Македонија
Потврдена ослободителната пресуда за велешанката Пале Иловска

Скопскиот Апелационен суд ја потврди ослободителната пресуда за велешанката Павлинка (Пале) Иловска, која лани со нож го усмрти својот насилен партнер, полицаец од Велес. Таа беше обвинета за кривично дело убиство во миг. Иако Обвинителството поднесе жалба и бараше Иловска да биде казнета, сепак Апелација ја потврди пресудата донесена од судијката Габриела Гајдова. Со ова Иловска е целосно ослободена од вина, а пресудата е конечна.
Ослободувањето на Иловска од вина судијката Гајдова го оправда со тоа што таа се бранела од сега починатиот партнер. Од ДНК под ноктите на покојниот полицаец се утврдило дека тој навистина ја давел.
„Во согласност со Кривичниот законик, нужна е одбраната ,која е неопходна. Нападот и одбраната се неопходни елементи. Тој ја влечел, клоцал, ја стегнал околу вратот, неоспорно се утврди од записникот за увид, по самиот увид на настанот, кај обвинетата имало телесни повреди, изразени на главата, ногата и на вратот. Натаму, на овој доказ се надоврзува телесниот преглед на обвинетата“, рече судијката во февруари минатата година кога ја изрече пресудата.
Случајот на Пале Иловска предизвика лавина реакции во јавноста кога се дозна дека таа неколкупати го пријавувала партнерот за малтретирање, но тој не бил гонет. Во постапката Пале докажуваше дека таа го убила со убод во нож додека тој ја давел и дека делото го направила во самоодбрана. Таа беше и во куќен притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зелен хуман град почнува со собирање потписи за основање партија

Граѓанската иницијатива Зелен хуман град почнува процес на собирање 1.000 потписи за да основа партија.
„Драги луѓе, Зелен хуман град ја формира првата партија во Македонија која во срцето на својата политичка агенда ги позиционира социјалната правда, заштитата на животните и животната средина. ЗХГ е воедно и првата партија во историјата на Македонија што ја основаат долгогодишни волонтери, а не спонзори. Ја основаат луѓе што со години во континуитет ги вложуваат своето знаење, време, енергија, како и финансии, за да создадат здраво и функционално општество за сите – и за луѓето и за животните. Иако сме принудени да ја основаме партијата само за да имаме право да се кандидираме на избори – нашето делување останува идентично како и до сега – хоризонтално, со директна демократија и активизам, отворено за секој што ги дели нашите вредности“, велат од иницијативата.
Од таму велат дека втора изборна година по ред ја отвараат вратата на секој што смета дека има доволно знаење и ентузијазам да се придружи на нивната листа за Совет на Град Скопје.
Во изминатите 4 години, велат од таму, како дел од Советот на Град Скопје со само 2 од 45 советника успеавме да постигнеме неколку преседани.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 74 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 28.07. до 02.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 74 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
Бизнисменот Душко Чифлиганец загина во несреќа со мотор

Младиот бизнисмен Душко Чифлиганец загина на 32-годишна возраст во несреќа со мотор во Брно, Чешка.
Тој е син на познатиот стопанственик и универзитетски професор Ванчо Чифлиганец и беше заменик-претседател на „Адора бизнис-групацијата“.
Чифлиганец беше љубител на спортскиот мотоциклизам.