Контакт

Македонија

Претрес во домот на сопственикот на порталот “Доказм”, се постапувало по пријави

Објавено пред

Скопското обвинителство повеќе часови прави претрес во домот на Марјан Стаменковски сопственик на интернет порталот „Доказ М“.

dobivaj vesti na viber

Постапувањето на обвинителот е со судско одобрение а поради сомнение дека лицето е сторител на кривични дела.

Според информации на „Макфакс“, скопското обвинителство отворило предистражна постапка откако биле доставени повеќе пријави против него.

„Постапката е во тек, наредбата е од суд, повеќе детали утре“, велат од скопското обвинителство за „Макфакс“.

Засега не е издадена наредба за приведување. За тоа ќе се одлучува откако ќе заврши претресот во домот на Стаменковски.

Македонија

Филипче ја презеде функцијата Претседател на СДСМ: Oсвен темелни промени не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите

Објавено пред

Денеска во седиштето на партијата, Венко Филипче ја презеде функцијата Претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

Ковачевски му честиташе на изборот, му посака понатамошен успех во работата и повторно градење победнички СДСМ.

Филипче се заблагодари на честитките, како и за ангажманот на Ковачевски во изминатите години како претседател на партијата и како премиер на Владата.

Новоибраниот претседател, Венко Филипче посочи дека следи период на многу работа, обединување и реформа на СДСМ.

-Процесот нема да биде ниту брз ниту лесен, но освен темелни промени не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите, за да може постепено да ја освојуваме и довербата кај граѓаните. Ќе водам со пример, ќе обединувам и ќе работам како што ветив, како што се обврзав пред членовите. Сечиј глас ќе биде слушнат. Со честа и отворена комуникација со членството ќе создадеме нова енергија на партијата која ќе ја трансформираме во една ефикасна организација. СДСМ ќе се врати посилна и ќе продолжи да биде мотор на општествениот напредок., рече Филипче.

Филипче убедливо победи на директните внатрепартиски избори со освоени над 9.000 гласа од членовите на партијата. СДСМ е единствена партија во земјата со толку висок демократски капацитет којашто претседаелот го бира на директни, непосредни внатрепартиски избори.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесетмина со истечени договори си одат, Чибишев за нови ќе објави конкурс

Објавено пред

На Токсикологија повеќе нема да работат осумнаесетте лица со истечени договори. Новиот директор на Клиниката, Андон Чибишев најави дека ќе се распише конкусрс и, како што рече, каубојски вработувања веќе нема да има.

dobivaj vesti na viber

Чибишев оцени дека во изминатиот период Клиниката била доведена во ситуација на организациски и кадровски колапс, а тоа во моментов уште повеќе ја отежнува состојбата бидејќи е период на годишни одмори.

„Најголем проблем ни е кадровската екипираност за да одговориме на предизвиците. Во изминатиот период имавме вработено тука 18 лица кои работеа неколку месеци со истечени договори. Тоа внесуваше немир и конфликти меѓу вработените. Се даваа информации дека имаат договори за вработување благодарение на добиена согласност од Министерство за финансии, но таква согласнот не постои“, рече Чибишев.

Образложи дека има документ од април 2024 во којшто пишува дека Министерството за финансии се прогласува за ненадлежно за одлучување за согласност за вработување, бидејќи се бара за време на избори. Истовремено, и антикорупциската комисија ги има оспорено таквите договори, а оспорени се и од Државниот санитарен  инспекторат по две основи. Едниот е дека барањето за вработување се случува за време на избори што е спротивно на одредбите од изборниот законик, а второто е затоа што не се потпишани од двајцата директори.

Рече дека осумаесетте кои работеле на Клиниката биле изманипулурани со лажни ветувања дека ќе бидат вработени, незаконски престојуавле во институцијата со невалидни договори, а што е уште потрагично добивале и плата.

„Исплатена е една и пол плата, со што буџетот на Клиниката е оштетен за околу 650.000 денари. Тоа е значајна сума за нашата институција, секој денар е важен. Целиот случај го документирав и ќе биде процесуиран до надлежните државни институции“, рече Чибишев.

Новиот директор е задоволен од комуникацијата со министерот за здравство, Арбен Таравари, со кој работат на решавање на проблемот со недостатокот од кадар. Рече дека направиле проценка колку кадри им се неопходни за да можат да го преживеат летото.

Недостаток на кадри има на сите нивоа – доктори, сестри, болничари, хигиеничари, лаборанти.

„Ќе ни требаат 15 луѓе од сите профили. Не се примаат доктори. Добар дел од тие кои дојдоа и беа надежни, ја напуштија клиниката. Сведени сме на 15 доктори, процентот на старост е над 50 години. Ни требаат млади, свежи кадри кои можеме да ги обучиме. Некој треба да продолжи да работи и да ја држи институцијата на ниво“, рече Чибишев.

