Свет
Економистот Џефри Сакс предупредува: Флертуваме со третата светска војна
Познатиот економист Џефри Сакс изјави дека војната во Украина почнала пред осум години и дека ова не е прва година од војната, туку деветта и дека таа сè повеќе ескалира бидејќи, како што рече, Пентагон го предупредува Вашингтон денес дека можноста за нуклеарна војна станува реална.
„Во меѓувреме, папата Франциско веќе оцени дека војната во Украина почна светска војна. Сега имаме војна во Украина, Израел го бомбардира Иран, Америка и Кина се на работ на директна конфронтација поради Тајван. Ова се навистина опасни времиња и ако ова ескалира, ние веќе флертуваме со третата светска војна“, изјави Сакс за „Политика“ при неговата посета на Белград како гостин на Центарот за меѓународни односи и одржлив развој.
Тој смета дека има излез од кризата и дека тоа значи дека САД ја менуваат својата надворешна политика, како и дека околу 150 земји во светот, кои не се во НАТО и не се сојузници на САД, не сметајќи ја Русија, ќе го кренат својот глас во Генералното собрание на ОН и бараат итен крај на војната и почеток на мировни преговори, пренесе „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Келог: Мировниот договор за Украина е „многу близу“, клучни остануваат Донбас и Запорожје
Специјалниот претставник на САД за Украина, Кит Келог, изјави дека договорот за прекин на војната во Украина е „навистина блиску“ и дека сега зависи од решавањето на две големи отворени прашања – иднината на украинскиот регион Донбас и нуклеарната централа Запорожје.
Келог, кој треба да се повлече од функцијата во јануари, кажа дека напорите за решавање на конфликтот влегле во „последните 10 метри“, што, како што забележа тој, е секогаш најтешкиот дел.
Двете главни нерешени прашања, рече Келог, се однесуваат на територијата – првенствено на иднината на Донбас – и иднината на украинската нуклеарна централа Запорожје, најголемата во Европа, која е под руска контрола.
„Ако ги решиме овие две прашања, мислам дека и останатите работи ќе бидат решени доста добро“, рече Келог.
Според првичните американски предлози, нуклеарната централа Запорожје би била рестартирана под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), а произведената електрична енергија би била подеднакво поделена меѓу Русија и Украина.
Свет
(Видео) Обид за државен удар во Бенин: војска упадна во националната телевизиска станица
Група војници во западноафриканската држава Бенин, која себе се нарекува Воен комитет за обнова, под команда на потполковникот Паскал Тигри, денеска соопшти дека ја презеле националната телевизиска станица, дека претседателот Патрис Талон е отстранет од функцијата, а сите државни институции се распуштени.
NEW: Soldiers tried and failed to overthrow President Patrice Talon in Benin.
Coup plotters briefly seized state TV in Cotonou and announced a junta, but loyalist forces reportedly retook control within hours.
Talon was evacuated safely. pic.twitter.com/AVCAdphsyH
— Clash Report (@clashreport) December 7, 2025
Сепак, министерот за надворешни работи, Олушегун Аџади Бакари, соопшти дека лојалистички војници и националната гарда ја презеле контролата, и дека претседателот е безбеден.
Обидот за пуч се случи додека се подготвуваат претседателските избори, кои треба да го означат крајот на мандатот на Талон, на власт од 2016 година. Владината коалиција го номинираше министерот за финансии Ромуалд Ваданџи за свој кандидат, кој, доколку победи, ќе ја продолжи актуелната економска политика на државата.
Свет
(Фото+видео) Сериозен инцидент на аеродромот Хитроу во Лондон: еден уапсен, неколкумина повредени
Службите за итни случаи и полицијата интервенираа на аеродромот Хитроу во Лондон поради „сериозен инцидент“ кој се случи утрово.
Според локалните медиуми, неколку лица се повредени, а итната помош ги префрли во болница.
Лондонската полиција соопшти дека група мажи испрскале неколку лица со „некаков вид спреј со бибер“, по што го напуштиле местото на настанот. Едно лице е уапсено под сомнение за напад, а истрагата продолжува за да се пронајдат останатите осомничени.
MAJOR INCIDENT DECLARED AT HEATHROW AIRPORT
DMs are open if you have more information. pic.twitter.com/1CEbSHuU6e
— British Intel (@TheBritishIntel) December 7, 2025
Полицијата и вооружените единици пребаруваа паркинг на аеродромот.
„Во оваа фаза, веруваме дека во инцидентот учествувала група луѓе кои се познаваат, а расправијата ескалираше и резултираше со повреди на неколку лица. Не го третираме овој инцидент како тероризам“, изјави полицискиот командант Питер Стивенс.
Инцидентот предизвика привремени прекини во работењето на метрото и железницата околу аеродромот.

