Свет
Столтенберг: Очекувам членките на НАТО да ги зголемат одбранбените распределби
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изрази очекување дека земјите членки на алијансата ќе ги зголемат тековните цели на трошоците за одбрана од два отсто од БДП за време на самитот во Вилнус во јули оваа година.
Столтенберг за „Велт“ изјави дека целта од два отсто од БДП за одбранбениот буџет на земјите членки на НАТО првично била поставена за една деценија, до 2024 година, па сега таа мора да се ажурира бидејќи сите гледаат дека се потребни поголеми инвестиции во таа област.
Столтенберг изјави дека сè уште не може да каже дали земјите членки на алијансата ќе се согласат со предлогот за зголемување на буџетот за одбрана, пренесе „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во експлозија во Пакистан загинаа двајца кинески инженери кои работеа на електрана
Двајца кинески државјани, кои во неделата загинаа во експлозија во близина на меѓународниот аеродром во Карачи, работеле во електрана, соопштија денеска властите.
Ројтерс објави дека тоа е еден од најсериозните напади врз кинески државјани во Пакистан откако бомбаш самоубиец уби пет кинески инженери кои работеа на хидроелектричен проект во март, што го натера Пекинг да го повика Исламабад да преземе построги безбедносни мерки.
Кинеската амбасада во Исламабад и пакистанското Министерство за надворешни работи ја опишаа неделната експлозија како „терористички напад“.
Регион
Момчето од „Рибникар“: „Да го немав пиштолот на татко ми, немаше да го направам масакрот“
„Да го немав пиштолот на татко ми, немаше да го направам масакрот. Оружјето ми беше на дофат“, ова, како што пренесува „Телеграф“, повикувајќи се на неофицијални информации во Специјалниот суд, го изјавил К. К. (14) додека сведочел во постапката против родителите Милјана и Владимир Кецмановиќ.
На овој начин, како што анализира медиумот, момчето ја префрлило одговорноста за масовното убиство во училиштето на својот татко.
Негативно зборувал и за мајката Милјана Кецмановиќ велејќи дека таа „постојано барала тој да биде најдобар во сè“. Како што наводно рекол, Милјана Кецмановиќ „се лутела кога не бил најдобар во нешто и го карала“ и истакнал дека токму однесувањето на мајка му го поттикнало масовното убиство.
Момчето на 3 мај минатата година во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ уби девет ученици и училишниот чувар, а денеска првпат се појави пред семејствата на убиените деца.
Следното рочиште е закажано за 17 октомври во зградата на Специјалниот суд во Белград.
Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на неговите родители Милјана и Владимир Кецмановиќ со распит на К. К., момчето што го изврши масовното убиство на 3 мај во основното училиште „Владислав Рибникар“. Нему му поставуваа прашања судијата, обвинителот, адвокатите на оштетените и прашања на еден член од семејствата на убиените, пренесува медиумот.
К. К. е изнесен денеска првпат од установата во која е задржан по кривичното дело.
Судењето продолжува на 17 октомври кога треба да продолжи распитот на К. К.
Регион
На хрватска граница запрена пратка со краставици од Србија: содржела зголемено ниво пестициди
Поради поголемо количество на пестицидот хлорпирифос од дозволеното, на хрватската граница е запрена пратка со зеленчук од Србија и е испратена на уништување, објави RASFF, европскиот систем за брзо предупредување и информации за храна.
Примерок од пратката со краставици од Србија е земен на 30 септември на хрватската граница и, како што е наведено на веб-страницата на РАСФФ, во него се откриени остатоци од пестициди поголеми од дозволената количина – 0,060 милиграми хлорпирифос на килограм (ppm), а дозволената количина е 0,01 милиграм на килограм (ppm).
Како што е наведено, на производот му е дозволено да патува до својата дестинација под царински пломби, а преземената мерка е уништување.
Пестицидот хлорпирифос (Хлорпирифос) е, инаку, забранет за употреба, а ова не е првпат да биде откриен во пратките со храна, пренесуваат медиумите во регионот.
Потсетуваат дека во август минатата година на хрватската граница во пратка со праски пристигната од Србија беше пронајдено високо ниво на пестицидот хлорпирифос, па стоката му беше вратена на испраќачот. Исто така, Германија во мај годинава од пазарот повлече и сув вргањ по потекло од Србија. Како што тогаш објави RASFF, во овие печурки биле пронајдени остатоци од пестицидот хлорпирифос. Остатоци од пестицидот хлорпирифос во суви печурки од Србија се пронајдени во количина од 0,18 ± 0,09 милиграми на килограм.