„Уште денес ќе поднесеме барање тоа да се процесуира и да добиеме согласност. Ќе распишеме конкурс, каубојски вработувања веќе нема да има. Ќе се вработуваат сите според законите на оваа држава. Ние ќе процениме кои се најпогодни да функцираат во оваа институција. И биологот исто беше надвор од законот со никаков договор, ја повикавме колешката и направивме договор затоа што според законот за здравствена заштита имам право, без согласност од финансии да правам договори за 1 отсто од вкупниот број вработени. И во тој 1 отсто проценивме дека приоритет е да се прими биологот и од денес функционира на клиниката во рамките на законот“, рече директорот.

 

Тој рече дека не сака да се занимава со минатото и да му помине мандатот на тој начин. Најави дека во наредниот месец треба ќе има поголема контрола од Финансиска полиција, а размислува да ја повика и државната ревизија.

„Не сакам да останат дамки кои ќе ги влечеме. Ќе ги информираме институциите, ако има нешто ќе си постапуваат“, рече Чибишев.

Новото расководство, како што додаде, нема да се занимава на реваншизам и прогон на неистомисленици, туку приориотет ќе биде подобрувањето на условите за работа на пациентите и на персоналот, како и набавката на нова и софистицирана медицинска опрема.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Изјавите на Амбасадорката Агелер го нарушуваат суверенитетот и претставуваат мешање во внатрешните работи на државата“, велат од партијата Левица

Објавено пред

„Третирањето на Македонија како субјект поданички подреден на западниот неоимперијализам предводен од САД, домашните политички вазали го позиционираа како норма на поведение. Неретко слушаме како амбасадорите на некои од земјите членки на ЕУ, а најчесто на т.н. „стратешки партнер“ ја злоупотребуваат својата моќ и влијание и излегувајки надвор од ингеренциите за кои се ополномоштени и акредитирани и грубо се вмешуваат во внатрешните работи на земјава. Влијанието кое го вршат врз политичките одлуки, најчесто, се прави преку повикување на интеграционите процеси или некакви вредности и доаѓаат во фаза на наложување како државата да се однесува по одредени внатрешни и, речиси, севкупни надворешни прашања и интереси“, велат од партијата Левица.

dobivaj vesti na viber

„Вазалската подреденост на СДСМ ги сруши државните позиции по клучните национални прашања и стратешки интереси. За жал, новата власт предводена од ДПМНЕ продолжува да води идентична вазалска политика како нејзините претходници. Изминативе денови имавме прилика да слушнеме неколку изјави на Амбасадорката на САД кои ги нарушуваат националните интереси и позици на државата и на македонскиот народ, но истите не само што не наидоа на соодветна реакција од државната власт и беа игнорирани, туку и добија дополнителен легитимитет со тоа што новите функционери, наместо најавеното „фаќање“ за работа, го „фатија“ патот право во Амбасадата на САД!

Амбасадорите на ниту една земја не смеат да даваат насоки ниту јавно, ниту позади затворени врати, за тоа какви решенија треба да донесуваат нејзините министри или пратеници. Давањето изрични изјави во форма на наредба (па дури и закана), за државните политики е директно вмешување во внатрешните работи. Во една демократска земја, власта суверенитетот го влече од народот, не од странските амбасади!

Ваквиот колонијален менталитет што наѕира уште во првите денови од управувањето со државниот апарат, покажува дека Владата нема да ги спроведува политиките за кои беше избрана, туку ќе ги следи насоките од одредени амбасади што од демократска, нè прави амбасадократска држава.

Освен ова, конкретните изјави на амбасадорката на САД Агелер, не само што го нарушуваат суверенитетот како еден од столбовите на демократскиот поредок во државата, туку и претставуваат директно поткопување на македонските национални интереси, особено ако се земе предвид дека се однесуваат на внатрешното уредување, Уставот како највисок правен акт и македонскиот идентитет.

Левица ги повикува Владата на ДПМНЕ и МНР за секоја ваква изјава да возвратат со соодветна реакција и да не дозволат ова да продолжи како пракса, без разлика за тоа амбасадор на чија земја ја има дадено истата.

Апелираме до секој акредитиран дипломатски кор во земјава да не излегува од ингеренциите предвидени со меѓународното право, да се воздржи од изјави кои го нарушуваат државниот суверенитет или претставуваат какво било мешање во внатрешните работи на Македонија, вклучувајќи ја и амбасадорката на САД – Анџела П. Агелер“, се наведува во соопштението на партијата Левица.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Филипче ја презеде функцијата Претседател на СДСМ: Oсвен темелни промени не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите

Денеска во седиштето на партијата, Венко Филипче ја презеде функцијата Претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски. Ковачевски му...

