Свет
Епилог од циклонот Габриел на Нов Зеланд: потопени куќи, има и мртви

Циклонот Габриел ослабна и се оддалечи од Нов Зеланд денеска, a земјата почна да ги проценува штетите предизвикани од поројните поплави, одроните од кал и силните ветрови, во кои загинаа три лица, а илјадници беа принудени да ги напуштат своите домови.
Габриел, циклонот што стигна до Нов Зеланд во неделата пред да се пресели на источниот брег на Северниот Остров, отсече цели градови, однесе фарми, мостови и добиток и потопи куќи, пренесоа светските агенции.
Cyclone Gabrielle lashed New Zealand, causing extensive flooding, landslides and damage to infrastructure and prompting the country to declare a national state of emergency for only the third time in its history https://t.co/Ali5GD4tVM pic.twitter.com/CFqZ7vXZ0k
— Reuters (@Reuters) February 14, 2023
„За среќа, поминавме низ најлошото невреме, но сè уште не сме надвор од опасност“, рече министерот за управување со вонредни состојби, Киеран Меканулти за време на брифингот за медиумите на телевизија.
„Ова е значајна катастрофа и ќе бидат потребни неколку недели за да се оправат оние области што се најпогодени“, рече министерот.
Од жителите на тешко погодените области сега се бара да штедат вода и храна поради стравувањата од недостиг кога циклонот вчера го принуди Нов Зеланд да прогласи национална вонредна состојба, само третпат во својата историја.
Екипите за итни случаи вчера пронајдоа тело за кое се верува дека е на доброволец пожарникар, кој исчезна од неделата вечерта по лизгање на земјиштето на плажа во близина на најголемиот град во земјата, Окленд, соопштија властите. Уште две лица се потврдени мртви во заливот Хок, регион на источниот брег на Северниот Остров.
Властите проценуваат дека досега се раселени повеќе од 10.000 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Руски научници развија ново соединение за борба против ракот

Експерти од Државниот универзитет во Мари и Федералниот истражувачки центар „Уфа“ при Руската академија на науките развија ново хемиско соединение што би можело да стане основа за создавање иновативни лекови против тумори, објави Министерството за наука и образование на Русија.
Ова соединение дејствува селективно на туморските клетки, речиси без да ги оштети здравите клетки, а неговата молекуларна структура комбинира фенотијазинска и трифенилфосфониумска група.
Благодарение на оваа комбинација соединението ја таргетира слабата точка на туморските клетки – митохондриите и ја нарушува нивната работа, објавува „РИА новости“.
„Резултатите од истражувањето покажаа дека новото соединение ефикасно го потиснува растот на разни малигни клетки, вклучувајќи рак на црниот дроб, аденокарцином на белите дробови, колоректален карцином и леукемија. Активноста се манифестира дури и при ниски концентрации, што го прави соединението особено ветувачко за развој на лекови“, рече Константин Белослудцев, доктор по биолошки науки и проректор за иновации на Државниот универзитет во Мари, објавува „Танјуг“.
Како дополнителна предност, Белослудцев ја истакна едноставноста на синтезата на соединението, што овозможува негово производство во доволни количини за претклинички и клинички испитувања. Овие студии се спроведени во рамките на програмата „Приоритет 2030“, пренесува медиумот.
Свет
Стаб: Се надевам дека кај Трамп набргу ќе го снема трпението за Путин

Финскиот претседател Александар Стаб денес изјави дека се надева дека трпението на американскиот претседател Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин наскоро ќе исчезне и додаде дека европските земји ќе продолжат да се залагаат за траен мир во Украина.
Според него, единствениот начин да се принуди Путин да ја заврши војната во Украина е преку неговите сојузници, со проценка дека оние кои можат да го убедат рускиот претседател да постигне примирје се на Истокот, објавува „ Ile“.
Финскиот претседател, исто така, рече дека го предупредил Трамп дека Путин користи „типични руски тактики на одложување“ за да избегне средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Фото: принтскрин
Свет
Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава на Генералното собрание на ОН

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека Германија нема да се придружи на иницијативата на западните сојузници за признавање на палестинската држава на Генералното собрание на Обединетите нации следниот месец.
Мерц го објави ова на заедничка прес-конференција со канадскиот премиер Марк Карни, кој минатиот месец изјави дека Канада планира да ја признае државата Палестина на Генералното собрание по слични најави од Франција и Велика Британија, пренесува „Ројтерс“.
„Ставот на федералната влада е јасен во врска со евентуалното признавање на државата Палестина. Канада го знае тоа. Ние нема да се придружиме на оваа иницијатива. Не гледаме дека условите се исполнети“, рече Мерц.
Фото: принтскрин