Контакт

Македонија

(Видео) Ковачки до Ковачевски: Дали знаете дека во Вашиот партиски штаб се договараат бегствата на затворениците од затворите

Објавено пред

Имам две пратенички прашања, првото прашање е упатено до министерот за внатрешни работи, станува збор за една фирма што добила тендер за храна од Министерството за внатрешни работи и која исто така добила грант од државата за изградба на фабрика од оваа Влада. И, исто така, оваа фирма добива тендери во рекордни 13 милиони евра. Значи, почитувана јавност, во касарните, односно во објектите на Министерството за внатрешни работи, конкретно во Ѓорче Петров, во касарната, имаме потполно нов објект изграден пред десетина години, а токму кога во периодот е министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, тој објект дополнително се осовременува и се набавува најсовремена кујна. Значи, по сите ХАСАП-стандарди. Истото е и со Центарот за обука во Идризово. Значи, имаме нови кујни со нова најсовремена опрема за приготвување и складирање храна. Кујни во кои досега вреден и искусен персонал подготвуваше храна за полициските службеници. Но, овој пат, внимавајте, првпат во независна Македонија полициските службеници сместени во овие објекти што ги спомнав ќе јадат храна што ќе биде набавена од приватна фирма. И тоа не која било фирма, туку од фирма основана токму со поддршка од Владата на ДУИ, во која партиципира и Социјалдемократскиот сојуз. Значи, МВР изградило нови објекти, како кујнско-трепезариски блокови, односно набавила скапа нова опрема, но услугите за исхрана ги дало на фирма што добила грант од 1,6 милион евра од Владата“, истакна Драган Ковачки, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

dobivaj vesti na viber

Ковачки додаде дека на поставувањето на камен-темелникот на погонот на оваа фабрика во Гази Баба бил присутен и министерот за внатрешни работи. Со двата тендера на МВР, од речиси 13 милиони евра, од кои за период од 36 месеци компанијата „Индустри сервис“ во просек може да наплати до 4,5 милиони евра. И тоа е речиси за една третина повеќе пари во однос на минатата година кога МВР дало, односно потрошило околу 3,3 милиони евра за храна. Ваквиот начин на набавка на храна во МВР институцијата ќе ја чини многу повеќе пари отколку да се готви храната во кујните на МВР.

„Од договорите на МВР со оваа компанија се гледа дека тие се полни со конзерви и со сува храна. Дури и гулашот и гравот во спецификацијата доставена од МВР до фирмата се во конзерви. Значи, тие се од други производители, а не се од фирмата што ги доставува. Да заклучам, ова значи дека фирмата „Индустри сервис“ само ставила своја маржа на конзервите и на сувата храна и како последица на тоа, МВР плаќа повеќе отколку кога самите би произведувале и би набавувале во одвоени постапки нешто, што законот го дозволува. Значи, моето прашање до министерот за внатрешни работи е следно: колку проценти од таа маржа на фирмата со која склучивте договор ви припаѓаат вам лично“, го запраша Ковачки министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Пратеникот посочи дека неговото второ прашање се однесува до премиерот. Значи, во изминатиот период граѓаните имаа можност да видат како се случуваат бегства од затворите како на филм, значи со добро вооружени лица, со употреба на огнено оружје, со помош од внатре.

„Македонија во моментот е земја со најголем број бегства од затворите во Европа, на просек од 10.000 затвореници имаме околу 700. Само за споредба, Албанија има нула, Црна Гора има нула, Словенија има нула, Шпанија има 2, Бугарија има 8 итн. А ние имаме 690, односно околу 700. Значи, имаме тотална нефункционалност на системот поради корупција или неспособност или, пак, комбинација од двете. Нема безбедносен скандал во Македонија, нема криминал, нема криминалец што нема конекција со Социјалдемократскиот сојуз. Системот за казни и ресоцијализација е продолжена рака на корумпираното МВР и на Министерството за правда. Последното актуелно бегство на затвореник, ладнокрвен убиец, се случува со насилство, пукање, ранети полицајци и неминовно во дослух со службите“, рече пратеникот.

Тој укажа дека командир на смена на затворската полиција, лице што претходно е избркано од МВР поради корупција, е блиско до Социјалдемократскиот сојуз. Без никакви безбедносни проверки, повторно го правдаат и го унапредуваат во командир. Во јавност излегоа снимки на истиот тој командир, кој на само неколку дена од настанот објавува слика на социјалните мрежи со генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз, Миле Зечевиќ. Но, пред два дена медиумите објавија уште едно бегство од затвор, овој пат од Шуто Оризари, а институциите десет дена молчеа и не известуваа за тој настан, па мораше новинарите да откријат што се случило. И повторно станува збор за лице што наменски било преместено во полуотворен оддел за да може да избега. А истото тоа лице може да се види на фотографии на социјалните мрежи со актуелни и поранешни политичари.

„Моето прашање до премиерот е следното: дали знаете дека во Вашиот партиски штаб се договараат бегствата на затворениците од затворите“, го праша Ковачки, Димитар Ковачевски.

Македонија

Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде

Објавено пред

Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.

dobivaj vesti na viber

Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија  потекнува од нашата држава.

„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство  сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.

Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.

Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.

МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.

Прикажи повеќе...

Македонија

Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје

Објавено пред

Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.

dobivaj vesti na viber

„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во

Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија13 часа

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија14 часа

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија15 часа

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија15 часа

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет16 часа

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...

Свет17 часа

Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање

Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното...

Македонија20 часа

Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела,...

Македонија20 часа

Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост...

Македонија1 ден

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија2 дена

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија2 дена

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија2 дена

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија2 дена

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија2 дена

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија2 дена

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет2 дена

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија2 дена

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет2 дена

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет2 дена

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...