Македонија
(Видео) Милошоски до Ковачевски: Кои се лицата што се разгледувале на Советот за национална безбедност за прогласување персона нон грата
Кои се лицата што беа разгледувани на Советот за национална безбедност за прогласување персона нон грата бидејќи не ги исполнуваат условите од член 11 од Законот за странците, го праша Ковачевски пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, на денешната собраниска седница.
Тој посочи дека во ескалацијата на односите со Бугарија, за жал, оштетени се Република Македонија, чувствата на граѓаните, но и европската перспектива на државата.
Второто прашање се однесуваше за повлекување на бугарскиот амбасадор од Македонија за кој, како што рече Милошоски, е чин на спуштање на дипломатските односи меѓу двете држави и го праша Ковачевски кој е неговиот став во однос на овие случувања.
„Повлекување амбасадор од една соседна држава е чин на спуштање на дипломатските односи. Исто така, повлекувањето на амбасадорот претставува на некој начин и потценување на државата домаќин бидејќи се спушта на нивото на комуникација. Прашањето до премиерот е кој е вашиот став и како гледате на овој развој на настаните? Како го оценувате овој потег на повлекување на нивниот амбасадор, при што соседната држава Бугарија тврди дека тоа го прави во знак на незадоволство од односот на институциите во Македонија кон Република Македонија“, изјави Милошоски.
Пратеникот Милошоски го праша министерот за правда, Тупанчески, за кој член на Владата или претставник мислел кога изјавил дека избрзал со давање на изјавата за инцидентот во Охрид.
И третото прашање е до министерот за правда, Тупанчески. Вчера, на една дебатна емисија поврзано со инцидентот во Скопје Вашата изјава беше дека сметате оти некои претставници на власта избрзале со давање изјави дека се работи за завршен случај. Она што можеше да се извлече како заклучок е дека овој Ваш коментар се однесува на изјавите на Вашиот колега, министерот за надворешни работи. Но, јас би сакал, за да не одиме на заклучоци на дадената изјава, да Ве прашам конкретно на кои претставници на власта мислите и дали се работи за членови на Владата, дали мислевте на министерот Бујар Османи или на некој друг дека избрзале при давањето изјави за случајот во Охрид, а за кој Вие сметате дека сè уште не е завршен“, го праша Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Меџити-Спиропали: во фокусот актуелните случувања
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета во Скопје.
Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси на двете држави.
Спиропали и Меџити положија цвеќиња пред споменикот на националниот херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, во знак на почит кон визијата на овој историски водач за европската ориентација на Албанците, соопштија од кабинетот на Меџити. По тој повод, беше повторно нагласено дека иднината на Албанците е во Европската Унија, како заедница на демократски вредности и успешен модел на институционална, културна и политичка интеграција на сите народи.
„Присуството во Чаир дополнително испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание на државата Албанија кон Албанците во Северна Македонија.
Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“.
Македонија
Ѓорѓиевски: Подаривме радост на 100 дечиња од згрижувачките семејства од Скопје и од организационите единици при ЈУ Детски дом „11 Октомври“
Вечерва, срцето на градот чукаше најсилно токму таму каде што се најчистите насмевки.
Со организација на кино-проекцијата на филмот „Биби и Боби“, им подаривме радост на 100 дечиња од згрижувачките семејства од Скопје и од организационите единици при ЈУ Детски дом „11 Октомври“, истакна скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, откако беше организирана посебна вечер наменета за децата од згрижувачките семејства и од ЈУ Детски дом „11 Октомври“.
„Сала исполнета со смеа, возбуда и детска искреност, моменти што нè потсетуваат колку малку е потребно за голема среќа, а колку многу значи вниманието.
По завршувањето на филмот, поделивме новогодишни пакетчиња за сите дечиња.
Како градоначалник, но пред сè како човек, останувам цврсто посветен на создавање можности, поддршка и сигурност за најмладите, особено за децата кои се дел од системот на социјална заштита.
Нивната радост е нашата најголема обврска.
Секое дете заслужува внимание, љубов и убави празнични денови“.
Македонија
Намалена видливост поради појава на магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 70 метри има на патниот правец Дебар – Струга, од 100 – 150 метри на патниот правец Куманово – Крива Паланка и од 50 – 100 метри на патниот правец Велес – Катланово.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Фото: депозитфотос

