Црна хроника
Две лица повредени во сообраќајна несреќа во скопската населба Илинден

Две лица се повредени, меѓу нив еден малолетник, во сообраќајната несреќа помеѓу возила во општина Илинден.
Имено, вчера, во 14.40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с. Кадино кон с. Бунарџик, општина Илинден, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел астра“, управувано од М. Ј. (42) од с. Марино, општина Илинден, и патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од С. М. (65) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот М. Ј., а телесни повреди добил малолетен сопатник од истото возило, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Моторџија без дозвола удри 10-годишно девојче на „Џон Кенеди“

33-годишен скопјанец, возач на моторцикл „Пиаџо Беверли“ со скопски таблички, удрил 10-годишно девојче кое се здобило со тешка телесна повреда – скршеница, информира Основното јавно обвинителство Скопје.
Според обвинителството, возачот управувал со моторциклот без заштитен шлем и без да поседува соодветна возачка дозвола за таа категорија возила.
Несреќата се случила на улицата „Џон Кенеди“, пред влезот на основното училиште „Васил Главинов“, каде што девојчето го преминувало коловозот на обележаниот пешачки премин. Наместо да запре и да им даде предност на пешаците, возачот со предниот десен дел од моторциклот удрил во телото на девојчето.
„Осомничениот како учесник во сообраќајот на јавните патишта не се придржувал кон прописите, со што го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност телото на луѓето“, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.
За да се обезбеди присуство на осомничениот во текот на постапката, јавниот обвинител предложи мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за повремено јавување кај службено лице во судот, како и привремено одземање на патната исправа. Судот ги прифати предложените мерки.
Црна хроника
Мајка му помагала на синот да криумчари мигранти, Судот им одреди притвор

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против четири лица од Гевгелија – Д.Т. (32), У.К. (24), Л.А. и В.Т. (50) – поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, информираше Министерството за внатрешни работи.
Според официјалните информации, на 17 април 2025 година, првопријавениот Д.Т. на подрачјето на Гевгелија прифатил четири лица мигранти, меѓу кои и дете од Кина, и ги предал на второпријавениот У.К. Во меѓувреме, третопријавената Л.А., мајка на првопријавениот, преку телефон ги известувала за движењето на полициските патроли за да им овозможи непречено криумчарење.
„Од Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, на првопријавениот и второпријавениот им беше изречена мерка притвор во траење од 30 дена, додека третопријавената доби мерка домашен притвор во траење од 30 дена“, соопштија од МВР.
Истрагата продолжува за целосно расветлување на случајот.
Црна хроника
Охриѓанец трага по сопругата, пријавил во полиција

На 25 април 2025 година, во 20:50 часот, во СВР Охрид беше пријавено исчезнување на 26-годишната М.К. од Охрид. Според информациите од полицијата, нејзиниот сопруг М.К. (38) пријавил дека таа се оддалечила од нивниот семеен дом.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, а истрагата е во тек.
Полицијата апелира до граѓаните доколку имаат било какви информации поврзани со исчезнатата М.К. веднаш да ги пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 192.