Свет
Авторски текст на нобеловецот Орхан Памук за земјотресот во Турција
„Девојчето со тажен поглед имаше можеби десет или дванаесет години. Загледана во камерата на мобилниот телефон, таа речиси воопшто не се поместуваше. Нејзините движења беа некако тешки. Човекот што го сними видеото, во моментот кога го здогледа девојчето, радосно и возбудено извика: „Има некој тука!“ Има некој тукааа!”
Но, на крикот на човекот со телефонот и вклучената камера нема кој да одговори… Присутни се само тишината и снегот. Тие се на едно место на југоистокот на Турција кое беше срамнето со земја од двата земјотреси.
Човекот со камера сега му приоѓа на девојчето чиишто гради се притиснати од купиштата бетон. Очигледно не се познаваат.
„Можеш ли да се движиш?
Девојчето со слаб глас му рече: „Не!“ Меѓутоа, во нејзините очи се појави трошка надеж оти гласот што полека го губеше некој сè уште можеше да го слушне. Помина половина ден од првиот земјотрес што се случи во 4 часот наутро. Наскоро ќе осамне ноќта.
„Можеш ли да ги поместиш нозете?
Девојчето не одговара на ова прашање. На нејзиното лице се појавува израз како нешто да крие, да се срами од својата вина или недостаток. И човекот со мобилниот не го повторува прашањето.
„Дали си жедна?
– Ладно ми е… – рече малото девојче и замолкна.
Снегот што повремено паѓаше во текот на ноќта и утрото ги покриваше урнатините на зградите од петнаесет и шеснаесет ката, како и оние од два-три ката кои се урнаа за три до пет секунди, криејќи ја сета болка од земјотресот, и оние кои загинаа како и оние кои во моментот умираа.
Се разбира дека човекот кој го сними видеото од мобилниот телефон е неодлучен во тишината. Не може сам да го извлече малото девојче со тажни очи и тажен поглед од тој страшен, тесен куп бетон. Сега и двајцата замолкнаа.
Погледот на девојчето стана безнадежен, на нејзиното лице се исцртаа замор и болка.
„Почекај сега тука, ќе појдам веднаш да ти донесам помош“. Ќе те извлечеме одовде“.
Но, гласот на човекот со мобилниот телефон е несигурен. Најверојатно се работи за предградие на целосно уништен град. Не пристигнала помош бидејќи патиштата и мостовите се уништени. Очигледно нема ни да стигне во догледно време.
Луѓето кои живееле тука, оние кои се спасија од своите домови уништени во снежната и темна ноќ, оние преживеани среќници веројатно отишле некаде на друго место за да побегнат од студот. Нема кој да пребарува, веројатно затоа што нема други преживеани од оваа куќа.
„Не оди!“ на крајот вели малото девојче заглавено во купот бетон.
„Ќе заминам, но ќе се вратам“, вели човекот со телефонот, „Нема да те заборавам, ќе донесам помош“.
Јасно е дека девојчето кое помина повеќе од половина ден заглавено под бетонот е подготвено да умре, повеќе нема сила ниту да плаче.
Само, уште еднаш со шепот вели: „Не оди!“.
„Ќе одам и ќе ти донесам помош“, и’ возвраќа овој пат човекот погласно, но сепак недоволно убедливо.
Потоа, видеото снимено од телефонот завршува.
Не знаеме дали човекот донел помош или не. Но, тој едноставно ја објави снимката на „Твитер“ без никаков коментар.
Добивањето помош не е така едноставно како што мислеше човекот со мобилниот телефон.
Според податоците објавени од државата, во регионот биле уништени или оштетени околу седум илјади згради. Како што се објавува помал број на загинати, така се крие и бројот на уништени објекти.
Нема информации што се случило во помалите градови и места бидејќи е исклучена струјата, мобилните телефони се преоптоварени и патиштата затворени. На Твитер прочитавме дека некои помали градови се целосно уништени, но дали е тоа вистина?
Има повредени и такви кои умираат на студот, заробени под урнатините и купиштата бетон како малото девојче со тажни очи.
Ако во секоја урната зграда имало по тројца луѓе кои чекале некој да ги спаси додека ги оплакувале мртвите и закопаните членови на семејството, можеме да заклучиме дека речиси дваесет илјади луѓе чекале помош долу и во купишта бетон врз кои паѓаше снегот. Експертите и обучените лица кои требало да стигнат до нив се жалат на недостиг на превоз на аеродромите и патиштата.
Дури и најголемите медиуми, весници и телевизиски куќи дури по половина ден успеаја да стигнат до големите градови, кои по земјотресот се претворија во пекол поради урнати аеродроми и затворени патишта. Половина ден по катастрофата, милиони луѓе беа на снежните, дождливите и ветровитите улици, исплашени и лути чекајќи помош.
