Спорт
Италијанката Басино светска шампионка во супервелеслалом
Италијанската скијачка Марта Басино го направи првото големо изненадување на Светското првенство во алпско скијање, откако го освои златниот медал во женскиот супервелеслалом. На овој начин на Италија и донесе второ злато на шампионатот во Франција, каде пред два дена во алпска комбинација триумфираше Федерика Брињоне.
Басино максимално ги искористи своите велеслаломски вештини за да ја освои титулата во супервелеслалом.
Со задоцнување од 11 стотинки зад победничката, второто место го освои Американката Микаела Шифрин.
На делба на третата позиција место се најдоа претставничките на Норвешка и на Австрија, Каиша Викхоф Ли и Корнелија Хутер, кои завршија со задоцнување од 0,33 секунди зад Басино.
🥇 𝗖𝗔𝗣𝗢𝗟𝗔𝗩𝗢𝗥𝗢 𝗗𝗜 𝗠𝗔𝗥𝗧𝗔 𝗕𝗔𝗦𝗦𝗜𝗡𝗢 🥇
L’azzurra è perfetta, una gara bellissima all’attacco: è campionessa del mondo in SuperG! 😍🎿🇮🇹#EurosportSCI | #FISAlpine | #courchevelmeribel2023 | #Bassino pic.twitter.com/v0MgxC5uPz
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) February 8, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тото Волф го продава својот удел во Мерцедес?
Шефот на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф, наводно е подготвен да продаде дел од својот удел од 33 отсто во тимот, кој се проценува на рекордни пет милијарди евра. Се вели дека Волф, кој ќе остане на своите должности како извршен директор и шеф на тимот, е во напредни разговори со неоткриен купувач за продажба на „средно едноцифрен удел“ во неговата компанија, која поседува акции на Мерцедес.
Портпаролот на тимот Мерцедес во Формула 1 не сакаше да ги коментира овие наводи.
„Управувањето со тимот ќе остане непроменето, а сите три партнери (Мерцедес-Бенц, Тото и ИНЕОС) се целосно посветени на успехот на Мерцедес-Бенц во Формула 1“.
Германскиот автомобилски гигант Мерцедес-Бенц, Волф и британската хемиска компанија ИНЕОС моментално поседуваат по 33% удел во тимот, а британскиот милијардер Џим Ратклиф поседува контролен удел.
Во периодот од 2014 до 2021 година, Мерцедес освои осум титули светски шампионски тим, а Луис Хамилтон беше најдобар во пласманот на возачи седум пати, една титула освои и Нико Розберг.
Тимот е на второто место на три трки до крајот на оваа сезона, во која втората последователна титула светски шампион ја обезбеди Мекларен. На последната трка одржана на патеката Интерлагос во Сао Паоло, возачите на Мерцедес го освоија второто (Кими Антонели) и четвртото место (Џорџ Расел).
Спорт
Анчелоти: Му реков на Ендрик да си замине од Реал Мадрид
Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти, му порача на напаѓачот на реал, Ендрик дека мора сериозно да размисли за својата иднина на „Сантијаго Бернабеу“.
Младиот фудбалер го изгуби местото во ротацијата со доаѓањето на Чаби Алонсо, а откако се рахабилитира од повредата на грбото, има одиграно само 14 минути оваа сезона.
Новинарите беа заинтересирани дали ова ќе влијае врз статусот на Ендрик во националниот тим, особено ако се знае дека летово ќе се игра Светското првенство САД, Канада и Мексико.
„Разговарав со него на почетокот на сезоната. Беше повреден, но сега е добро и мора да размисли со својот тим што е најдобро за него. Нека разговара со клубот и нека види што е најпаметно. Ендрик е млад и ова нема да биде неговото последно Светско првенство. Единственото нешто што е важно е повторно да почне да игра и да покаже што знае“, рече Анчелоти.
Инаку, се погласни се најавите дека Ендрик, во зимскиот преоден рок ќе се преселин на позајмица од Реал во Олимпик Лион.
Спорт
Манчини ќе му биде тренер на Роберто Фирмино
Познатиот италијански тренер Роберто Манчини (60) постигна договор за нова профитабилна работа.
Како што објавува секогаш добро информираниот италијански новинар и инсајдер Фабрицио Романо, неговиот сонародник Роберто Манчини ќе стане нов тренер на Ал Сад, најтрофејниот и најбогат катарски клуб. Двете страни веќе постигнале договор.
„Роберто Манчини утре лета за Доха за да го потпише договорот како нов главен тренер на Ал Сад, договорот е затворен“, објави Фабрицио Романо.
По деветтото коло, Ал Сад е на шестото место на табелата на Катарската лига со 14 бода. Прва ѕвезда на тимот е поранешниот фудбалер на Ливерпул, Бразилецот Роберто Фирмино.
Последниот ангажман на Манчини беше како селектор на Саудиска Арабија, која ја напушти во октомври минатата година.
Пред тоа, тој беше селектор на Италија (ја освои титулата на ЕУРО 2020). За време на неговата богата кариера, тој беше тренер и на Фиорентина, Лацио, Манчестер Сити (им ја донесе првата титула на „Граѓаните“ по 44 години), Галатасарај, Интер и Зенит.

