Европа
(Видео) Катаклизмата на руските сили во Вухледар: Војниците во паника лазат на сите страни и гинат од мини

Последната руска офанзива на Вуледар се претвори во епска катастрофа, сметаат украинските институции.
„Рударскиот град, кој се наоѓа на километар и половина северно од Павливка, кој е под контрола на Русија и на околу 40 километри југозападно од Доњецк, стана мелница за месо за руската армија со огромни последици за пошироката офанзива што ја започнаа“, пишуваат тамошните медиуми..
Само во првиот напад, минатиот понеделник, триесетина возила и тенкови заглавиле во минското поле.
Снимките од тоа бојно поле кои секојдневно се шират на социјалните мрежи се неверојатни за јавноста.
russian defense minister Shoigu: "Currently, combat operations in the Vuhledar area are going successfully."
So true. pic.twitter.com/oCxcRRwK2l
— Defense of Ukraine (@DefenceU) February 10, 2023
Војниците во паника лазат на сите страни и гинат од мини, додека други се кријат зад тенковите, кои Украинците лесно ги имаат на мета, за да можат да прецизно да пукаат.
Not even the most basic rules of warfare are known to these Russian soldiers near Vuhledar. One by one drives into minefields and trashes its armored vehicle. Absolutely astonishing incompetence.
(Video by @AndrewPerpetua) #Ukraine #Vuhledar #Donetsk pic.twitter.com/pbJoEohuRc
— (((Tendar))) (@Tendar) February 12, 2023
Игор Гиркин, руски екстремист кој одигра клучна улога во руската анексија на украинскиот полуостров Крим во 2014 година, пишува дека Украинците ги таргетираат нивните војници како во стрелиште, додека Русите не успеваат да им нанесат контра загуби на Украинците.
Another footage of the failed Russian attack on Vuhledar showing absolute carnage. Several Russian vehicles have been neutralized, forcing the surviving Russians to run away and leave their wounded crawling back. They have no regard for each other. #Vuhledar #Donetsk #Ukraine pic.twitter.com/k9pfp9meR7
— (((Tendar))) (@Tendar) January 28, 2023
Некои воени аналитичари сметаат дека дури и добрите информации и флексибилната команда не можат да ја спасат руската колона од артилериски мини и дека единствениот начин да се запре РААМ е да се потиснат топовите што ги испукуваат тие мински гранати.
The Russian army attempted an offensive in the area of #Vuhledar, which ended in the defeat of a combat group and heavy losses of personnel and armored vehicles. pic.twitter.com/JJA9Hb8B3j
— NEXTA (@nexta_tv) February 11, 2023
Vuhledar, a pair of Russian T-80s (T-80BVM, T-80BV) run into a Ukrainian minefield. pic.twitter.com/7jW88aqIhj
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) February 13, 2023
Украинските војници објавија и видео од руските војници кои во паника се трупаат на бојното поле кај Вуледар, пренесе Слободнадалмација.хр.
A decapitated Russian T-80BV tank with a mineroller and damaged T-72B3 near Vuhledar. https://t.co/3wGA53h8zr pic.twitter.com/Hi1GdkRSof
— Rob Lee (@RALee85) February 13, 2023
Judging from that video Russians in Vuhledar have switched to human wave tactics. No armored vehicles are covering this attack. #Vuhledar #Donetsk #Ukraine pic.twitter.com/rDlONgfAjV
— (((Tendar))) (@Tendar) February 12, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото+видео) Опасна бура во Словенија: паѓаше град со големина на јајце, издадено портокалово предупредување

Словенија е погодена од силни бури придружени со силни налети на ветер, поројни дождови и град.
Сообраќајот во земјата е забавен, а Агенцијата за заштита на животната средина издаде портокалово предупредување за целата територија.
Од агенцијата посочуваат дека поради дождот може да дојде до задржување на вода и зголемување на реките.
На објавите на социјалните мрежи се гледа дека паѓал град со големина на јајце.
Според објавите и коментарите, најлошото било околу Шемпетер во долината Савиња.
Како што јавува ТВ Словенија, во текот на вечерта бурата постепено ќе ослабне , најдоцна на истокот од земјата.
Бура пристигнува и во Хрватска
Силна бурна ќелија, која пристигна преку брегот од Италија, се движи кон внатрешноста на Хрватска, придружена со врнежи од дожд, силни налети на ветер и локален град.
Водна пијавица е снимена над морето во близина на Умаг. Се очекува активноста на бурата дополнително да се интензивира во наредните часови.
Управата за заштита на животната средина издаде портокалова тревога за регионите Риека, Карловац и Загреб поради локално можни грмотевици со привремено силни до бурони ветрови, а можна е и појава на град.
Европа
Колона долга околу 700 километри забележана на автопат во Франција

Колона долга речиси 700 километри е забележана денеска на автопат во Франција, додека вкупната должина на сите колони на патиштата во земјата изнесуваше 1.051,6 километри во време на зголемен сообраќаен интензитет поради летните одмори и смената на туристи, што колоквијално се нарекува „Црна сабота“.
Како што извести BFM TV, сообраќајот на патиштата во Франција дополнително бил забавен поради две сообраќајни несреќи на автопатот кон Медитеранот и Атлантскиот Океан.
Според податоците на Bizon Futé, француската агенција за следење на состојбата на патиштата, до 7 часот утрово колоните биле подолги од 200 километри, а до 10 часот веќе надминале 570 километри.
Како што беше соопштено, гужвите се во согласност со прогнозите на агенцијата, која предупреди на „исклучително тешки сообраќајни услови“ за оваа сабота, а врвот на метежот се очекува околу пладне.
Сообраќајот во правец кон Алпите исто така е интензивен и загушен, со задржувања од час и 45 минути во тунелот Мон Блан во правец кон Италија
Европа
Финска, Норвешка и Шведска под жештина невидена од 1961 година

Земјите од Северна Европа, познати по својата студена клима, се соочуваат со интензивни топлотни бранови, со температури над 30 степени Целзиусови во подолг временски период.
Во норвешкиот дел од Арктичкиот круг, метеоролошките станици регистрирале температури над 30 степени Целзиусови дури 13 дена во јули, додека Финска имала три последователни недели со температури од 30 степени, пишува денес британскиот „Гардијан“.
Според научниците, тоа е најдолгиот период според историските податоци од 1961 година, а трае 50 проценти подолго од претходниот рекорд.
„Топлотниот бран е сè уште во полн ек, со максимални температури денес околу 32-33 степени. Дури и арктичките региони забележаа три недели со температури над 25 степени и може да ги соборат своите августовски температурни рекорди утре“, изјави Мика Рантанен, климатолог во Финскиот метеоролошки институт, во објава на социјалните мрежи.
Норвешкиот метеоролошки институт соопшти дека температури над 30 степени се регистрирани 12 дена во јули во најмалку една станица во трите најсеверни покраини на Норвешка.
Во Шведска, метеоролозите, исто така, регистрираа продолжени топлотни бранови во неколку северни градови, при што метеоролошката станица во Хапаранда регистрираше температури од 25 степени или повеќе 14 дена по ред.
Овие топлотни бранови, кои ја погодија северна Европа кон средината на јули, беа предизвикани од топлите води покрај северниот брег на Норвешка, кои ги покачија температурите во нордиските земји за осум до 10 степени над сезонските норми.
Поради интензивен топлотен бран, лизгалиште на мраз во северна Финска ги отвори вратите за луѓе кои бараат засолниште од жештината, откако локалните болници беа преполни, а сточарите предупредија дека нивните ирваси се на работ на смртта од жештината.