Македонија12 минути

Нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесетмина со истечени договори си одат, Чибишев за нови ќе објави конкурс

На Токсикологија повеќе нема да работат осумнаесетте лица со истечени договори. Новиот директор на Клиниката, Андон Чибишев најави дека ќе...

Топ25 минути

Тешка сообраќајна несреќа кај граничниот премин Богородица, загина 35-годишник

Денеска во 00.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот од клучка Гевгелија кон Граничниот премин Богородица...

Македонија44 минути

За децата со посебни потреби, кои не може да следат редовна настава, министерката Јаневска најавува општински училишта со ресурсен центар

Тоталната инклузија во образовниот процес на децата со посебни потреби кај нас, министерката за образование, Весна Јаневска, смета дека е...

Македонија55 минути

Дамева: Граѓаните заслужуваат правда, не им е важно кои се членовите или претседателот на Судскиот совет, туку кој судија останува во судница

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева не ја поддржува тезата за колективна одговорност и смета дека индивидуалната одговорност мора да...

Македонија1 час

Јаневска: Волшебно стапче да имаме до септември нема да можеме да обезбедиме учебници за седмо одделение

Ниеден учебник за седмо одделение не е даден на печатење, вели министерката за образование, Весна Јаневска. Иако јавно беше соопштено...

Македонија2 часа

Паднати дрвја, оштетени возила, повредено лице – невремето ги зафати Скопје, Струмица, Битола, Гевлегија, Валандово

ЦУК: 2.381 повици на 112 во последното деноноќие, повеќето за штети и опасности настанати од невремето во Скопско, Струмичко, Битолско,...

Македонија3 часа

Се враќаат оградата околу Владата и Коце Трајановски во политиката – 2016 година никогаш не била поблиску, велат од СДСМ

Според СДСМ, само по неколку владини одклуки и една шака нови функционери, јасно е кој правец го фати ВМРО-ДПМНЕ. Тоа...

Свет3 часа

Лукашенко: Белоруските трупи се во состојба на готовност

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека безбедноста на државната граница е зајакната, а одредени војници се ставени во состојба...

Свет3 часа

Се урна зграда, загинаа најмалку 14 лица во Египет

Најмалку 14 лица загинаа, а шест се повредени при уривање трикатна зграда во јужниот дел на Египет. Инцидентот се случил...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Со платите што досега беа за економските директори ќе се подобруваат здравствените услуги

Владата ги укина економските директори во здравствените установи, парите ќе одат кон подобрување на здравствените услуги, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. На...

Свет4 часа

Бајден за дебатата: Не го слушав мојот персонал, за малку ќе заспиев на сцената

Американскиот претседател Џо Бајден го обвини „џет-легот“ за неговите лоши перформанси на минатонеделната дебата на Си-ен-ен. Тој им рече на...

Македонија4 часа

СДСМ: Нема никогаш да ги прифатиме повиците на лажните патриоти од ЗНАМ, не не плашат ќорците на тројанскиот коњ Максим Димитриевски

Вистинските социјалдемократи кои се борат со срце и со душа за остварување на социјалдемократските вредности нема никогаш да ги прифатат...

Македонија19 часа

Димовски, Пандов, Клековски, Миланов и Трајанов нови директори на пет државни институции

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа втората седница на која се донесоа повеќе одлуки, меѓу кои и одлука...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски ќе ја враќа оградата околу владината зграда

На денешната втора седница, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука да ја врати металната ограда околу владината зграда. Оградата...

Македонија22 часа

Лога: Никој не може да им го забрани на албанските граѓани користењето на нивното национално знаме

Никој не може да им го забрани на албанските граѓани на Северна Македонија користењето на нивното национално знаме, а уште...

Македонија24 часа

Самарас: Мицотакис да стави вето за Албанија, а за Скопје вето на секој чекор и повлекување од преспанскиот договор

Премиерот Киријакос Мицоракис веднаш да ја промени надворешната политика, порача поранешниот грчки премиер, Андонис Самарас. Тој го повика Мицотакис да...

Македонија1 ден

Деспотовски нема да бара апанажа: Ако сме способни за функции и ако сме оставиле чист образ, можеме да се снајдеме понатаму

Досегашниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, кој извести дека утрово поднел оставка од функцијата, вели дека нема да бара апанажа....

Македонија1 ден

(Видео) Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб

Вратено е македонското знаме на врвот Голем Кораб. На социјалните мрежи е објавена снимка од промената на знамето.   View...

Македонија1 ден

Муртезини го помеша евроамбасадорот Дејвид со Ричард Гир, па се пошегува на своја сметка

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, направи гаф кога, наместо евроамбадорот Дејвид Гир, го кажа името на познатиот актер со...