Свет
(Видео) Објавено видео од пукањето во Амбасадата на Азербејџан во Иран
Еден чувар загина, а две лица се повредени во пукање во Амбасадата на Азербејџан во Иран, соопшти полицијата, а Азербејџан нападот го оцени како чин на тероризам.
Напаѓачот со „калашников“ го убил шефот на обезбедувањето, соопшти азербејџанското Министерство за надворешни работи. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, остро го осуди нападот додавајќи дека инцидентот се истражува.
Судијата Мохамад Шахрирари рече дека мотивите на напаѓачот биле лични. Тој истакна дека напаѓачот рекол оти неговата сопруга отишла во Амбасадата на Азербејџан во Техеран и не се вратила дома, па мислел дека е таму. Жената по потекло е од Азербејџан.
На социјалните мрежи е објавено видео од нападот од надзорната камера.
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изјави дека нападот е тероризам и побара сторителот бргу да се казни. Министерството за надворешни работи на Азербејџан најави дека набргу ќе го евакуира персоналот на Амбасадата поради инцидентот. Изјавите на иранските власти не укажуваат на тоа дека нападот бил политички мотивиран.
Азербејџан овој месец го назначи својот прв амбасадор во Израел во услови на зголемени тензии со Иран. Израел има амбасада во Баку од раните 90-ти и во последните години му даде силна воена поддршка на Азербејџан, вклучително и во спорот за Нагорно-Карабах.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

