Спорт
Челси на нив потроши 300 милиони евра, на крајот од сезоната ќе го напуштат клубот
Челси на почетокот на ерата на Тод Боли потроши нешто повеќе од 600 милиони евра на нови фудбалери. Во зимскиот преоден рок, клубот потроши околу 350 милиони евра на трансферите на Енцо Фернандез, Михајло Мудрик, Беноа Бадијашил, Мало Густо, Андреј Сантос, Давид Датро Фофана, Жоао Феликс и Нони Мадуеке, а по завршувањето на сезоната во клубот ќе пристигне и Кристијан Нкунку од лајпциг за кого клубот плати 60 милиони евра.
Од овие засилувања, менаџерот Греам Потер, во Лигата на шампионите ќе може да ги користи Фернадез, Мудрик и Феликс, додека во Премиер лигата ќе може да смета на сите играчи.
Челси во претходните два преодни рокови купуваше играчи, што значи дека наредното лето ќе мора да продава.
Според „Дејли мејл“, листата е составена и на неа е цел еден тим. изненадувачки на листата е и Калуду Кулибали кој минатото лето пристигна на „Стенфорд Бриџ“.
Покраг Сенегалецот следната сезона во Челси нема да бидат: Хаким Зијеш, Матео Ковачиќ, Кристијан Пулишиќ, Калум Хадсон-Одои, Ромелу Лукаку кој е позајмен во Интер и Пјер-Емерик Обамејанг.
Со исклучок на Хадсон-Одои кој потекнува од школата на Челси, за трансферите на останатите клубот има издвоено 300 милиони евра.
Покрај набројаните играчи веројатно клубот ќе го напуштат Нголо Канте чии договор истекува по завршувањето на сезоната и Мејсон Маунт, кој е врзан за Челси до јуни 2024 година, но не е задоволен од условите што му ги понуду клубот за да го продолжи договорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Атлетико без најдобриот играч отпатува во Ливерпул

Ливерпул, утре, ќе го пречека Атлетико Мадрид во еден од најпривлечните натпревари во првото коло, во Лигата на шампионите.
„Јорганџиите“ ќе бидат хендикепирани на „Енфилд“, тренерот Диего Чоло Сименоне нема да може да смета на првиот напаѓач, Хулијан Алварез.
За време на викендот против Виљареал, Аргентинецот почувствува непријатност во коленото, беше заменет, а по лекарските прегледи беше одлучено да се одмори и да го прескокне дуелот со шампионите на Англија.
Во негово отсуство, нападот на Атлетико ќе го предводат Антоан Гризман и Александар Серлот.
Атлетико објави дека Тијаго Алмада, Алекс Баена и Хозе Марија Хименез ќе го пропуштат натпреварот со Ливерпул.
Натпреварот во Ливерпул ќе започне во 21:00 часот.
Спорт
Седумте величествени на Карло Анчелоти

Селекторот на Бразил Карло Анчелоти (66) ги избра најдобрите играчи што ги тренирал во својата богата тренерска кариера. Италијанецот избра седум играчи.
Заедно со Модриќ, Анчелоти ги додаде и Бразилците Роналдо Назарио и Кака, кои ги тренираше во Милан, Дидие Дрогба од Брегот на Слоновата Коска, со кого работеше во Челзи, и ѕвездите на Реал Лука Модриќ, Винисиус Жуниор, Тони Крос и Кристијано Роналдо.
Карло Анчелоти е еден од најуспешните и најпочитуваните фудбалски тренери на сите времиња. Неговата тренерска кариера започна во средината на 1990-тите, а преку долгогодишна работа тој ги водеше врвните клубови низ Европа и освои импресивен број трофеи.
Откако ја заврши фудбалската кариера, тој започна како помошник тренер на италијанската репрезентација под водство на Ариго Саки на Светското првенство во 1994 година.
Во раната фаза на самостојната тренерска кариера ги тренираше Реџана, Парма и Јувентус помеѓу 1995 и 2001 година. Кариерата во нагорна линија започна да му се движи кога стана тренер на Милан (2001 – 2009), освои голем број големи трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.
Тој ги водеше германскиот Баерн Минхен, англискиот Челзи (ја освои Премиер лигата и ФА Купот), францускиот Пари Сен Жермен (шампион на Лига 1) и шпанскиот Реал Мадрид, каде што постави рекорди по бројот на освоени трофеи и Лигата на шампионите.
По Реал Мадрид, тој ги тренираше Наполи и Евертон, се врати во Реал, а од јуни 2024 година е селектор тренер на Бразил.
Вкупно, тој освои пет Лиги на шампиони, што е рекорд за тренер. Тој освои лиги во сите пет најдобри европски првенства (Италија, Англија, Франција, Германија, Шпанија).
Три пати го освои Светското клупско првенство на ФИФА. Има пет Суперкупови на УЕФА.
Вкупно, тој освои 15 трофеи со Реал Мадрид, што го прави најтрофеен тренер во историјата на клубот.
Foto/ EPA
Спорт
Аморим доби поддршка од челниците на Манчестер јунајтед

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, вети дека нема да ја менува својата фудбалска филозофија, а клупските челници не планираат да го сменат тренерот, објавија британските медиуми.
„Клубот од Олд Трафорд има долгорочен план и иако постои незадоволство од моменталните резултати, нема да има ненадејни реакции или по секој натпревар да се преиспитува иднината на тренерот, без разлика колку е гласна бучавата однадвор“, објави „Скај Спортс“.
Откако легендарниот Сер Алекс Фергусон го напушти Јунајтед пред 12 години, клубот имаше осум тренери и двајца привремени тренери.
„На Аморим му е потребен добар настап и резултат во претстојниот натпревар против Челзи за време на викендот, во спротивно повиците за негово отпуштање само ќе растат“, пишува „Скај Спортс“.
Во недела на „Етихад“, Јунајтед го загуби дербито на Манчестер против Сити со 0:3.
Со четири бода од првите четири натпревари, Јунајтед го има најлошиот старт во Премиер лигата од сезоната 1992/1993. Тимот беше елиминиран и од Лига купот, со сензационалниот пораз од тимот од четвртата лига Гримсби на пенали.
Минатата сезона, Јунајтед освои најмалку бодови во својата историја во Премиер лигата (42).
Foto/ EPA