Спорт
Мурињо за Заниоло: За жал, тој останува
Николо Заниоло ќе остане во Рома. Напаѓачот одби да се пресели во Премиер лигата, во Бортнмут. Челниците на овој клуб беа подготвени да платата 30.000.000 евра за трансферот. Планот на Заниоло беше да се пресели во Милан, но Рома не ги прифати условите на оој клуб (позајмица до крајот на сезоната, а потоа откуп на договорот за 22.000.000 евра).
Поради се она што се случува во Заниоло интересен коментар имаше тренерот Жозе Мурињо.
„За жал, по се изгледа дека Заниоло останува. Тоа го кажувам бидејќи на сите ни кажа дека повеќе не сака да игра или да тренира за Рома. Фокусиран сум на играчите кои го сакаат најдоброто за овој клуб. Кога играчот јасно ќе ви каже дека сака да замине, тогаш морам да кажам: за жал, тој останува. Ќе остане но повеќе нема да биде дел од нашиот проект“, изјави Мурињо на прес конференцијата пред натпреварот со Наполи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Распадори го чекаа во Рим, тој го одбра Бергамо
По Конор Галагер уште еден играч си замина од Атлетико Мадрид. Џакомо Распадори по само шест месеци, минати во Мадрид, реши да се врати во Италија.
Со денови се шпекулираше дека Џакомо Распадори ќе стане нов играч на Рома, но наместо во Рим, тој пристигна во Бергамо.
Како што потврдија бројни извори, луѓето од Аталанта доцна синоќа отвориле конкретни преговори и успеале да се договорат со Атлетико. Сумата која ќе ја плати Аталанта не е позната, но се претпоставува дека трансферот изнесува околу 20 милиони евра.
Распадори минатото лето пристигна во Атлетико Мадрид од Наполи за 22 милиони евра, но не ги оправда очекувањата, бидејќи постигна два гола и имаше три асистенции на 15 натпревари во сите натпреварувања.
Диего Симеоне одлучи да го продаде, а Распадори сакаше да се врати во својата татковина и на крајот ја избра, Аталанта.Италијанските медиуми тврдат дека доаѓањето на Распадори значи дека Адемола Лукман ќе замине од клубот. Интерес за него покажуваат турските великани Галатасарај и Фенербахче.
Распадори сакаше да го засили тимот во кој ќе има минутажа, бидејќи сака да се наметне кај селекторот Џенаро Гатузо пред Светското првенство во 2026 година, секако доколку Италија преку баражот избори пласман.
Foto/ depositphotos
Спорт
Бентанкур ќе отсуствува три месеци
Фудбалерот на Тотенхем и репрезентативец на Уругвај, Родриго Бентанкур, ќе биде надвор од терените најмалку три месеци поради операција на тетивата, објави Би-Би-Си.
Британските медиуми потсетуваат дека играчот на Тотенхем се повреди на 7 јануари во натпреварот од 21-то коло од Премиер лигата против Борнмут (2:3).
Бентанкур (28) одигра 28 натпревари за Тотенхем во сите натпреварувања оваа сезона.
Тој е член на Тотенхем од јануари 2022 година, а пред тоа играше за Јувентус и Бока Јуниорс.
Тотенхем има проблеми со повредите на играчите, бидејќи Дејан Кулушевски, Џејмс Медисон и Мохамед Кудс се надвор од теренот.
Foto/ depositphotos
Спорт
Алонсо си заминал поради расправија со тројца клучни играчи
Чаби Алонсо, од вчера, не е тренер на Реал Мадрид. Во соопштение, Реал, објави дека клубот и тренерот спогодбено се разделиле. Чаби Алонсо отказот ќе го наплати со 15 милиони евра. Наспроти ова, британски „Атлетик“, пишува дека Алонсо заминал поради несогласувањата со клучните играчи, Винисиус Жуниор, Федерико Валверде и Џуд Белингам.
Алонсо имаше успешен старт, со 17 победи во првите 20 натпревари, но резултатите, а со тоа и атмосферата во тимот се влошија во последните два месеци. Тројцата влијателни фудбалери имале проблем со тактичкиот пристап и стилот на лидерство на Алонско.
Се вели дека проблемите започнале за време на натпреварот против Барселона во октомври 2025 година.
И покрај победата, Алонсо имаше непријатна сцена со Винисиус откако го замени. Бразилскиот напаѓач беше незадоволен од промената и одби да се ракува со тренерот. Бидејќи клубот не презеде дисциплинска мерка против играчот, Алонсо наводно почувствувал дека ја губи контролата и дека нема поддршка од клупските челници.
Федерико Валверде и Џуд Белингам, исто така имале проблем со начнот на кој Алонсо го води тимот и со неговите татктички замисли.
Белингам, по одличната прва сезона во 2023/24 и значајните улоги минатата сезона, никако не може да се врати во вистинската форма оваа сезона. Кај Алонсо, Англичанецот немаше гарантирано место во тимот, статус што го имаше кај Карло Анчелоти.
Валверде, од друга страна, поради неговата разноврсност, често играше на различни позиции, што го оддалечи од неговата претпочитана улога во средниот ред. И тој често на тренинзите влегувал во расправии со Алонсо, поради неговите тактички замисли.

