Македонија
Општина Аеродром ќе донира средства за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија
Општина Аеродром ќе донира парични средства за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.
Градоначалникот Тимчо Муцунски на својата фејсбук-страница информира дека в среда, на редовната седница на Советот на Општина Аеродром, ќе биде донесена одлуката со која ќе се обезбедат потребните средства за помош на погодените од земјотресот во Турција и Сирија.
„На моја иницијатива, а во координација со претседателот на Советот, Дејан Митески, в среда ќе се одржи седница на Советот на Општина Аеродром, на која ќе биде донесена одлука за обезбедување средства од буџетот на Општината. Средствата ќе бидат донирани за семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија“, напиша Муцунски на „Фејсбук“.
Во текот на вчерашниот ден градоначалникот Муцунски исто така оствари и телефонски разговор со амбасадорот на Турција во Македонија, при што упати длабоко сочувство до турскиот народ и посака што побргу животот во погодените градови да се врати во нормала. Во рамките на телефонскиот разговор Муцунски ја истакна подготвеноста на Општина Аеродром за поддршка и помош во следниот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.
Македонија
Мисајловски во Брисел: Македонија со НАТО-сојузниците за инвестициите и безбедносните приоритети
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денес ќе учествува на состанокот на ниво министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралство Белгија.
Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на днешениот останок ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици.

