Спорт
Алегри со нова мака: Погба повторно е повреден

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, откри дека напаѓачот Душан Влаховиќ ќе стартува на утрешниот натпревар со Лацио во Купот на Италија, но исто така и дека играчот од средниот ред Пол Погба заработил уште една повреда.
„Утре ќе го изберам стартниот состав. Покрај Леонардо Бонучи, друг недостапен играч е Погба, кој има мускулен проблем. Влаховиќ сигурно ќе стартува, јас треба да одлучам за останатите стартери. Натпреварот може да трае 120 минути, па замените ќе бидат важни. Составот ќе го одберам по утрешниот тренинг“, изјави Алегри.
Тренерот на „старата дама“ се пожали дека оваа сезона тимот се мачи со многу повредени фудбалери.
„Многу фудбалери мораа да се справат со долготрајни повреди. Федерико Киеза беше надвор од терените десет месеци, а Пол Погба нема играно од април. Потребно е време за да се врати во форма, како што се случи со Киеза, кој мораше да застане на нозе и да почне одново. На Погба исто така ќе му треба време, никој не може да прави чуда. Неговото тело мора да се прилагоди. Мораме да го искористиме мудро и во вистинско време кога ќе биде фит. А тој сега повторно е повреден“, нагласи Алегри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Галатасарај по Гундоган го сака Чалханоглу

Галатасарај сака преодниот рок да го заврши со уште еден звучен трансфер. Преодниот рок во Турција трае до наредната недела. .
Галатасарај го потпиша Илкај Гундоган, а сега редот за врска сака да го засили со Хакан Чалханоглу.
Клубот понудил 17 милиони евра, но Интер нема намера да го пушти Турчинот, особено не за таа сума. Сепак, во Галатасарај се убедени дека Чалханоглу ќе дојде:
„Хакан сака да дојде кај нас, но околностите не се поволни. Сепак, ние сме уверени дека ќе дојде. Ако не денес, тогаш утре. Порано или подоцна, Чалханоглу ќе го носи дресот на Галатасарај. Нека ја погледне кариерата на Гундоган и нека таа биде негова ѕвезда водилка. Хакан е млад и ние ја почитуваме неговата желба да ја заврши кариерата кај нас“, соопшти раководството на Галатасарај.
Foto/ X
Спорт
Холандија остана без Де Јонг, се повредил против Полска

Холандскиот репрезентативец Френки де Јонг го напушти кампот на националниот тим и се врати во клубот откако се повреди на квалификацискиот натпревар против Полска.
Како што објави Фудбалската федерација на Холандија, 28-годишниот играч од средниот ред беше принуден да се врати во Барселона по повредата здобиена на натпреварот со Полска во Ротердам (1:1).
Претходно, селекторот на Холандија, Роналд Куман, изјави дека Де Јонг се пожалил на болки во мускулите во второто полувреме, поради што бил заменет од Квинтен Тимбер во 83-та минута.
Френки де Јонг ќе го пропушти следниот квалификациски натпревар на „лалињата“ против Литванија, закажан за 7 септември во Каунас.
Де Јонг е еден од клучните играчи на холандската репрезентација, досега одигра 60 натпревари.
Холандија има седум бода од првите три натпревари и моментално го дели првото место во Групата Г заедно со Полска и Финска.
Спорт
Ферстапен на пол-позицијата во Монца

Макс Ферстапен, актуелниот шампион на Формула 1 и возач на Ред Бул, беше најбрз во квалификациите за трката на Големата награда на Италија, која се вози на култната стаза во Монца.
Холанѓанецот ја освои пол-позицијата со време од 1.18.792.
Зад него беа двајца возачи на Мекларен, Ландо Норис на второто место и Оскар Пјастри на третото место.
Четвртата и петтата позиција ги зазедоа адутите на домашната публика, односно дуото на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон.
Сепак, поради казната, Хамилтон ќе стартува од десеттото место.
Пва значи дека третиот ред им припадна на пилотите на Мерцедес Џорџ Расел, Андреа Кими Антонели. Зад нив се Габриел Бортолето (Кикс Заубер), Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Јуки Цунода (Ред Бул).
Трката за Големата награда на Италија се вози в недела од 15 часот.
Foto/ EPA