Свет
(Видео) Девојчето што го чуваше нејзиниот брат под урнатините во Сирија, може да ја изгуби ногата
Омар Рахал слушна глас што доаѓаше од урнатините, толку слаб што се бореше да разбере дали можеби е само во неговата глава. Претходната ноќ, два земјотреси со јачина од 7,8 и 7,6 го погодија неговото село Харем во сириската провинција Идлиб, контролирана од бунтовниците, срамнувајќи со земја десетици згради, вклучувајќи го и станбениот блок во кој живееше неговиот братучед Махмуд со неговата сопруга и нивните седум деца, вака светските агенции ја опишуваат ситуацијата по земјотресот во Сирија.
Неколку часа подоцна, Рахал, началникот на локалната полиција, влетал во урнатините на куќата, надевајќи се дека ќе ги најде живи Махмуд и неговото семејство. Цело утро не слушнал знаци на живот, но во 12:30 слушнал пет зборови кои ги кажала девојката: „Тргнете ме одовде“.
Heartbreaking – A Syrian girl is seen trapped w/ her baby brother under the ruins: "Get me out of here and I'll be your servant"
After 17 hours the rescue teams reached them & she said: "Get me out of here and I'll do whatever you want for you (I'll be your servant)"
[Abu Ali] pic.twitter.com/mK4lNLPN12
— Adam Albilya – אדם אלביליה (@AdamAlbilya) February 7, 2023
Неколку метри под врвот на купот отпад, заглавен меѓу бетонот, лежеше петгодишната ќерка на Махмуд Џинан, заедно со нејзиниот деветмесечен брат Абдула, кого го тешеше под урнатините. До нив, закопано покрај остатоците од нејзината куќа, беше телото на нивната мајка Суад. Рахал можела да ја види само нејзината рака, со која како да се обидувала да ги прегрне децата за да ги заштити, пренесува Гардијан.
Рахал се обидел да ги ослободи, но сфатил дека не може сам. Така тој ги снимил двете заробени деца и им го испратил видеото на колегите од полицијата, барајќи од нив да интервенираат. Видеото брзо се префрли од еден телефон на друг, напуштајќи ги границите на Сирија и стана вирално. Видеото стана вирално на Твитер и стана симбол на трагедијата во Идлиб.
„Моите луѓе пристигнаа веднаш и ми помогнаа да го отстранам малиот Абдула, кој за среќа имаше само неколку ситни гребнатинки. Но, проблемот беше Џинан. Таа беше прикована за бетонска плоча и имаше железна прачка забодена низ нејзината нога“.
Спасувачките напори во Идлиб, кој остана главно затворен од надворешниот свет два дена по земјотресот, беа забавени поради недостигот на механизација и помош, при што луѓето беа принудени да ги извлечат своите најблиски со голи раце, пренесува медиумот.
„За да го подигнеме бетонскиот блок што го попречуваше, користевме дигалка, каква што кревате автомобил кога треба да смените гума. Успеавме. Но, Џинан сепак ја имаше таа железна прачка заглавена во нејзината нога. Мораше да се пресече“.
Спасувачите се обиделе да ја пресечат шипката со дебело челично сечило додека Џинан плачела од болка. За работите да бидат покомплицирани, афтершокови повторно го погодиле селото. Она малку што останало од зградите почнало да се руши.
„Ве молам! Тргнете не одовде“, ги молела Џинан спасувачите. Немаше време за губење, раскажува Рахал.
„Немавме избор. Ризикувавме да умреме и да го изгубиме детето. Затоа, решивме да го направиме она што никогаш не сакавме – да ја извадиме Џинан додека нејзината нога сè уште беше делумно набиена на прачката“.
Во вторникот околу 2 часот по полноќ, по речиси 22 часа под урнатините, девојчето е спасено.
Една недела по спасувањето, Гардијан ги посети Џинан и нејзиниот помлад брат во болница претворена од поранешно училиште каде што се лекуваа повредени деца од Харем. Абдула спиеше завиткан во волнено ќебе додека Џинан лежеше, сè уште со болки, на креветот.
