Регион
„Демостат“: Србија во ЕУ до 2030 година ако го прифати европскиот план за косовското прашање

Јасната перспектива за членство на Србија во Европската Унија, инвестициите во енергетскиот сектор и ослободувањето од зависноста од Русија во таа област, доаѓањето американски и европски компании, се дел од она што Србија би можела да го очекува доколку се согласи со западниот предлог за решавање на косовското прашање, пишува денеска истражувачко-издавачкиот центар „Демостат“.
Повикувајќи се на свои дипломатски извори, „Демостат“ додава дека се точни изјавите за можни последици за Србија доколку не го прифати договорот, кои вклучуваат прекин на евроинтеграциите, стопирање и повлекување на инвестициите, враќање на визниот режим, а аранжманот за Меѓународниот монетарен фонд би бил сомнителен.
Според „Демостат“, претставниците на ЕУ, САД, Франција, Германија и на Италија на средбата во Белград му рекле на српскиот претседател Александар Вучиќ дека, доколку Србија го прифати европскиот план, може да влезе во ЕУ до 2030 година.
Во меѓувреме, според изворите на овој центар, Србија чекор по чекор би била вклучена во другите европски структури, како што е заедничкиот европски пазар, што подразбира слободен проток на стоки, луѓе, капитал и услуги.
Доколку Белград го отфрли западниот план за Косово и покаже дека не е конструктивен во дијалогот со Приштина, ќе дојде до суспензија и повлекување на европските и американските инвестиции.
„Имено, веќе има компании кои до понатамошно известување ги прекинаа плановите за инвестиции во Србија, пред сè, поради неусогласеноста на надворешната и безбедносната политика, што повлекува зголемен ризик за водење бизнис во нашата земја. Одбивањето преговори за план за решавање на косовското прашање за бизнис-заедницата, која планира да работи или веќе работи во Србија, би било дополнително црвено знаме“, пишува „Демостат“.
Не е автентичен француско-германскиот план, кој минатата недела се појави во медиумите, ниту конечниот договор што ќе се најде на преговарачка маса, пишува „Демостат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин