Спорт
Комеморација за Мирослав Блажевиќ: Беше најголем од сите, ги оствари своите, но и сништата на сите останати

Во загрепската концертна сала „Ватрослав Лисински“ се одржа комеморација за легендарниот хрватски фудбалски тренер Мирослав Ќиро Блажевиќ, кој почина на 8 февруари на 88-годишна возраст по долга борба со канцер.
Огромен број достоинственици, пријатели, поранешни и сегашни фудбалери, негови колеги тренери, актери, спортисти, политичари и новинари дојдоа во „Лисински“ да се простат од „тренерот на сите тренери“.
Неговите тренерски способности, а пред се неговата лична харизма ги освојуваа навивачите и луѓето каде и да работеше.
На комеморацијата присуствуваше целиот државен врв на Хрватска, претседателот Зоран Милановиќ, претседателот на хрватскиот Сабор Гордан Јандроковиќ, премиерот Андреј Пленковиќ и бројни министри, градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, претседателот на Хрватскиот олимписки комитет Златко Матеша, претседателот на Фудбалската федерација на Хрватска, Маријан Кустиќ, селекторот Златко Далиќ, легендарните фудбалери Велимир Зајец, Марко Млинариќ, Стјепан Девериќ, Звонимир Бобан, Давор Шукер, Р0берт Просинечки, претставници на ФИФА и на УЕФА…
Последен на подиумот во Лисински се качи неговиот син Миро Блажевиќ.
„Овде го славиме неговиот живот. Тато, за мене беше привилегија да бидам твој син и да бидам со тебе заедно со твојата кариера. Среќен сум бидејќи го имам ова големо семејство пред мене. Татко ми немаше предрасуди кон никого, ги сакаше сите. Ги обожуваше луѓето и ги споделуваше луѓето колку што можеше. Тој се држеше до своите идеали, своите принципи и никогаш не дозволи да биде одведен на друг пат. Тато, горд сум на тебе. Ќе живееш вечно и сите те сакаме“, истакна Миро Блажевиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вулверхемптон одби уште една понуда од Њукасл за Ларсен

Фудбалскиот клуб Вулверхемптон ја одби и втората понуда од Њукасл за норвешкиот напаѓач Јорген Странд Ларсен, кој постигна два гола во вчерашната победа над Вест Хем во Лига купот.
Њукасл овој пат понуди 55 милиони фунти, откако претходно беше одбиена и понуда од 50 милиони фунти.
Управата на Вулверхемптон не сака да се откаже од 25-годишниот репрезентативец на Норвешка, пред сè поради краткото време за наоѓање замена, бидејќи шреодниот рок завршува за четири дена.
Странд Ларсен беше купен од Селта минатото лето за 23 милиони фунти и постигна 14 гола во Премиер лигата минатата сезона.
Спорт
Бојан Димоски се сели во ТСЦ

Левиот бек Бојан Димоски кариерата ќе ја продолжи во ТСЦ. Клубот од Бачка Топола ќе издвои 100.000 евра за неговиот трансфер од Акрон, дознава „Моцарт Спорт“.
Во ТСЦ процениле дека им е потребно засилуваеа на левата страна, бидејќи Немања Петровиќ сè уште не се вратил на теренот поради сериозна повреда од минатата сезона.
Димоски одигра четири натпревари оваа пролет за Партизан, на кој му се приклучи од Акрон како позајмен играч.
Пред тоа, ги бранеше боите на Брера од Струмица и на Вардар. Одигра 20 натпревари за репрезентацијата на Македонија.
Спорт
Кристал Палас го заврши трансферот на Јереми Пино

Шпанскиот репрезентативец Јереми Пино е новото засилување на Кристал Палас, во кој ќе ја наследи улогата на доскорошниот лидер на „орлите“ Еберечи Езе.
Езе, минатата недела се пресели во Арсенал, а освојувачот на ФА Купот од трансферот заработи 79.000.000 евра. Менаџерот Оливер Гласнер експресно најде замена за Езе. Кристал Палас ќе му плати на Виљареал 30.000.000 евра за Пино.
Момчето од Канарските Острови одигра 170 натпревари за „жолтата подморница“, со напаѓачки настап од 22 гола и 23 асистенции. Тој ја освои Лигата на Европа во 2021 година, но и Лигата на нации во 2023 година со Шпанија, за која играше 15 пати.
На почетокот на сезоната, клубот од главниот град на Англија го изненади Ливерпул и го освои Комјунити Шилд, додека во Премиер лигата освои два бода во првите два натпревари.