„Раната на нејзината нога е многу сериозна. Џинан можеби никогаш нема да оди како порано, нема да те лажам. Ако раната не зарасне, можеби ќе бидеме принудени да и ја ампутираме ногата“, изјави нејзиниот лекар Ваџих ал Карат.
„Џинан и Абулах се единствените што останаа живи во семејството“, во плач вели Рахал. Двете деца биле доверени на пра-вујкото и неговата сопруга.
„Тоа е трагедија“, додава тој. „Џинан знае дека останала сама со својот брат. Но, гледате дека и овие деца овде, до креветот на Џинан, се сираци. И повеќето од нив се уште се прашуваат каде се нивните родители и кога ќе дојдат. Прво, сакаме да се однесуваме добро со нив. Тогаш, во одреден момент, ќе бидеме принудени да им кажеме дека и тие станале сираци“, појаснува Карат, според написот во медиумот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Брисел со поддршка за Данска и Гренланд; Фон Дер Лајен порача: Царините на Трамп се закана за трансатлантските односи
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предупреди на опасноста од воведување царини, кои, според неа, би ги поткопале трансатлантските односи.
Во објава на социјалните мрежи нагласи дека територијалниот интегритет и суверенитетот се основни начела на меѓународното право, клучни за Европа и за меѓународната заедница во целина.
Фон дер Лајен исто така истакна дека Европската унија стои во целосна солидарност со Данска и народот на Гренланд. Наведе дека дијалогот останува клучен и дека ЕУ е посветена на унапредување на процесот што веќе беше започнат минатата недела меѓу Кралството Данска и САД.
„Европа ќе остане обединета, координирана и посветена на зачувување на својот суверенитет“, порача таа.
Territorial integrity and sovereignty are fundamental principles of international law.
They are essential for Europe and for the international community as a whole.
We have consistently underlined our shared transatlantic interest in peace and security in the Arctic, including…
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) January 17, 2026
Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно најави бран зголемување на царините за европските сојузници додека на САД не им биде дозволено да го купат Гренланд.
Во објава онлајн на „Тру соушал“, Трамп рече дека царините од 10 отсто ќе стапат во сила на 1 февруари за Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска. Овие царини ќе се зголемат на 25 проценти на 1 јуни и ќе продолжат да важат додека не се постигне договор за купување на Гренланд од страна на САД, рече Трамп.
Трамп обвини неколку европски земји дека играат „многу опасна игра“ во Гренланд, велејќи дека „светскиот мир е во прашање“.
„Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Обединетото Кралство, Холандија и Финска отидоа во Гренланд со непозната цел. (…) Овие земји, играјќи ја оваа многу опасна игра, презедоа неприфатлив ризик“, напиша американскиот претседател во долг пост на својата социјална мрежа.
„Со години ја субвенциониравме Данска, како и сите земји од Европската Унија и другите, со тоа што не им наплаќавме царински давачки или какви било други форми на компензација. Сега, по еден век, време е Данска да возврати – светскиот мир е во прашање! Кина и Русија го сакаат Гренланд, а Данска не може ништо да направи во врска со тоа. Тие моментално го штитат со два тима кучиња, од кои едниот беше додаден неодамна.
Само Соединетите Американски Држави, под ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ДОНАЛД Џ. ТРАМП, можат да ја играат оваа игра – и тоа многу успешно! Никој нема да го допре ова свето парче земја, особено затоа што националната безбедност на Соединетите Американски Држави и безбедноста на светот како целина се во прашање“, се вели во објавата на Трамп.
Регион
Европската комисија повторно бара истрага за можната употреба на звучен топ на протестите во Белград
Европската комисија уште еднаш ги повика српските власти да спроведат брза, транспарентна и веродостојна истрага за наводната употреба на звучен топ за време на антивладиниот протест во Белград на 15 март 2025 година, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).
Повикот доаѓа откако европските медиуми повторно го покренаа прашањето, а Политико објави дека српските разузнавачки служби, во соработка со руската ФСБ, тестирале звучни уреди на кучиња во обид да утврдат дали е користено звучно оружје врз демонстрантите.
