Македонија
Претседателот на ЗЕЛС со турскиот амбасадор, во фокусот поддршката за подрачјата зафатени од земјотресот
Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денес имаше средба со амбасадорот на Република Турција во нашата земја, Хасан Мехмет Секизќок.
На средбата присуствуваше и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити, како и неколку претставници од централната власт.
Главна тема на разговорите беше начинот и видот на поддршката што единиците на локалната самоуправа од нашата земја може да ја обезбедат за настраданите од подрачјата зафатени од неодамнешниот катастрофален земјотрес што ја погоди оваа држава, како и Република Сирија.
Беше нагласено дека според утврдените потреби на населението од овие подрачја во Турција и во Сирија засега најпотребни се финансиски средства, што се уплаќаат на отворената сметка на Црвениот крст на Република Северна Македонија за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес.
Во таа насока претседателот на ЗЕЛС, Ѓорѓиевски, уште еднаш упатува апел до сите општински совети и до општините во рамките на своите можности да обезбедат првенствено парична донација, која исто така се уплаќа на оваа отворената сметката на Црвениот крст, ЛИНК: https://ckrm.org.mk/pomosh-na-nastradanoto-naselenie-pogodeno-od-katastrofalniot-zemjotres-vo-turtsija-i-sirija/
Беше посочено дека нема да бидат одбиени и донации во вид на материјални добра, а за нивна достава општините треба да стапат во контакт со локалните организации на Црвениот крст. Притоа утврдена е и соодветна ЛИСТА на бараните материјали (во прилог). Во согласност со добиените насоки од погодените држави беше потенцирано дека користени работи не се прифатливи како донација, а како најпотребни барани материјални средства од страна на настраданите приоритет имаат: шатори, ќебиња и греалки.
Исто така, Ѓорѓиевски апелира до градоначалниците, доколку Црвениот крст утврди дека има потреба од отворање и дополнителни пунктови за донација, освен веќе отворените, општините што поитно да излезат во пресрет на ваквите барања, односно да обезбедат соодветен простор и услови за таа намена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АВМУ со реакција за заканите кон новинарот Александар Видиновски
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува сериозна загриженост за нападите, омаловажувањата и смртните закани упатени кон новинарот на Канал 5 Телевизија, Александар Видиновски, по неговата објава на социјалните мрежи во врска со непрописно паркирани возила на тротоарот пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
„Овие постапки претставуваат директен напад врз безбедноста на новинарите и сериозно загрозување на слободата на изразување и правото на јавноста да биде информирана. Новинарите имаат право и обврска да известуваат за прашања од јавен интерес, без да бидат изложени на притисоци, закани или насилство.
Особено загрижуваат смртните закани, кои претставуваат кривично дело и бараат итно и ефикасно постапување од надлежните институции. Очекуваме институциите со должно внимание да ги разгледаат овие случаи и да обезбедат соодветна заштита, со што ќе придонесат кон јасна и доследна практика дека заканите, говорот на омраза и онлајн насилството кон новинарите се недозволиви“, соопшти АВМУ.
Македонија
650 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 590 за пребрзо возење
Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 650 прекршоци, извести МВР.
Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 36 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 590 прекршоци, а за нерегистрирани возила 24 прекршоци. При тоа изречени се вкупно 61 забрани за управување на моторно возило, информираше Министерството за внатрешни работи.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за безбеден сообраќај на територијата на целата држава“, соопшти МВР.
Македонија
Сиљановска-Давкова во Дубаи се обрати на Глобалниот форум за владини регулативи и правда
Регулативата не е само за контрола, туку станува збор за создавање предвидлив простор каде што општествената доверба може да расте, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, во рамки на Светскиот самит на владите во Дубаи.
Во обраќањето на тема „Законодавството како овозможувач на владеењето на правото“ таа посочи дека наместо да се потпираме на институционален илузионизам и да веруваме дека совршен закон на хартија е крајот на патот, треба да се фокусираме на напорна работа во годините пред нас – да изградиме институции што дишат, што се адаптираат и што им припаѓаат на луѓето.

Го претстави македонскиот случај и посочи дека државата веќе 25 години по потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија, формално и правно се усогласува со Европската Унија, со нејзините институции, правила и регулативи, но и покрај тоа сме меѓу најдолгогодишните кандидати за полноправно членство во Европската Унија.
Но, усогласувањето, според претседателката, не го правиме само заради Брисел, туку и поради фактот што процедурите се гаранција за еднаквост. Кога ги усогласуваме нашите закони со европските стандарди, градиме систем во којшто правилата ја надживуваат власта, рече претседателката, истакнувајќи дека ова е разликата меѓу владеењето на човекот и владеењето на правото.

Посочи дека македонските институции остануваат инклузивни и посочи дека Националната стратегија за развој 2024 ‒ 2044 помага да ги калибрираме политиките и законите.

