Свет
Болниците во Сирија полни со повредени по земјотресот

Болниците во Сирија се преполни со повредени во земјотресот што рано утринава ја погоди Турција, а кој се почувствува и во Сирија, соопшти Сириско-американското медицинско друштво (САМС).
„Постои итна потреба од средства и сеопфатен итен одговор“, се вели во соопштението на хуманитарната организација, пренесува турскиот Си-ен-ен.
Се вели дека многу болници се полни, а некои објекти, вклучително и болницата „Ал Дана“, мораа да ги евакуираат пациентите по претрпените сериозни штети од земјотресот.
Исто така, породилиштето во Идлеб беше принудено да ги префрли сите новороденчиња во блиската болница.
Претседателот на САМС, Амјад Рас, рече дека организацијата прифаќа жртви.
Земјотрес со јачина од 7,8 степени ја погоди Турција рано утринава, а беше почувствуван и во Сирија.
Спасувачите соопштија дека во земјотресот утринава во деловите на Сирија, кои се под контрола на опозицијата, загинале десетици луѓе, а стотици се повредени.
Членови на невладината организација „Бели шлемови“ потврдија дека во земјотресот се повредени неколку стотици луѓе, дека има десетици загинати и дека голем број останале на улица, без покрив над главата, во студеното зимско време, пренесува „Ројтерс“.
Државните медиуми претходно објавија дека загинале 237 луѓе, бројка за која се верува дека важи само за областите контролирани од владата.
Бројот на загинати во пограничната област меѓу Турција и Сирија се зголеми на 284, соопшти потпретседателот Фаут Октај.
Според него, повредени се 2.323 лица, објави претходно „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Авион на „Рајанер“ удри во ограда на грчки аеродром, оштетено крилото

Авион „Боинг 737 MAX 8-200“ на „Рајанер“ претрпел оштетување на врвот на десното крило откако удрил во заштитна ограда при движењето на аеродром во Грција. Нема повредени патници или членови на екипажот, а авионот оттогаш е вратен во употреба.
Летот ФР6080 на „Рајанер“ полетал од аеродромот „Станстед“ во Лондон вчера во 9 часот наутро. Иако патниците пријавиле дека доживеале турбуленции за време на летот, авионот безбедно слета на меѓународниот аеродром „Каламата“ во 14:24 часот по локално време.
Ryanair flight FR6080 Right winglet hit a fence at Kalamata airport in Greece during taxiing after landing.
The Boeing 737 aircraft had arrived from London Stansted when the incident happened.
Ryanair spokesperson said the aircraft had landed safely, but as it taxied, "the… pic.twitter.com/4cKoHi5Pk8
— FL360aero (@fl360aero) June 19, 2025
По слетувањето на јужната писта, авионот скршнал од пистата кон платформата. За време на движењето, неговото десно крило удрило во црвено-бела заштитна ограда и застанало. Фотографиите објавени на интернет покажуваат дека долниот дел од закрилата виси лабаво, делумно одвоен од остатокот од структурата.
Свет
Ирански нуклеарен научник убиен во напад во Техеран, тврдат израелските медиуми

Ирански нуклеарен научник е убиен во напад во Техеран, објавија израелските медиуми.
Нападот, според државната телевизија „Кан“ и други локални извори, се случил во иранската престолнина.
Ни Техеран ни Тел Авив сè уште официјално не ги коментирал тврдењата, но Израел и претходно, за време на конфликтот, нападна нуклеарни научници.
Свет
Макрон: Нападите врз цивилите и инфраструктурата мора да престанат, Иран мора да се врати на преговорите

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нападите врз цивили и цивилна инфраструктура во тековниот конфликт меѓу Израел и Иран мора да престанат.
Макрон ја даде изјавата пред новинарите по пристигнувањето на аеромитинг во близина на Париз.
„Франција со денови има јасна и едноставна позиција: нема оправдување за напади врз енергетски објекти и цивили“, рече Макрон.
Тој додаде дека Иран мора да ја покаже својата подготвеност да се врати на преговарачката маса.