Македонија
Стојановски до Алтернатива: На клоци ве избркаа, откако ве искористија

Остри критики од пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ за пратениците од Алтернатива. Стојановски ги нарече „политички измамници“ бидејќи додека гласачите очекувале да ги симнат ДУИ од власт, тие пред 13 месеци влегле во коалиција со нив, за сега, како што рече, со клоци да ги изнесат од Владата. Стојановски им порача: „По овој ден, со вашиот политички субјект е завршено. Мудрите гласачи нема да ви дадат глас“.
„Бевте предупредени пред 13 месеци што ќе се случи и како ќе завршите од овие кои немаат морален компас, ниту етика во функционирањето. Се што направивте пред 13 месеци, кога бевте предупредени, дадовте рок на овие да крадат и пљачкаат. Решивте да застанете рамо до рамо со оние кои ве испокрадоа на локалните во Чаир и да им ги продолжите нивните мандати и да ве направат она што неминовно сте“, посочи Стојановски.
Тој ги нарече брутално искористени, а за Владата посочи дека се без почит за Алтернатива.
„Брутално бевте искористени, брутално ви беше раскината коалицијата и на клоци ве избркаа надвор од Владата немајќи елементарна почит да го почекаат централното претседателство за да им ја соопштите одлуката. Ги изневеривте гласачите и сите оние кои ви го дадоа гласот мислејќи деа вие сте таа опција, таа алтернатива, за да ги симнете ДУИ по 20 години. Докажавте дека не сте ништо друго, освен трговци на берза кои што тргуваат со гласот на чесните граѓани. И така ве перципираат“, кажа Стојаноски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Македонија
Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, нагласил дека е неопходно сојузниците во НАТО да дадат поддршка и да постигнат 5 отсто издвојување за одбраната, соопшти Стејт Департментот во соопштение по средбата.
Двајцата ја потврдиле силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ги истакнале заедничките интереси во однос на регионалната стабилност, економската соработка и НАТО.
Тие разговарале и за можностите за проширување на економската соработка, вклучувајќи ја трговијата и инвестициите.
Муцунски по средбата соопшти дека е потврдено стратешкото партнерство со САД, а нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции повеќе од 2 отсто од БДП во одбранбениот сектор.
Македонија
Не се глупирајте, му порача Арсовска на Изет Меџити

Кажете колку пари земавте за нелегалните објекти и не се глупирајте, му порача градоначалничката Данела Арсовска на вицепремиерот, Изет Меџити, кој претходно денес и’ најави кривична пријава.
Меџити ја нарече Арсовска инструмент за остварување на планот на ДУИ за дестабилизација преку општините, на што градоначалничката реагираше преку Фејсбук статус попладнево.
„Изет изјавил дека ќе сум ја дестабилизирала државата. Изет, единствена дестабилизација од мене ќе добиете ти и твојот измеќар Висар што ти ги потпишувал незаконските дивоградби за кои луѓе ви платиле милиони евра, а сте ги лажеле дека ќе можат да ги легализираат. Не се глупирајте, ви ја знаеме играта, ви ги знаеме лагите, знаеме кога се обидувате да манипулирате со јавноста и да ја дефокусирате. Како тоа секогаш кога некој ќе ви чепне во криминалот тоа е „обид за дестабилизација“? Каква е таа матрица на ВМРО-ДПМНЕ и измеќарите од ВЛЕН? Секогаш кога се во тесно, кога флагрантно се фатени со „рачињата во медот“, тоа било обид за дестабилизација. Каква дестабилизација? Што ќе се дестабилизира? Ќе ви кажам јас што. Единствено нешто што ќе се дестабилизира од откривањето на криминалот со дивоградбите во Чаир е вашата комоција и прилив на нелегални пари. Тоа ќе биде дестабилизирано. Кажете колку пари земавте за нелегалните објекти, не се глупирајте“, напиша Арсовска.
Меџити претходно ѝ порача на Арсовска да се занимава со своите надлежности и најави и пријава против неа за, како што рече, лажни тврдења во врска со објектот во Чаир пред кој се сликала и го објавила. Меџити овој случај го квалификува како „последен обид и план на Ахмети за дестабилизација преку општините“.