Во извештајот што српскиот претседател Александар Вучиќ го презентирал, се тврди дека уредите не предизвикале реакции кај животните, па оттука било заклучено дека звучен топ не бил користен на протестот. Руската страна не коментираше за извештајот, пренесе РСЕ.
Во изјавата на Европската комисија се нагласува дека „односите со Русија не можат да продолжат како и досега, особено кога се работи за безбедносни прашања“, и се потсетува дека властите имаат обврска да ги заштитат демонстрантите од повреди и насилство.
Српските власти подоцна признаа дека полицијата поседува звучни уреди, но тврдат дека „никогаш не биле употребени“.
Демонстрантите сведочеле за силни и необични звуци, вибрации и здравствени тегоби по протестот – како вртоглавици, несвестица, покачен притисок и нарушувања на слухот.
Настанот го истражува и Европскиот суд за човекови права.
Фото: ЕПА
Свет
„Нема да дозволиме уцени“ – се нижат реакции по најавата на Трамп за воведување царини за некои европски земји
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта изјави дека ќе излезат со заеднички одговор како реакција на новата закана на Доналд Трамп за воведување царини кон некои европски земји поради Гренланд.
Говорејќи на прес-конференција одржана непосредно по објавата на Трамп, Кошта порача: „Европската унија секогаш ќе биде многу цврста во одбраната на меѓународното право… кое, секако, започнува внатре во територијата на земјите членки на Европската унија“.
Нема да дозволиме уцени
Во меѓувреме, шведскиот премиер Улф Кристерсон реагираше на новите закани со царини што ги изнесе Доналд Трамп, а со кои е засегната и Шведска, пренесе „Дагенс Нихетер“.
„Нема да дозволиме уцени. Само Данска и Гренланд одлучуваат за прашањата што се однесуваат на Данска и Гренланд“, порача Кристерсон. „Секогаш ќе се залагам за мојата земја и за нашите сојузнички соседи“, додаде тој.
Премиерот наведе и дека по ова прашање започнал дијалог со другите земји членки на Европската унија.
Норвешка: Царините не се поврзани со безбедноста на Арктикот
Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Еиде, пак, изјави дека не разбира зошто американскиот претседател Доналд Трамп ги поврзува зголемените царини со безбедносната состојба на Арктикот.
„Постои широк консензус во НАТО за потребата од зајакнување на безбедноста на Арктикот, вклучително и на Гренланд. Не сметаме дека прашањето за царините припаѓа во овој контекст“, напиша Еиде во коментар за НТБ.
Британија: Царините целосно погрешни, Гренланд е дел од Данска
Британскиот премиер Кир Стармер рече дека царините се „целосно погрешни“. Тој нагласи дека Гренланд е дел од Данска и дека „неговата иднина е прашање на Гренланѓаните и Данците“.
Во изјавата го појасни ставот на Обединетото Кралство: „Нашиот став за Гренланд е многу јасен – тој е дел од Кралството Данска и неговата иднина е прашање на Гренланѓаните и Данците. Исто така, јасно ставивме до знаење дека арктичката безбедност е важна за целиот НАТО и дека сојузниците треба да направат повеќе заедно за да се соочат со заканата од Русија во различни делови на Арктикот. Примената на царини врз сојузниците поради стремежот кон колективната безбедност на сојузниците на НАТО е целосно погрешна. Секако, директно ќе се позанимаваме со ова прашање со американската администрација.“
Макрон: Неприфатливо
Францускиот премиер, Емануел Макрон најавата за царините ја нарече неприфатлива. Порача дека европските лидери нема да бидат под влијание на заплашување или закани.
Данска: Изненадени сме
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, ја нарече изненадување најавата на Доналд Трамп за воведување царини и нагласи дека Данска е во тесна комуникација со Европската унија по ова прашање.
Во објава онлајн на „Тру соушал“, Трамп рече дека царините од 10 отсто ќе стапат во сила на 1 февруари за Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска. Овие царини ќе се зголемат на 25 проценти на 1 јуни и ќе продолжат да важат додека не се постигне договор за купување на Гренланд од страна на САД, рече Трамп.
Трамп обвини неколку европски земји дека играат „многу опасна игра“ во Гренланд, велејќи дека „светскиот мир е во прашање“.

