Македонија
„Да ти е жал со кого си соработувал до вчера, ве спасиме кога бевте во клиничка смрт“, му порача пратеничка од Алтернатива на Ковачевски
Пратеничката Сафије Садики-Шаини од Алтернатива за поддршката на Владата рече: „Ова е завршена тема за нас“. Таа изрази жалење за соработката на Алтернатива со СДСМ, поради прекршувањето на договорите. За министрите и замениците министри од нејзината партија, чии имиња сега се на седница за разрешување, пратеничката кажа дека покажале големи резултати.
„Ние имавме политички и кадровски договор. Точките од тој договор, сите се опфатени од наша страна. За жал, другата страна, СДСМ, не го имплементираше и политичкиот договор, ниту кадровскиот. На крај го прекршија и решија да го поделат патот. Кршењето на договорот зборува многу лошо за СДСМ, кој не ги почитува тие кои им го спасија политичкиот живот во времето кога беа во клиничка смрт, но и лошо за земја која се стреми кон европски вредности. Тие ја поминаа последната етничка линија, да ти е жал со кого си соработувал до вчера“, додаде таа.
Објасни и зошто министрите не дале оставка.
„Нашите министри и заменици не даваат оставка од две причини. Прво бидејќи немаат никаква одговорност за да дадат оставка и второ ние не сме причина за олеснување на работата и да помогнеме на еден човек кој не знае да се заблагодари – како што е премиерот на Македонија, кој пред една година стана премиер на државата со гласовите од Алтернатива“, кажа Садики-Шаини.
Пратеничката посочи дека ја спасиле европската иднина на Македонија.
„Ве повикувам сите заедно да се вратиме во ноември 2021 година кога ова Собрание остана со мртов број, 60-60. Беше мртва и европската перспектива на Македонија во која влијаеше и Албанија. Нас не молеа да сме дел од Владата и тогаш не остана човек кој не го испрати, од Еди Рама до членови на семејството Јашари. Ние ја земавме одговорноста и преминувајќи од опозиција во позиција, задоволни сме што нашето мало движење беше големо за С. Македонија и Албанија бидејќи ја стабилизираа Владата и двете земји земаа датум за интеграции во ЕУ“, кажа пратеничката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Фатени со пари и список од врата до врата – двајца охриѓани пријавени за изборен поткуп
Полицијата од Охрид поднесе кривична пријава против Р.А.Д. (50) и Ј.С. (44) од овој град, поради сомнение за кривичното дело поткуп при избори и гласање.
Според полицијата, на 19 октомври, за време на локалните избори, двајцата биле затекнати како се движат од куќа до куќа со пари и список што содржел лични податоци и адреси на жители со избирачко право во Охрид. На евидентирани лица им нуделе и делеле парични средства, со намера да ги придобијат да гласаат во корист на кандидат за градоначалник на една политичка партија.
По целосно документирање на случајот, пријавата е поднесена до надлежен орган за понатамошна постапка.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Без ефикасна и чесна даночна администрација нема силна економија и одржливи јавни финансии
Без ефикасна и чесна даночна администрација нема ниту силна економија, ниту одржливи јавни финансии, ниту држава што може да планира стабилно и да инвестира во својата иднина, истакна премиерот Христијан Мицкоски на Денот на даночните работници.
Ова рече Мицкоски е ден кога треба да се говори за дисциплината, знаењето, моралот и професионалноста.
„Ден кога се потсетуваме дека јавните приходи не се бројки на хартија, тие се плати на наставници и доктори, нови патишта, функционален здравствен систем, поддршка за компаниите, социјална сигурност за секој граѓанин. Од јануари до крајот на октомври годинава, нето наплатата на даноците и социјалните придонеси достигна 3 милијарди и 600 милиони евра“.
Тоа, како што посочи е за 260 милиони евра повеќе од минатата година.
Според него тоа значи дека економијата расте.
„Активноста се зголемува. Компаниите работат. Платите растат. А со тоа растат и приходите.
Но, тие бројки зборуваат и за нешто друго, за довербата помеѓу државата и бизнисот. За довербата помеѓу институциите и граѓаните. За тоа дека кога државата работи чесно и предвидливо, граѓаните возвраќаат со дисциплина и чувство на обврска. Навременото поднесување на ДДВ-пријавите за јануари – септември периодот 2025 година изнесува 95%. Во споредба со 2024 година, кога изнесуваше 92%, ова е огромен чекор напред и уште поважно:Навременото плаќање на ДДВ порасна на 81% од тоа што беше во претходните две години 76%. Ова е доказ дека системот станува посилен, подисциплиниран и поефикасен“.
Мицкоски дополни дека ниту еден напредок нема вистинска вредност ако не се брани од најголемата закана за секоја држава, корупцијата.
Во оваа борба, УЈП, додаде тој е клучна фронт-линија.
„Ви ветувам дека ќе продолжиме да инвестираме во вашиот капацитет, во подобри услови за работа, во дигитални алатки кои ќе го олеснат секој процес, и во политики кои ќе ја направат земјата уште поконкурентна.Нашата цел е многу јасна силна економија, стабилни јавни финансии, праведно општество и држава во која даночниот систем е фер, ефикасен и целосно заштитен од корупција.
Македонија
Фокус на менталното здравје на децата и младите на „Денови на психологијата“
Комората на психолози на Република Македонија и годинава ја организира акцијата „Денови на психологијата“, соопштија од Комората. Целта е афирмација на професијата, промоција на дејноста и улогата на психологот во општеството, како и доближување на психолошката поддршка до пошироката јавност.
Под слоганот „Грижа за менталното здравје на децата и младите – градење на здрава иднина“, овогодишното издание го става фокусот на растечката потреба за рано препознавање, зајакнување и поддршка на менталното здравје на најмладите.
Комората упати јавен повик до сите психолози да се пријават за учество во реализацијата на психолошки активности што ќе се одржуваат од 1 до 10 декември 2025 година.
Агендата за „Денови на психологијата 2025“ ќе биде достапна на официјалните страници Instagram: denovinapsihologija и Facebook: Денови на психологија, каде ќе се објавуваат датумите, термините и локациите на настаните, информации за онлајн вебинарите и извештаи од реализираните активности.

