Македонија
(Видео) Пендаровски: Роденденот на Гоце Делчев беше искористен за кревање тензии од другата страна
Се влошуваат односите со Бугарија. Роденденот на Гоце Делчев сосема непотребно беше искористен за кревање тензии од другата страна, изјави претседателот Стево Пендаровски.
Оцени дека Македонија 100 проценти го положи испитот и на 4 февруари покажа како треба да се одбележи голем настан.
Сите што сакаа да присуствуваат беа добредојдени, но оние што се обидоа да ја нападнат полицијата заработија прекршочни пријави и депортација. Секоја европска држава го прави тоа на идентичен начин, рече Пендаровски и додаде: нека се јави некој да каже дека се пријавил да присуствува, а не бил примен.
Претседателот нагласи и дека она што го прават Бугарите од Македонија во Брисел и Софија не е ништо ново, а во врска со поплаките за нарушување на нивните права.
„Иако беа примени и од мене и од другите власти, иако според сите меѓународни норми државјаните во Северна Македонија треба да ги барат своите права ако мислат дека им се загрозени од македонските институциите… тие го избраа погрешниот пат. Тоа не значи дека нема да ги сервисираме нивните потреби, но мислам дека попусто го губат своето време барајќи помош во европските институции, судот во Стразбур, а претходно да не го објаснат нивниот проблем во Скопје“, додаде Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

