Забава
Модна блогерка испрати моќна порака на фестивалот во Сан Ремо
Дигиталната кралица Кјара Ферањи испрати моќна порака со новите концептуални фустани, што „Диор“ ги изработи за познатиот италијански музички фестивал во Сан Ремо, коментираат светските шоу-биз медиуми.
По завршувањето на првата вечер на фестивалот, модната блогерка Кјара предизвика дебата на социјалните мрежи поради фустаните што ги носеше на сцената.
Како една од предводниците на манифестацијата, Кјара реши да испрати силна порака против омразата, насилството и сексизмот, пишуваат италијанските медиуми.
Фотографиите од фустаните се проширија на „Твитер“, а Кјара модните креации ги објави и на „Инстаграм“ со објаснување на пораките што сака да ги испрати со нив.
Блогерката напиша: „Чувствував потреба на најпопуларната италијанска сцена со мојата облека да испратам силна порака“. Така, таа првин облече раскошен црн фустан, а преку него носеше бела наметка со натпис Pensati libera, односно ‘Мисли слободно’“.

Најголемо внимание привлече со фустанот што симулира голо тело, изработен од тил во боја на кожа. Кјара вели дека со овој фустан сакала да привлече внимание на правата на жените, на нивните тела и на фактот дека сè уште се дебатира за тоа како жените располагаат со своето тело. Илузијата за голотија, вели таа, имала цел да ги потсети сите на еднаквоста што треба да ја имаат половите.

А третиот фустан предизвика многу коментари на социјалните мрежи. Имено, Кјара, меѓу другите, носеше бел фустан на кој имаше испишано навреди и тролови, кои, како што вели, секојдневно ѝ ги пишуваат под нејзините објави на „Инстаграм“.

Таа нагласи дека со овој фустан сака да порача: секој има право да си го каже своето мислење, но тоа не значи дека се дозволени злоба и мизогинија.
Последниот фустан што го носеше блогерката беше составен од комбинезон заробен во здолниште од тил. Таа објасни дека тоа претставува надеж за кршење на конвенциите наметнати од патријархатот.

Која е Кјара Ферањи? Италијанска блогерка, успешна деловна жена, моден дизајнер и модел. Соработува со модни и козметички брендови. Таа е една од најбогатите и најуспешни модни блогерки во светот, а на „Инстаграм“ ја следат 28,6 милиони луѓе.
Во текот на студирањето отвори блог, на кој објавуваше фотографии направени на разни локации во Милано. Во 2013 година се пресели во Лос Анџелес, а набргу потоа магазинот „Форбс“ ја прогласи за една од топ-30 личности во модната индустрија помлади од 30 години. Шпанското издание на „Вог“ ја стави на својата насловна страница, а на „Харвард“ нејзиниот блог беше искористен како пример на паметно работење во блогерската индустрија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

