Спорт
Трошењето заврши, време е да се состави трансфер-листата

Челси потроши повеќе од 300 милиони евра во зимскиот преоден рок за ангажман на осум фудбалери. Од почетокот на новата сезона на засилувања Челси потроши речиси 611 милиони евра. Сега кога ростерот е комплетиран, менаџерот Греам Потер и спортскиот директор ќе треба да ја состават трансфер-листата.
Челси нема многу избор и на крајот од сезоната ќе мора да ги исчисти своите редови за да остане во границите на финансискиот ферплеј.
Мароканецот Хаким Зијеш, чиј трансфер во ПСЖ пропадна во последните минути од преодниот рок, ја предводи листата на оние што ќе го напуштат клубот. Место на „Стенфорд Бриџ“ нема да има за напаѓачите Пјер-Емерик Обамејанг и Кристијан Пулишиќ, а како што пишува „Гардијан“, клубот ќе ги разгледа и понудите за Матео Ковачиќ и Калиду Кулибали.
Клубот би можеле да го напуштат и Бен Чилвел и Конор Галагер, а не се знае иднината ни на Ромелу Лукаку и Калум Хадсон-Одои, кои се позајмени во Интер и Баер Леверкузен.
Извесно е дека Челси ќе му понуди нов договор на 39-годишниот Тијаго Силва, кој изјави дека му е потребен на клубот во преодниот рок и дека е подготвен да остане во Лондон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Галатасарај по Гундоган го сака Чалханоглу

Галатасарај сака преодниот рок да го заврши со уште еден звучен трансфер. Преодниот рок во Турција трае до наредната недела. .
Галатасарај го потпиша Илкај Гундоган, а сега редот за врска сака да го засили со Хакан Чалханоглу.
Клубот понудил 17 милиони евра, но Интер нема намера да го пушти Турчинот, особено не за таа сума. Сепак, во Галатасарај се убедени дека Чалханоглу ќе дојде:
„Хакан сака да дојде кај нас, но околностите не се поволни. Сепак, ние сме уверени дека ќе дојде. Ако не денес, тогаш утре. Порано или подоцна, Чалханоглу ќе го носи дресот на Галатасарај. Нека ја погледне кариерата на Гундоган и нека таа биде негова ѕвезда водилка. Хакан е млад и ние ја почитуваме неговата желба да ја заврши кариерата кај нас“, соопшти раководството на Галатасарај.
Foto/ X
Спорт
Холандија остана без Де Јонг, се повредил против Полска

Холандскиот репрезентативец Френки де Јонг го напушти кампот на националниот тим и се врати во клубот откако се повреди на квалификацискиот натпревар против Полска.
Како што објави Фудбалската федерација на Холандија, 28-годишниот играч од средниот ред беше принуден да се врати во Барселона по повредата здобиена на натпреварот со Полска во Ротердам (1:1).
Претходно, селекторот на Холандија, Роналд Куман, изјави дека Де Јонг се пожалил на болки во мускулите во второто полувреме, поради што бил заменет од Квинтен Тимбер во 83-та минута.
Френки де Јонг ќе го пропушти следниот квалификациски натпревар на „лалињата“ против Литванија, закажан за 7 септември во Каунас.
Де Јонг е еден од клучните играчи на холандската репрезентација, досега одигра 60 натпревари.
Холандија има седум бода од првите три натпревари и моментално го дели првото место во Групата Г заедно со Полска и Финска.
Спорт
Ферстапен на пол-позицијата во Монца

Макс Ферстапен, актуелниот шампион на Формула 1 и возач на Ред Бул, беше најбрз во квалификациите за трката на Големата награда на Италија, која се вози на култната стаза во Монца.
Холанѓанецот ја освои пол-позицијата со време од 1.18.792.
Зад него беа двајца возачи на Мекларен, Ландо Норис на второто место и Оскар Пјастри на третото место.
Четвртата и петтата позиција ги зазедоа адутите на домашната публика, односно дуото на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон.
Сепак, поради казната, Хамилтон ќе стартува од десеттото место.
Пва значи дека третиот ред им припадна на пилотите на Мерцедес Џорџ Расел, Андреа Кими Антонели. Зад нив се Габриел Бортолето (Кикс Заубер), Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Јуки Цунода (Ред Бул).
Трката за Големата награда на Италија се вози в недела од 15 часот.
Foto/ EPA