Македонија
Алијансата за Албанците за дијалогот Косово – Србија: Решенијата засновани на шовинистичките барања на Белград опасен преседан за регионалната стабилност

Алијансата за Албанците, како што соопштуваат од таму, „безрезервно ги поддржува условите што јавно ги изнесе премиерот на Република Косово, Албин Курти, во рамките на дијалогот Косово – Србија со посредство на Европската Унија и поддржан од САД“.
Оценуваме, додаваат од партијата, дека здружувањето на општините со српско мнозинство не може да биде моноетничко и дека мора да биде во целосна согласност со правно-уставниот поредок на Република Косово и со одлуката на Уставниот суд од 23 декември 2015 година.
„Малцинствата во Република Косово уживаат загарантирани права според највисоките европски стандарди со пософистицирани механизми за заштита од која било друга земја во регионот. Секое решение кое би се засновало на шовинистичките барања на Белград би создало опасен преседан за регионалната стабилност зголемувајќи ги апетитите на разните националистички кругови во кревко време за Западен Балкан кога целиот политички капитал на повеќето земји во регионот е фокусиран на исклучување од Русија и заживување на проширувањето на ЕУ“, се истакнува во соопштението од оваа партија.
Бараме, додаваат од Алијансата за Албанците, зголемување на мобилизацијата од меѓународните партнери за постигнување правно обврзувачки договор, со заемно признавање во центарот и според роковите од европскиот план за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка се уште е активна забраната за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема (ланци).
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар од 09.04.2025 година(Среда), ќе се врши реконструкција на дилатациони спојки на дел од автопатот Неготино-Велес (клучка Неготино), каде сообраќајот ќе се одвива во една сообраќајна лента во правец од Неготино кон Велес во времетраење од 15 дена, соопшти АМСМ.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје

Од денеска до 11 април во официјална посета на Македонија ќе присуствува Н.Е. Уршка Клакочар Зупанчиќ, Претседател на државниот збор на Словенија.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– 09:00 до 11:00 часот, корисниците од С.Чајлане (Општина Сарај);
· Oд 09:30 до 11:00 часот, дел од ул 2 .(Општина Сопиште).
· Oд 09:30 до 11:00 часот, дел од ул 4 .(Општина Сопиште)
· Oд 09:30 до 14:00 часот Рилски Конгрес, Славејско Арсов Христо Чернопов.(Општина Центар)
– Oд 12:30 до 14:30 часот Дел од корисниците на ул. Мечкин Камен ул.Петко Јанчевски од бр.32 до бр,60(Општина Ѓорче Петров)