше Остин Ривс.
Тој постигна 28 поени, но имаше и 16 асистенции. Јасно е дека Лејкерси во моментов немаат систем на игра, туку дека системот се вика Остин Ривс. Тој се прашува за сè, а по натпреварот во кој постигна 51 поен во победата над Сакраменто, потоа 41 во поразот од Портланд, дојде редот да го постигне победничкиот кош.
AUSTIN REAVES GAME-WINNER WITH NO TIME LEFT!!! 😱🙌
LAKERS GET THE ROAD VICTORY!!
🚨 @TISSOT BUZZER-BEATER 🚨
Your Time Defines Your Greatness. https://t.co/lyy8aK5RWb pic.twitter.com/YrAOB8WCMU— NBA (@NBA) October 30, 2025
Покрај него, се истакна Ларавија со 27 поени, Руи Хачимура и Динадре Ајтон постигнаа по 17, додека Далтон Кнехт додаде 15 од клупата.
На другата страна, Џулиус Рендл беше одличен со 33 поени, Џејден МекДениелс постигна 30 поени.
Во Феникс, Џа Морент на сличен начин како Ривс погоди за триумф на Гризлите 113:114.
JA MORANT WITH THE CLUTCH FLOATER.
MEMPHIS WINS A WILD ONE ON THE ROAD 😱 pic.twitter.com/NbclexIYe5
— NBA (@NBA) October 30, 2025
Морент беше најефикасен со 28 поени, Џарен Џексон Џуниор додаде 18, а Каурад и Алдама постигнаа по 14. На другата страна, се истакнаа Букер со 32 и Вилијамс со 20 поени.
НБА, резултати:
Торонто – Хјустон 121:139
/Барнс 31 – Дурант 31/
Бостон – Кливленд 125:105
/Браун 30 – Мобли 19/
Детроит – Орландо 135:116
/Канингем 30 – Банкеро 24/
Бруклин – Атланта 112:117
/Портер Џуниор 32 – Џонсон 23/
Чикаго – Сакраменто 126:113
/Бузелис 27 – Лавин 30/
Далас – Индијана 107:105
/Пауел 18 – Сиакам 27/
Јута – Портланд 134:136
/Марканен 32 – Холидеј 27/
Спорт
(Видео) Де Брујне опериран во Антверпен, ќе паузира три до четири месеци
Фудбалерот на Наполи, Кевин де Брујне, беше опериран во Антверпен откако го повреди бутниот мускул на десната нога на првенствениот натпревар против Интер.
„Како што беше планирано, Кевин де Брујне беше опериран во Антверпен поради повреда на задниот бутен мускул на десниот бут. Процедурата помина совршено и Де Брујне ќе ја започне првата фаза од постоперативното закрепнување во Белгија“, се вели во соопштението на Наполи.
Де Брујне се повреди во саботата на натпреварот против Интер (3:1) во Серија А.
Тој постигна гол во 33-та минута од пенал и веднаш по ударот се фати за бтниот мускул. Со помош на медицинскиот тим го напушти теренот.
De Bruyne took a pen so powerful he pulled his hamstring ffs https://t.co/XVaSUYAjOM pic.twitter.com/UX0FeyImLL
— Z 🇵🇸 (@PepsBalls) October 25, 2025
Актуелниот шампион на Италија не соопшти колку долго ќе отсуствува белгискиот фудбалер, но во вторникот генералниот менаџер Габриеле Оријали изјави дека Де Брујне ќе биде надвор од теренот три до четири месеци.
Ова лето, по 10 години во Манчестер Сити, Де Брујн се пресели во Наполи, за кого одигра осум натпревари во првенството и постигна четири гола, а имаше и две асистенции во Лигата на шампионите.

