Македонија
Болните од цистична фиброза ќе чекаат законски измени за да го добијат лекот

Болните од цистична фиброза, на кои им е потребен лекот „трикафта“, ќе чекаат измена на законите за тој да биде набавен директно од производителот поради тоа што е скап. Во меѓувреме, ќе се стапи во контакт со фирмата што го произведува. Ова е констатацијата од средбата помеѓу министерот за здравство, Беким Сали, и министерот за финансии, Фатмир Бесими.
„Ние како задолжени за координација на ова прашање имаме констатација која јасно треба да ја пренесеме. Тоа е дека ќе наоѓаме решение за лекот да се набави за тие што имаат потреба. Ќе се наоѓаат начини да се обезбеди на најсоодветен начин, тоа е директно од производителот бидејќи е скап лек. Во однос на средствата за обезбедување на овој лек, ние разгледувавме можности, што формално се процесира, ќе има потреба од одредени законски измени за да се обезбеди лекот директно од производителот. Тоа ќе биде пред Владата и Собранието, со препорака измените бргу да поминат за да се набави лекот. Тие се констатациите. Колку и како ќе се набави, ќе кажат лекарите“, рече Бесими.
Македонија е единствена земја во регионот која не ја обезбедува терапијата што ја бараат пациентите со цистична фиброза. Лекот „трикафта“ се дава во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора.
Болните од цистична фиброза одржаа и протест со барање да се набави лекот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на блокот згради од булеварот Партизански Одреди бр.17, кон улицата Максим Горки, општина Центар.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 20 степени

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Во среда ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ одат во втор круг за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Левица имаат најмногу гласови и во Советот

Кандидатите за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ ќе се соочат во вториот круг од локалните избори што ќе се одржи на 2 ноември.
Според податоците на Државната изборна комисија, од пребројани 91 отсто од гласовите, во водство е Орце Ѓорѓиевски со 36,62 отсто, односно 82.155 гласови, а зад него е Мециновиќ со 13,35 проценти, односно 27.686 гласови.
Зад нив е Башким Бакиу од „Влен“ со 12,15 отсто, Каја Шукова од СДСМ со 11,52 отсто и Скендер Реџепи од ДУИ до 11 отсто од пребројаните гласови.
ВМРО-ДПМНЕ и Левица доминираат и во Советот на Град Скопје. Според официјалните податоци од ДИК, ВМРО-ДПМНЕ во Советот има 35,46 отсто од гласовите, а зад нив е Левица со 12,04 проценти.