Спорт
Легендарните изјави на Ќиро Блажевиќ: Нека дојде Мурињо од Травник до врвот…
Почина Мирослав Ќиро Блажевиќ. Легендарниот фудбалски тренер и поранешен селектор на хрватската репрезентација почина на 88-годишна возраст по долга борба со ракот.
Болеста првпат му беше дијагностицирана во 2011 година, двапати ја победи, но третиот пат, за жал, не успеа. За два дена требаше да го прослави својот 88 роденден. Ова се дел од изјавите по кои ќе остане запаметен.
Зошто е најдобар тренер во светот?
„Велам дека сум подобар тренер од Капело. Потоа ме прашуваат: „Како тоа? Па, ако Капело или Мурињо се родија во Травник, ќе дојдеа до Турбет (место до Травник). Нека одат од Травник на фудбалскиот врв, ајде ако можат“.
За Батистута пред мечот против Аргентина на Светското првенство во 1998 година
„Ниту Звоне (Бобан) ниту јас не би го дале Шукер за десет како Батистута. Да ти е*ам Батистута.“
По заминувањето во Швајцарија, тој работеше како чистач, а осум години подоцна стана селектор на оваа земја. Го прашаа дали очекувал да стане селектор од чистач?
„Кога еден шовинистички новинар ме праша дали очекувам да станам селектор од чистач, не негирав дека сум чистач иако тогаш возев Јагуар, а бев облечен во облека од познати креатори. Му одговорив: Кога бев метач не мислев дека ќе бидам селектор. Бев сигурен во тоа, будало.“
Зошто животот го дефинира како мали задоволства и големи разочарувања?
„Слушаш… За малку ќе ме расплачеше, бидејќи тоа е најголемата вистина. Бев шампион и го освоив Купот. Бев селектор на пет репрезентации. И сето тоа се големи задоволства. А уште поголемо разочарување е кога сте на улица. Кога ѓубрињата ќе те исфрат, а ти одиш по тротоарот и се прашуваш: „Боже, дали некој друг ќе ме вработи?“ Па, тоа се разочарувањата кои целосно ја камуфлираат радоста што ја имате кога сте биле шампиони“.
Порака до младите
„Тие мора да знаат како да работат на себе за да го обезбедат она што е најважно бидејќи сите велат – здравје. А Ќиро вели: „Да, здравје… Но, и најздравиот без пари е веќе болен“. Кога немам пари, психички сум болен. Мора да работите на себе за да можете да го обезбедите своето постоење. Мора да работите напорно за да заработите пари.“
Среќа и разочарување
„Среќата никогаш не може да биде толку голема кога победувате колку што е разочарувањето кога губите.“
Седум фактори за успех
„Постои формула составена од седум фактори: талент, мотивација, карактер, спортска интелигенција, средина, тренинг и, конечно, среќа. Сите овие фактори се важни. Во мојот случај, социјалната мотивација се покажува како најголема. Претходно, можеби, тој елемент беше доволен, но не се забележуваше колку е важна околината.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити ги декласира „милионерите“, Осимен со хет-трик во Амстердам, Самарџиќ во 90-та минута го шокира Марсеј
Европските великани, Ајакс и Бенфика се единствените екипи без освоен бод по првите четири кола во Лигата на шампионите. По вечерашните натпревари, Интер им се приклучи на Баерн и Арсенал, како тим со максимален учинок. Покрај спектакуларниот меч во Бриж, вечерта ја обележа убедливата победа на Манчестер сити над Борусија Дортмунд, хет-трикот на Виктор Осимен против Ајакс и голот на Лазар Самарџиќ во 9-та минута со која Аталанта победи во Марсеј.
Резултати:
Пафос – Виљареал 1:0 (0:0)
/Лукасен 46/
Карабаг – Челзи 2:2 (2:1)
/Андраде 29, Јанковиќ 39П – Естевао 16, Гарначо 52/
Ајакс – Галатасарај 0:3
/Осимен 59, 66П, 78П/
Бенфика – Леверкузен 0:1
/Шик 65/
Клуб Бриж – Барселона 3:3
/Тресолди 6, Форбс 17, 64 – Торес 8, Јамал 61, Циолис 77АГ/
Интер – Каират 2:1
/Мартинез 45, Аугусто 67 – Арад 56/
Манчестер сити – Борусија Д. 4:1
/Фоден 22, 57, Халанд 29, Шерки 90+1 – Антон 72/
Њукасл – Атлетик Билбао 2:0
/Брн 11, Жоелингтон 49/
Марсеј – Аталанта 0:1
/Самарџиќ 90/
Спорт
(Видео) Барселона избегна пораз кај Клуб Бриж
Клуб Бриж и Барселона ремизираа 3:3 во спектакуларен меч одигран во 4.коло, во Лигата на шампионите. Барселона три пати се враќаше по водството на домашните, на крајот и ВАР беше на страната на Каталонците.
Клуб Бриж го отвори натпреварот совршено. Веќе во 6-та минута, Карлос Форбс прецизно го проигра Никол Тресолди, кој ја погоди мрежата и им донесе водство на Белгијците од 1:0.
Сепак, Барселона брзо возврати. Во 8-та минута, по одлична акција, Фермин Лопес му асистираше на Феран Торес.
Нова предност на Бриж му донесе во 17-та минута. Карлос Форбс совршени реализираше контра напад.
Барселона повторно израмни во 61-та минута. Акција како на плејстејш, Фермин Лопес мајсторски го проигра Ламин Јамал погоди за 2:2.
Само три минути подоцна, Клуб Бриж повторно поведе. Ханс Ванакен го пронајде Карлос Форбс во шеснаесетникот, а Португалецот лобуваше Војчех Шчесни.
Бриж три минути доби пенал, но на повик на ВАР собата Ентони Тејлор го поништи.
А потоа, „ладен туш“ за Бриж.
Во 77-та минута, Барселона повторно израмни, Јамал шутираше, Цолис во обид да блокира ја закачи топката која заврши во голот.
До крајот Бриж постигна гол преку Вемант, кој му ја одзеде топката на голманот Шчесни, но Тејлор повторно доби повик од ВАР собата и голот беше поништен.
Спорт
Реал има договор со Упамекано
Францускиот дефанзивец Дајот Упамекано со голема веројатност ќе го напушти Баерн Минхен по завршувањето на сезоната.
Упамекано ќе биде слободен играч по завршувањето на сезоната, поради што има понуди од неколку клубови. Шпанските медиуми тврдат дека тој ќе се пресели во Реал Мадрид, францускиот „Фут Меркато“, оди подалеку и тврди дека Упамекано му дал збор на претседателот на Реал, Флорентино Перез.
„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на Упамекано на 60 милиони евра.
Заедно со Реал, сериозен интерес покажува и ПСЖ, додека Баерн истовремено работи на продолжување и се обидува да го задржи голманот во клубот.
Упамекано пристигна во Баерн во летото 2021 година од Лајпциг, во трансфер од 42,5 милиони евра. Досега има одиграно 166 натпревари за баварскиот тим и освои шест трофеи, по три во Бундеслигата и Купот на Германија. За француската репрезентација одигра 34 натпревари.

