Македонија
Ласовска: Таравари со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ стана градоначалник на Гостивар

Благица Ласовска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на дебатата за разрешување на министрите од редовите на Алтернативата, рече дека овој Арбен Таравари, кој сега сака да влезе во Владата, таа и ВМРО-ДПМНЕ не го познаваат.
Го праша премиерот дали се согласува со изјавата на новиот коалициски партнер Таравари дека доколку не се отвори Уставот, Албанците ќе се радикализираат.
„Таравaри со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ стана градоначалник на Гостивар“, рече Ласовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
Пијани, без појас, без дозвола, полицијата казни 128 возачи во Скопје

Во рамки на засилената сообраќајна контрола што ја спроведоа полициските службеници од СВР Скопје вчера во периодот од 16:00 до 24:00 часот, биле казнети вкупно 128 возачи за различни прекршоци.
Контролата се одвивала на повеќе локации низ градот, а според информациите од Министерството за внатрешни работи, дел од прекршителите биле фатени како управуваат возило под дејство на алкохол, други возеле без возачка дозвола, а голем дел биле казнети и поради неправилно паркирање.
„Забележавме и непочитување на законските одредби поврзани со користење мобилен телефон за време на возење, како и возење без врзан безбедносен појас“, велат од МВР, додавајќи дека во контролата биле вклучени и мотоциклисти, кај кои биле откриени повеќе прекршоци, вклучително и управување без соодветна документација.
Како што информира полицијата за непрописно паркирани има 23 санкции, за возење без возачка дозвола девет мерки, за возење под дејство на алкохол две санкции.
Изречени се осум мерки за користење на мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење на сигурносен појас, пет мерки за управување возило со несоодветна категорија, 15 санкции за возачи на моторцикл, како и други видови на сообраќајни прекршоци.
Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови. Според МВР целта на овие акции е да се подигне свеста и да се спречат трагични последици на патиштата.
Македонија
Два пожари сè уште активни, четири под контрола, 22 веќе изгаснати

Во изминатото деноноќие пожарите повторно ја зафатија Македонија, но според утринскиот извештај на Центарот за управување со кризи (ЦУК), ситуацијата е под контрола. До 7 часот утринава, евидентирани биле вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои два сѐ уште се активни, четири се ставени под контрола, а дури 22 се целосно изгаснати.
Активните пожари се бележат во селото Николич, општина Дојран, каде што гори нискостеблеста шума, како и во Чучер Сандево, во пределот меѓу селата Горњани и Блаце, каде што се работи за шумски пожар со посложен пристап.
„На терен се сите расположливи сили – пожарникари, припадници на шумската полиција и доброволци. За среќа, поголемиот дел од пожарите се изгаснати, но вниманието сè уште е насочено кон Дојран и Чучер Сандево, каде огнот е активен“, велат од ЦУК.
Во меѓувреме, четири пожари се ставени под контрола. Тоа се локациите кај Црешнево, Крапа и Локвица во Македонски Брод, каде што горела деградирана дабова шума, потоа с. Слатино (исто така во Македонски Брод), с. Џидимирци во Велешко и с. Перово во Ресен, каде што горела трска.
Позитивна е веста што голем дел од пожарите се успешно изгаснати. Најмногу интервенции имало во западниот и југоисточниот дел од земјата – во општини како Струга, Штип, Куманово, Гевгелија, Кичево, Охрид, Виница и Македонски Брод, каде што беа зафатени депонии, ниска вегетација и шумски предели.
Од ЦУК апелираат до граѓаните да не палат оган на отворено и да пријавуваат секој сомнителен чад или пламен. Во услови на високи температури, и најмала искра може да предизвика голема катастрофа.
Македонија
Колони на Табановце, се чека по 40 минути за излез од државата

Интензитетот на сообраќајот на патните правци низ државата, надвор од градските средини, денеска е зголемен, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). На граничниот премин Табановце кон Србија се бележи зголемена фреквенција на возила и се чека околу 40 минути за излез од државата.
На останатите гранични премини од македонска страна, според последните информации, нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да внимаваат и да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои зголемена опасност од појава на одрони.
Најризични делници за одрони се:
Катланово – Велес
Маврово – Дебар – Струга
Виница – Берово
Кочани – Делчево
„Потребна е максимална внимателност, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и одговорно управување со возилото“, порачуваат од АМСМ.