Спорт
Пред Суперболот, барање Канзас Сити да го сменат своето име
Пред вечерашниот Супербол во Финикс, големото финале на НФЛ сезоната, во кое ќе се сретнат Канзас Сити чифс и Филаделфија иглс, се очекуваат протести на групите на Домородните Американци (кај нас попознати како Индијанци) поради името на финалистот.
Логото на Чифс (Chiefs), во превод поглавици, е врв од стрела, а нивните фанови имаат препознатлив начин на навивање, таканаречен томахавк-скалп, кој според одредени групи е навредлив и расистички. НФЛ во обид да се зголеми присутноста на домородното американско население, организираше изложби пред финалето и покани танчерска група која го отвори Супер бол викендот.
„Тоа што НФЛ го направи во Феникс со танчерите и уметниците, тоа е прослава на автентичната култура и тоа е прекрасно. Но, во исто време НФЛ дозволува Канзас сити да го користи тоа име во таа понижувачка традиција“, изјави Шер Томас, една од претставничките на домородните организации кои ќе протестираат пред стадионот.
Уште еден НФЛ тим, Вашингтон редскинс (црвенокожци) во јули 2020 го отфрлија своето име и го сменија со Командерс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Покетино си заминува од Челзи
Од Англија пристигнуваат вести дека аргентинскиот тренер Маурисио Покетино ќе го напушти Челзи.
„Сините“ сезоната во Премиер лигата ја завршија на шестото место со 63 бодови.
Со ова изборија пласман во Конференциската лига, што секако не соодветствува со амбициите на клубот.
BREAKING: Mauricio Pochettino is leaving Chelsea as head coach after one season in charge 🚨🔵 pic.twitter.com/8Forlxrsdj
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) May 21, 2024
Особено по огромните инвестиции кои ги имаше Челзи, а Покетино мораше да го плати цехот.
По завршувањето на сезоната, Аргентинецот имаше средба со челниците на клубот и со заедничка одлука беше решено двете страни да се разделат.
Се уште не е познато кој е во плановите на раководството на Челзи за негов наследник.
Спорт
Хезоња за својата иднина: „Немам идеја“
Кошаркарот на Реал Мадрид, Марио Хезоња изјави дека се уште нема поим што ќе се случува со неговата кариера во иднина.
Договорот на хрватскиот кошаркар со „кралскиот клуб“ истекува на крајот од сезоната, па прашање на сите прашања е дали тој ќе остане во Мадрид.
„Немам идеја. Флорентино Перез ми се заканува секој пат кога ќе ме види во трпезаријата дека морам да останам овде. Се надевам дека е така. Сите работиме да биде така“, изјави Хезоња за Ел Мундо.
Грчките медиуми го поврзаа со Панатинаикос, а има навестувања и за други потенцијални дестинации за најдобриот стрелец на Реал.
Хезоња сезонава имаше просек од 13,7 поени и 4,4 скока на 36 натпревари во Евролигата.
Хезоња и Реал во петок се соочуваат со фајналфорот во Евролигата, а во полуфиналето во Берлин ќе играат против Олимпијакос, што ќе биде реприза на ланското финале во кое подобри беа избраниците на Чус Матео.
Спорт
Англија со најголемите ѕвезди ќе настапи на ЕУРО 2024
Селекторот на Англија, герет Саутгејт го објави спискот на фудбалери за ЕУРО 2024. На спискот има 33. фудбалери, што значи дека до почетокот на првенството ќе седуммина од кои еден сигурно ќе биде голман.
На ЕП нема да патува долгогодишниот член на националниот тим, Џордан Хендерсон.
Списокот на Саутгејт:
Голмани: Дин Хендерсон, Џордан Пикфорд, Арон Рамсдејл, Џејмс Трафорд
Одбрана: Џеред Брантвајт, Луис Данк, Џо Гомез, Марк Гуеи, Езри Конса, Хари Мегваер, Лук Шо, Џон Стоунс, Киеран Трипиер, Кајл Вокер.
Среден ред: Трент Александар-Арнолд, Конор Галагер, Кертис Џонс, Коби Мајно, Деклан Рајс, Адам Вартон, Џерод Боувен
Напад: Џуд Белингем, Џерод Бовен, Еберечи Езе, Фил Фоден, Џек Гралиш, Ентони Гордон, Хари Кејн, Џејмс Медисон, Кол Палмер, Букајо Сака, Ајван Тони, Оли Воткинс.
Англија на ЕП е во Ц групата заедно со Данска, Словенија и Србија.