Македонија
Успешни и грешни биле министрите кои се разрешуваат, посочи Ковачевски кој жали што Алтернатива излегла од Владата
Министрите на Алтернатива имале успеси, но и грешки. Вака премиерот Димитар Ковачевски ја опиша работата на функционерите чиј предлагач беше Владата, а денеска се разрешуваат. Ковачевски имаше и остри критики за опозициската ВМРО-ДПМНЕ која повторно ја опиша како кочничар на важни закони. Алтернатива, ги повика да останат поддржувачи на Владата.
„Алијанса за Албанците ја прифати одговорноста за европскиот фронт. Место има и за Алтернатива како тие што самите знаат. Место има за сите добронамерни поддржувачи. Бројот и видот на позициите се второстепени. Прво за што трeба да сме заедно се државните интереси. Жал ми е што Алтернатива реши да излезе од Владата. Сакам да потенцирам дека сакам соработка за европскиот пат. Имам мислење за министрите – има прогрес и успеси, но има и простор за многу повеќе. Има и резултати има и место за корекции. Успехот и грешките имаат име и презиме“, кажа Ковачевски.
Според него, новото мнозинство ќе даде стабилност.
„Реконструкцијата сметам дека ќе внесе нова енергија. Со ова парламентарно мнозинство ставаме точка на сите лаги и манипулации за можни предвремени избори. Да разговараме за поважни работи. Не треба да се плашиме од промени. Нас ни треба мнозинство за иднината на граѓаните. Денес зборуваме за обединување по европското прашање, каде ВМРО-ДПМНЕ останува вечно против“, додава Ковач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Жителите на Општина Кисела Вода добиваат 30 контејнери за текстилен отпад
Tриесет контејнери за текстилен отпад ќе бидат поставени на различни локации низ oпштина Кисела Вода, со што на граѓаните ќе им се овозможи правилно одлагање на употребената облека и домашниот текстил, како и активно вклучување во процесите на селектирање и рециклирање.
Ова е овозможено со денешното потпишување на договорот меѓу градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и Фаик Мифтари, управител на лиценцираната компанија ЕКО-ТЕКС ГРУП ДОО Скопје. Со воспоставената соработка се создава јасно дефиниран и одржлив систем за соодветно постапување со текстилен отпад, негово собирање, селектирање и рециклирање, во согласност со важечкото законодавство и највисоките еколошки стандарди.
Проектот ќе се реализира во две фази. Во првата фаза, контејнерите ќе бидат поставени на 15 локации, пред месните заедници во општината, со цел тие да бидат лесно и рамномерно достапни за сите граѓани. Во втората фаза, дополнителни 15 контејнери ќе бидат поставени пред основните училишта и детските градинки, со што иницијативата ќе добие изразена едукативна димензија, насочена кон развивање на еколошката свест кај најмладите и поттикнување одговорни навики уште од најрана возраст.
-Со поставувањето на контејнерите за текстилен отпад правиме уште еден суштински исчекор кон современо, одговорно и одржливо управување со отпадот. Ова партнерство не претставува само техничко решение, туку вложување во едукацијата, свеста и иднината на нашата заедница. Преку ваквите иницијативи испраќаме јасна порака дека заштитата на животната средина е заедничка обврска и трајна вредност. Изразувам искрена благодарност до ЕКО-ТЕКС ГРУП за нивната општествена одговорност и за посветеноста со која придонесуваат кон почиста и поздрава околина- истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.
ЕКО-ТЕКС ГРУП ДОО Скопје е регистриран колективен постапувач за управување со отпаден текстил, согласно Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Компанијата поседува значајно искуство во оваа област и претставува сигурен партнер во процесот на унапредување на системите за заштита на животната средина. Само во текот на 2024 година, истата има собрано околу 400 тони текстилен отпад на територијата на државата. Овој резултат е јасен показател за ефектите од систематското управување со текстилен отпад и за потребата од заедничко дејствување на институциите, компаниите и граѓаните во насока на одржлив развој и заштита на животната средина.
Македонија
Мицкоски: Имам информации дека судија известител ставил потпис на извештајот со кој се укинува линеарното покачување на пензиите
„Ќе кажам дека вчера за време на пратеничките прашања бев многу прецизен и кажав дека имам информации дека е отпочната постапка и оти судијата известител ставил потпис на конечниот извештај со кој се укинува линеарното зголемување на покачувањето на пензиите за пензионерите од следниот месец“, вели Христијан Мицкоски.
Премиерот потенцираше дека со линеарното зголемување на пензиите како Влада сакале да го подобрат животниот стандард на околу 330.000 пензионери, но како што рече Уставниот суд ќе покаже дали има поинакви намери.
„Дали тоа ќе се случи ќе видиме наскоро, дали сум бил во право, дали информацијата била точна или не. Многу скоро ќе добиеме одговор. Јас би сакал да не сум во право. Еве посакувам да не сум во право, но што ако сум во право? Тогаш кој е тој што прави хаос и кој свесно удира по стандардот на пензионерите. Владата со тие мерки сакаше да го подобри стандардот на повеќе од 330 до 350 илјади пензионери. Некој друг има поинакви намери“, дециден е премиерот Мицкоски.
Македонија
Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на сметките за електрична енергија за домаќинствата и сите на регулираниот пазар
Христијан Мицкоски, претседател на Владата одговарајќи на новинарско прашање изјави дека Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за електрична енергија за домаќинствата и сите на регулираниот пазар.
„Регулаторот одлучува за висината на цената на електричната енергија. ЕВН Хоме е снабдувачот која што има јавна набавка за цела година за следната 2026 година, а ЕСМ согласно политиките на владата ги достави вкупните количини кои што се бараат согласно јавната набавка. Иако претходно како Влада бевме критикувани и во самиот извештај од ЕУ и од дел од јавноста, дека еден од чекорите кои што е дел од Планот за раст, а тоа е чекорот во кој што се предвидува либерализација на пазарот на електрична енергија со која ќе се снабдуваат домаќинствата.
И ние јасно кажавме дека да, тој чекор нема да го примениме, бидејќи ако го примениме тогаш цената на електричната енергија нема да биде 62, 65 евра, туку ќе биде повеќе од 100 евра за домаќинствата. И тогаш вкупната цена за домаќинствата ќе поскапи за дури фантастични 50 проценти. Ние рековме дека тоа нема да го преземеме со целиот политички ризик кој што го имаме како Влада и ќе продолжиме и понатаму да ја субвенционираме цената на електричната енергија за домаќинствата и сите оние потрошувачи кои што се на регулираниот пазар. Која ќе биде крајната цена ја одредува регулаторот, дали таа ќе поскапи 3, 4, 5, дали ќе поевтини како што тоа е случај изминатиот период итн, одредува регулаторот, откако ќе ја добие цената со која што снабдувачот ќе ги снабдува домаќинствата, потоа трошоците кои што ги има дистрибутерот, трошоците кои што ги има пренос операторот и конечно трошоците за организирање на пазарот на електрична енергија. Сите овие калкулации кога ќе бидат направени, тогаш регулаторот ќе ја одреди конечната цена која што ќе ја плаќаат граѓаните.
Инаку АД ЕСМ поднесе цена која што ќе биде 65 евра за мегават час, односно 3 евра по мегават час повеќе од тоа што беше во минатото. Ако во минатото беше 62, сега е за отприлика 4 проценти повеќе односно 65 евра мегават час. Но никако не е над 100 евра колку што е пазарната. Разликата, Владата продолжува да ја субвенционира, за да нема ценовен шок за домаќинствата и сите оние кои што се на пазарот кој што е регулиран“, посочи премиерот Мицкоски.

