Црна хроника
Казни за 65 автобуси што вршат превоз на ученици, 21 упатени на вонреден технички преглед
Во текот на вчерашниот ден (31.1.2023), во периодот од 12 до 16 часот, на територијата на Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 65 сообраќајни прекршоци, при што три возила се исклучени од сообраќај поради истечена регистрација. Упатени на вонреден технички преглед се 21 возило.
МВР соопшти дека сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесат да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од скопско село измамена за 95.400 денари со лажно ветување за стан и вработување
54-годишна жена од скопско село пријавила дека била измамена за сума од 95.400 денари.
Според пријавеното, во текот на изминатата година таа во неколку наврати му исплатила пари на едно лице, кое ѝ ветувало дека ќе ѝ помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник.
Како што било пријавено, по извесно време лицето престанало да одговара на нејзините телефонски повици, по што таа сфатила дека била измамена.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром
Тепачка се случила вчера во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром.
Според информациите од МВР, вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје
Вчера околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје, удрило во пешакот М.И.(57) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно дококументирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