Според податоците презентирани од државата, земјотресот погодил околу 13,5 милиони луѓе.
Она што ја прави оваа катастрофа уште пострашна (апокалиптична) е вториот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што се случи девет часа по првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени во текот на ноќта.
Овој втор земјотрес, чиј епицентар беше околу сто и педесет до четиристотини километри од епицентарот на првиот, создаде ужасни сцени за милиони луѓе кои веќе беа на улиците поради афтершоковите.
Масите кои беа на улиците бараа помош или парче леб, кои се вратија во урнатините на шеснаесеткатниците за да ги соберат посмртните останки со голи раце и кои бараа топло, затворено место за да се засолнат, ги снимаа со своите мобилни телефони зградите кои брзо беа уништени од вториот земјотрес, во облак од прашина, срушени како кула од карти, повремено извикувајќи: „Боже, Боже!“ Многу луѓе ги објавуваа овие гротескни хорор снимки на социјалните мрежи. без коментар, без ниту една реченица, без ниту еден збор. Забележав дека тие сцени од земјотресот произлезени од катастрофата не само што откриваат чувство на солидарност и взаемна помош што носи солзи во очите, туку и ги стимулира нивните инстинкти да споделуваат, да бараат други сведоци, да остават трага и да се огласат. Во центарот на секој голем град под урнатините сите што добија микрофон да кажат нешто викаа: „Снимајте, снимајте, ни треба помош, ни треба леб, каде е владата, каде се спасувачките екипи?!“
Помошта е испратена, но камионите со неа се на стотици километри од регионите погодени од земјотресот, чекајќи со часови под снегот на закочените патишта.
Оние кои го загубија домот, семејството, најблиските, се’ што имаа, гледаат дека никој не интервенира во пожарите што избувнаа во нивните градови и ги запираат владините возила, полицијата, службениците, па почнуваат да се бунтуваат. Никогаш порано не сум го видел овој народ толку бесен.
На друга снимка што ја гледав неколку пати, „граѓани“ запреа полициско возило кое се движеше кон друг град и во полупрашална, полумолбеничка атмосфера ги извлекуваа полицајците од возилото.
Среќниците кои од земјотресот излегоа живи и здрави, но без дом и кои талкаат по улиците во исчекување да слушнат гласови, сфаќаат дека има луѓе кои се’ уште се живи во урнатините на големите станбени згради. Но, немаат сила, знаење и опрема да ги спасат. Нема никој кој наскоро ќе дојде.
Како што паѓа втората вечер, гласовите што доаѓаат од урнатините и шутот стивнуваат, луѓето привикнуваат на страшната глетка на улиците, а масата народ се собира околу возилата од кои се дели леб и храна. Но бесот и очајот од неподготвеноста не стивнуваат.
Овој земјотрес е најголемиот што ја погодил Турција во последните осумдесет години. Што се однесува до големите земјотреси што ги доживеав од блиску или далеку од моето детство, тој е четврти.
По земјотресот што го погоди Мраморното Море во 1999 година, исполнет со чувство на одговорност и вина, отидов во Јалова, еден од градовите што беше срамнет со земја.
Шетав со часови меѓу урнатините,говорејќи дека можеби ќе можам да подигнам некој камен, а се враќав без да можам никому да помогнам. Од пораките објавени на социјалните мрежи дознав и дека во најголемите градови уништени од земјотресот има лекари кои самоиницијативно дојдоа од далеку да помогнат, но нема авторитет, нема никој задолжен да ги насочува. Друго што народот не може да го прифати е дека некои од државните болници се урнати.
Две пораки испраќаат оние кои без коментар прикачуваат на социјалните мрежи видео клипови од снимени апокалиптични сцени од катастрофата и ужасот од земјотресот што го доживеаја во својот дом.
Првата е онаа што изразува чудење и нивниот повик кон Бога: зачудувачката, шокантна големина на катастрофата. Многу е тешко човек да ја задржи својата ладнокрвност, способноста да ги доживее своите вообичаени секојдневни чувства и да постапува логично пред таквиот ужас.
Затоа се јавува спонтано чувство на солидарност и взаемна помош. Но, затоа, втората порака, чувството на напуштеност, очајот и неподготвеноста што ги чувствува целата држава, е застрашувачка подеднакво колку и земјотресот.
Народот ги пречекува спасувачките екипи кои први пристигнуваат, со „Каде сте досега?!“. Сепак, во многу региони сè уште не пристигнала помош. На крајот од вториот ден пристигнува мала помош во центрите на големите градови, но недоволна, па дури и таа помош многу доцни“.
Орхан Памук е турски писател, добитник на Нобелова награда за литература во 2006 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Турската полиција уапси повеќе од 1.000 лица во безбедносна операција во Истанбул
Турската полиција уапси 1.022 лица за време на големата безбедносна операција „Мир Истанбул“ спроведена низ Истанбул, објавија властите.
