Свет
Поранешниот советник на Зеленски: Сè оди кон корејско сценарио

Алексеј Арестович, поранешен советник на претседателот на Украина, смета дека по завршувањето на борбените операции во Украина, можно е сценариото со двете Кореи, пренесуваат медиумите.
Според него, конфликтот може да не заврши како што очекува Киев, а постои можност Украина да не си ги врати териториите.
„Што ќе се случи со општеството кое имаше преголеми очекувања, а ќе добие условени нови договори од Минск? Оваа пролет на неисполнети очекувања ќе нè погоди толку силно – и морално и на сите други начини, што, едноставно, ќе бидеме вон себе“, рече Арестович.
Како што додаде тој, крајот на конфликтот можеби нема да ги оправда очекувањата на Украинците не затоа што „подмолните Американци не обезбедуваат оружје или ја одложуваат испораката“, туку затоа што, според Арестович, „за успех се потребни 400.000 добро обучени војници со оружје на НАТО, кое ќе ослободи територии“.
Тој посочи дека Киев нема толкава сила, ниту ќе има в година.
Арестович заклучува дека Западот останува „да ја формира Јужна Кореја со гаранции“.
На почетокот на јануари секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Алексеј Данилов, тврдеше дека Русија има намера да ѝ предложи корејско сценарио на Украина за решавање на конфликтот.
Сепак, Кремљ ги негира неговите наводи.
Инаку, демилитаризираната зона, што ги дели Северна и Јужна Кореја, беше поставена таму по потпишувањето на договорот за примирје во 1953 година кога беа прекинати воените дејства на Корејскиот Полуостров, кои беа во тек од 1950 година.
Северна и Јужна Кореја сè уште немаат склучено мировен договор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Патниците врескаа од страв откако силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим, принудувајќи го пилотот итно да слета.
Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции на летот од Аликанте до аеродромот во Рим.
Turbulence caught on camera today on a Wizz Air flight from Alicante to Rome, forcing a diversion to Bologna.pic.twitter.com/sbLjXUp1DH
— The Age Of Genz (@TheAgeOfGenZ) August 21, 2025
Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.
Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.
Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.
По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Слетал таму во 3:53 часот наутро, речиси три часа откако требаше да пристигне во италијанската престолнина.
Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.
Регион
(Видео) Вучиќ рече „ќе ги намалиме потрошувачките кредити“, а потоа замолчи и ја смени темата

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера од Палатата на Србија презентираше нов пакет економски мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Мерките, кои тој ги нарече „чудесни“, вклучуваат ограничување на маржите на најголемите малопродажни синџири за 3.000 производи и намалување на каматните стапки на готовинските и потрошувачките кредити.
„Дали знаете што се потрошувачки кредити? Кога ви треба кредит за огревно дрво, за зима итн. Малкумина користат потрошувачки кредити. Но, ние ќе ги намалиме потрошувачките кредити…“, рече Вучиќ, по што замолчи седум секунди.
„Прво ќе зборувам за готовинските кредити бидејќи се подобри и поважни“, рече тој потоа, прекинувајќи ја тишината и менувајќи ја темата.
Ovo ko kad je Lune Šćekić polagao poslednji ispit🤡 pic.twitter.com/mueYmtkNJu
— Суки (@doktorzakrave) August 24, 2025
Вучиќ двапати ги опомена новинарите кои се смееја за време на конференцијата.
„Немам ништо против вас од медиумите ако најдете нешто смешно, но ве молам да покажете основно почитување кон местото каде што се наоѓате“, рече тој.
Дополнително, тој им покажа на камерите корпи со разни производи чии цени треба да бидат пониски. „Ова се силни и значајни мерки што ќе ја зголемат вкупната потрошувачка и ќе им користат на обичните, посиромашни луѓе“, нагласи тој.
фото: принтскрин
Свет
Виетнам се подготвува за моќен тајфун, ги затвора училиштата и аеродромите

Виетнам ги затвори аеродромите и училиштата и започна масовни евакуации додека се подготвува за најсилната бура оваа година. Се очекува тајфунот Каџики, со ветрови до 166 км/ч на море, да стигне до копното денеска попладне, објави Ројтерс.
„Ова е исклучително опасна и брзо движечка бура“, соопшти владата вчера вечер, предупредувајќи дека Каџики ќе донесе обилни дождови, поплави и лизгање на земјиштето.
Со својата долга крајбрежна линија свртена кон Јужното Кинеско Море, Виетнам е особено ранлив на бури кои често одземаат животи и предизвикуваат катастрофални поплави и лизгање на земјиштето. Се очекува Каџики да ги погоди помалку индустријализираните провинции во споредба со областа каде што минатогодишниот тајфун Јаги уби околу 300 луѓе и предизвика штета од околу 2,8 милијарди евра.
Прогнозите покажуваат дека тајфунот потоа ќе се движи кон внатрешноста на Лаос и северен Тајланд.
Виетнамските власти соопштија дека денес околу 30.000 луѓе се евакуирани од крајбрежните области. Повеќе од 16.500 војници и 107.000 паравоени трупи се мобилизирани за да помогнат во евакуацијата и се во подготвеност за операции за пребарување и спасување, се вели во соопштението на владата.
Властите вчера објавија дека ќе мора да евакуираат повеќе од половина милион луѓе и им наредија на сите бродови да останат во пристаништето.
фото: принтскрин