Македонија
(Видео) Сведок на Рашковски: Од Кабинетот на Зеќири даваа насоки како да се одговори на барања за документи

Зорица Стојановиќ, вработена во Владата, сведочеше во случајот „Софтвери“, каде што обвинет е Драги Рашковски. Таа работела како помошник-раководител на Секторот за правни работи во моментите кога обвинителката Ивана Трајчева прибавувала докази за случајот. Рашковски ја прашуваше Стојановиќ за дописите што ги изготвувала, а потоа биле испратени до Трајчева. Таа објасни како течело давањето на одговорите. Рече дека тогашниот генерален секретар Мухамед Зеќири, односно неговиот Кабинет, давал насоки за одговори.
„Претпоставувам дека ова е дадено по насоки на Кабинетот на генералниот секретар. Сите барања пристигнуваа таму. На почетокот и лично доаѓаа истражители. Насоките доаѓаа од Кабинетот на генералниот секретар. Барањата беа во кабинетот, кажуваа какво барање стигнува, па ми даваа насоки како да се одговори или дека треба документи од други сектори“, рече Зорица Стојановиќ.
„Значи, вие сте добиле насоки: Зорица, напиши дека го нема ова“, ѝ рече Рашковски, а сведокот одговори: „Да, претпоставувам Кабинетот истражувал претходно“.
За документ доставен до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, сведокот Стојановиќ рече: „Не се сеќавам, не гледам овде мое име. Јас обично го ставам моето име на дописите што ги подготвувам. Некогаш и други колеги ги подготвуваа дописите“, на што Рашковски врати: „Тогаш не можам да ви поставам прашање“.
„Во дописите што ги испраќате велите: ‘Не располагаме со одлуката на Владата на РСМ за набавка на софтвер за определување просечна брзина и определување казна’. Кажете ни зошто го дадовте одговорот?“, праша Рашковски.
„Мислам дека знам што сака да праша. Кога ОЈО ги доставуваше прашањата, бараше информација дали Владата разгледувала информација, одлука, заклучок.. Има одлука за набавка од Генералниот секретаријат. Владата како колективно тело не носи одлука за набавка. Може да разгледа информација и да задолжи да набави тоа и тоа“, одговори Стојановиќ.
Рашковски на рочиштето ги оспорува документите доставени од Генералниот секретаријат и Мухамед Зеќири, а кои се користат за негово гонење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Со 43 штеки цигари тројца наши државјани сакале да летаат за Лондон, Царината им ги заплени

Тројца македонски државјани се фатени на Меѓународниот аеродром Скопје со 43 штеки цигари, дел со, а дел без акцизни маркици, сокриени во нивните куфери. Цигарите биле откриени при контрола со рентген, непосредно пред патниците да се качат на лет за Лондон.
Ова е само дел од серијата заплени што Царинската управа ги изврши во текот на изминатата недела, при засилени контроли на граничните премини и терминали низ државата.
Запленети се 15.603 литри средство за стакла за возила откриени на граничниот премин Блаце, во камион на влез во државата, без да бидат пријавени во царинските документи.
410 пара патики со ознаки на заштитена трговска марка се задржани на излез од државата, поради сомневање за фалсификат. Стоката потекнува од Турција и била наменета за фирма од Косово.
Во два случаи на граничниот премин Табановце се откриени 23 автоделови меѓу кои употребувани гуми, алуминиумски бандажи, вентилатори и ремени за товарни возила.
39.5 килограми кафе се пронајдени во автобус на влез во државата, спакувани во 36 пакувања по 1 килограм и 14 пакувања по 250 грама.
Во кабина на камион во пределот на горниот кревет се откриени и запленети 69 парчиња облека односно дуксери, панталони, маици, фармерки и тренерки.
Цариниците открија и два користени велосипеди во багажник на автомобил на Табановце, 44 кружни ножеви за циркуларна пила се најдени во автобус под седиштата на патниците, а на граничниот премин Делчево се запленети бугарски регистарски таблици и сообраќајни дозволи за возило кое било раходувано и без платени давачки.
Царинската управа информира дека мобилните тимови и службениците од граничните царински испостави откриле и спречиле повеќе прекршочни дела, и најавуваат продолжување на засилените контроли.
Институцијата апелира до граѓаните и фирмите да ги почитуваат законските прописи при увоз, извоз и транспорт на стока, со цел да се заштити економскиот систем и јавната безбедност.
Македонија
Грижата за пензионерите е приоритет оти дали е добра општината се мери по тоа како се грижи за своите највозрасни, вели Меџити

Kандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, го посети Здружението на пензионери. Се сретна со нивните претставници кои имаат назаменлив придонес во изградбата на општеството.
„Оваа посета има посебно значење за мене. Не сум тука само да слушам, туку да покажам дека ветувањата се реализираат“, рече Меџити и укажа на важноста на конкретната поддршка за возрасните лица.
Во рамките на посетата, тој информираше дека Здружението на пензионери веќе користи дополнителен простор за дневни активности, како дел од заложбите оваа категорија граѓани да биде поактивно вклучена во општествениот живот.
Меџити потсети дека во текот на оваа година, поддршката од Владата за пензионерите е видлива, со зголемување на пензиите како директна мерка за подобрување на економската сигурност на повозрасните граѓани.
Од 1 октомври е реализирано ново зголемување, а со најавеното зголемување во март, пензионерите ќе добијат вкупно 7.000 денари покачување, што претставува значаен чекор кон подобрување на нивниот животен стандард.
„Грижата за пензионерите е клучен дел од мојата политичка програма. Ќе продолжиме да инвестираме во просториите, услугите и благосостојбата на пензионерите. Зашто една добра општина се мери и по тоа како се грижи за
своите највозрасни“, рече Меџити.
Македонија
Левица: Премиере, наместо манипулации за Левица, објаснете зошто не покренувате постапка против Заев и како го амнестиравте Груби

Политичката партија Левица преку соопштение до медиумите му постави неколку прашања на премиерот Христијан Мицкоски.
„Нѐ радува што најголемиот кошмар на корумпираните елити, меѓу кои и самиот премиер Христијан Мицкоски, е токму Левица. До таа мера сме им трн во око, што нивните партиски митинзи започнуваат со повторување на лажни и шизофрени тези насочени против нас. Премиерот, кој треба да претставува државнички капацитет и стабилност, секојдневно ја дискредитира својата функција со контрадикторни изјави – наутро тврди дека Левица е во коалиција со ДУИ, а навечер дека токму ДУИ со своето негласање придонеле за забрана за рекламирање на Левица.
Секој рационален човек гледа дека Левица никогаш не била и нема да биде во коалиција со било која партија. Постојат само две страни – Левица и народот, наспроти криминогените партиски картели.
Во обид за политички маркетинг, Мицкоски продолжува со своето себепонижување во име на коалицискиот партнер ВРЕДИ. На митинг на ВМРО-ДПМНЕ ги бранеше и повикуваше своите членови да гласаат за кадрите на ВРЕДИ, претставувајќи го како најголемо зло тоа што Левица има кандидати во Тетово, Струга и Гостивар, градови кои ВМРО и СДСМ одамна ги избришаа од мапата на Македонија.
Премиере, кога ветувавте дека ќе го вратите достоинството на народот – ова ли го имавте на ум? Да ги терате сопствените членови да гласаат за луѓе кои јавно пропагираат соништа за Македонија како втора албанска држава, а во име на тие соништа жестоко ја напаѓате Левица?
Да потсетиме, кога се собра мнозинство за изгласување недоверба на владата на Заев, на таа маса седеше и Левица. Додека ние го баравме „исчезнатиот“ пратеник поради кој таа влада не падна, Вие објавувавте слики како вадите масно ткиво. Сега, кога сте на власт, зошто во име на бизнисите не покренавте ниту една постапка против Заев, додека тој гради раскош во Дубаи?
А речиси една година по исценираното бегство на Артан Груби, јавноста сè уште чека одговори. До