Операцијата започна доцна синоќа, со поддршка на полициски хеликоптери и бродови на поморската полиција, објавија турските медиуми.
Речиси 3.000 полицајци се распоредени низ целиот град, поставувајќи контролни пунктови, проверувајќи јавни места и извршувајќи проверки на идентитетот, пренесува Танјуг.
Проверени се повеќе од 363.000 лица, додека 528 лица се приведени под сомнение за разни прекршоци. За време на операцијата, конфискувано е нелегално огнено оружје, празни пиштоли, пушки, муниција, над еден килограм наркотици и готовина поврзана со продажба на дрога.
Исто така, биле проверени речиси 200 компании и извршени се обемни сообраќајни контроли.
Службениците истакнуваат дека операцијата е дел од континуираните напори за зајакнување на јавната безбедност во најголемиот град во Турција.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Трамп до американска новинарка: Дали си глупава?
Американскиот претседател Доналд Трамп нарече американска новинарка „глупава“ откако таа му постави прашање за безбедносните проверки на авганистанските бегалци на прес-конференција, јавуваат американските медиуми.
„Дали си глупав човек?“, праша Трамп за време на говорот од неговата резиденција Мар а Лаго во Флорида, објавува „Њујорк пост“.
Инцидентот се случил кога една новинарка го прашала американскиот претседател зошто го обвинува својот претходник Џозеф Бајден, иако токму членови на администрацијата на Трамп тврделе дека Авганистанците што емигрирале во Соединетите Американски Држави биле темелно проверени, вклучувајќи го и Авганистанецот Рахманула Лаканвал, осомничен за пукање врз двајца припадници на Националната гарда во средата.
🚨 HOLY CRAP — Trump just blew up at reporters on live TV.
A journalist pressed him on why he’s blaming Biden for the D.C. National Guard attack, and Trump snapped:
“Are you a STUPID PERSON?”
“They LET HIM IN… they came on a plane with thousands who shouldn’t be here!”
“You’re… pic.twitter.com/p24NOhb1do— Brian Allen (@allenanalysis) November 28, 2025
„Затоа што ги пуштија внатре. Тие бегалци пристигнаа со илјадници други луѓе кои не треба да бидат тука, а вие поставувате такви прашања само затоа што сте глупав човек“, и се обрати Трамп на новинарката.
Во средата, Трамп го критикуваше и „Њујорк тајмс“ за статијата што се фокусираше на неговата возраст и зголемените знаци на замор, нарекувајќи го авторот на статијата „новинар од втор ред кој е грд одвнатре и однадвор“.
Порано овој месец, тој го нарече новинарот на Блумберг „свиња“, а друг „ужасна личност“, потсетуваат медиумите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп го прашаа дали ќе дојде на погребот на гардистката: „Ја сакам Западна Вирџинија, одлични луѓе“
По трагичната смрт на членката на Националната гарда Сара Бекстром, американскиот претседател Доналд Трамп беше прашан дали ќе присуствува на погребот. Бекстром почина како резултат на повредите во пукањето што се случи завчера во близина на Белата куќа, пишува unilad.com.
Дваесетгодишната Бекстром беше една од двајцата членови на Националната гарда на Западна Вирџинија кои беа застрелани од авганистански државјанин. И двајцата беа во критична состојба по нападот, но Бекстром им подлегна на повредите. Друг ранет гардист, 24-годишниот водник Ендру Волф, сè уште се „бори за живот“, како што рече самиот Трамп.
За време на неговиот традиционален телефонски разговор за Денот на благодарноста со американските војници, Трамп ја сподели тажната вест. „Таа штотуку почина“, рече тој. „Таа повеќе не е со нас. Таа сега нè гледа со потценување. Нејзините родители се со неа“, додаде тој. Претседателот ја опиша Бекстром како „неверојатна личност, извонредна во секој поглед“.
Кога новинарите го прашаа дали ќе присуствува на погребот, Трамп одговори дека тоа е можност што би ја разгледал. „Тоа е секако нешто што можам да го замислам“, рече тој. „Ја сакам Западна Вирџинија и ја освоив Западна Вирџинија повеќе од кој било претседател каде било“, додаде тој.
„Тоа се одлични луѓе. Ги сакам луѓето од Западна Вирџинија, ги сакам луѓето од нашата земја, но не размислував за тоа“, рече американскиот претседател. За потсетување, осомничениот за пукањето беше идентификуван како 29-годишниот Рахманул Лаканвал. Според извори на Асошиејтед Прес, Лаканвал работел во специјална авганистанска воена единица поддржана од ЦИА пред да емигрира од Авганистан.

