Европа
„Луфтханза“ откажа многу летови поради проблеми со компјутерските системи

Грешка во информативниот систем во „Луфтханза“ денеска предизвика хаос на аеродромите во светот.
Од компанијата го потврдија колапсот. Непознат број летови се одложени или откажани. Системите за пријавување и качување се блокирани.
Поддршка за патниците и авионите се обезбедува во Минхен и на аеродромот во Франкфурт.
Global IT system outage for @Lufthansa_DE flight planning system.
Planes will be boarded manually but system needs to be operational for departure.#MSC2023 #munichsecurityconference #IT #security pic.twitter.com/MTOh1d4loH— Benjamin Rohé 🇪🇺🇩🇪 🇸🇪 (@benjaminr) February 15, 2023
Не беа дозволени летови бидејќи машините за пријавување немаа важни информации за поаѓање. Сите домашни летови на Германија првично беа откажани и од патниците беше побарано да се префрлат во „Дојче бан“.
Фотографиите и видеата од неколку германски аеродроми покажаа хаос во салите за поаѓање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Убиството на генералот во Москва е тероризам

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го опиша убиството на генералот Јарослав Москалик како „терористички напад“.
„Главното прашање е да се запре конфликтот во срцето на Европа и светот. Секој ден гледаме толку многу жртви. Денес, еден припадник на руската војска беше убиен како резултат на терористички напад во Москва“, рече Захарова.
Европа
(Видео) Руски генерал загина во експлозија на автомобил во Москва

Висок руски воен офицер е убиен денес по експлозија на автомобил во градот Балашиха, во Московската област, објавија руските медиуми.
„Маш“ го идентификуваше убиениот како Јарослав Москалик, заменик-началник на Главната оперативна дирекција на Генералштабот на руските вооружени сили.
Објавено е и видео од моментот на експлозијата.
Video allegedly showing the moment Major General Yaroslav Moskalik, deputy chief of the Main Operations Directorate of the General Staff of the Russian Armed Forces, is killed by an IED planted in a VW car in a suburb of Moscow. pic.twitter.com/dg80a3CAwm
— Euan MacDonald (@Euan_MacDonald) April 25, 2025
Европа
Синот на заменик-директорка во ЦИА убиен во Украина борејќи се за Русија, објави руски независен истражувачки портал

21-годишниот Американец Мајкл Александар Глос потпиша договор со руското Министерство за одбрана и загина борејќи се во војната против Украина во 2024 година, објави рускиот независен истражувачки портал IStories.
Она што ја прави неговата приказна уште поневеројатна е фактот дека неговата мајка, Џулијан Галина Глос, е заменик-директор на ЦИА за дигитални иновации.
Глос потпиша договор со руската војска на 5 септември 2023 година, според податоците од Московскиот систем за управување со медицински информации (EMIAS), кои беа објавени во јавноста.
Тој бил внесен во системот од страна на вработените во центарот за регрутирање војници по договор во Москва, а како негова адреса на живеење – како и кај стотици други странски волонтери – ја навеле адресата на самиот центар. Патем, во оваа просторија се вршат и медицински прегледи на кандидатите за регрутирање.
Според извор близок до Глос, американскиот државјанин бил распореден во единици за напад во декември 2023 година. Во тоа време, 137-от полк дејствувал северозападно од Соледар во регионот Донецк. Глос загинал на 4 април 2024 година, како што е потврдено во некролог објавен од неговото семејство. Точните детали за неговата смрт не се познати. Според погребалниот дом, тој бил погребан во Соединетите Држави осум месеци по неговата смрт.
Мајкл Глос е еден од повеќе од 1.500 странски државјани кои поминале низ московскиот центар за регрутирање за време на војната во Украина, чии идентитети ги откри IStories. Според порталот, платеници од вкупно 48 земји се приклучиле на руската страна во војната, вклучувајќи членки на Европската Унија и Соединетите Американски Држави.