Спорт
Одличниот шутер Теренс Рос потпиша со Феникс

Откако го доведоа Кевин Дурент во размена со Бруклин Нетс, Феникс Санс продолжуваат да составуваат тим со кој ќе можат да ја нападнат титулата во НБА лигата. Нов играч на Феникс е искусниот Теренс Рос, кој го раскина договорот со Орландо Меџик и како слободен играч се пресели во Аризона.
Рос има 32 години и ја игра 11. сезона во НБА. Во 2012 година Торонто го избра како осми пик на драфтот, а во 2017 година преку размена на кошаркари се пресели во Орландо.
На 712 натпревари во кариерата има просек од 11,0 поени со 36,8% шут за тројка, а оваа сезона во Орландо на 42 натпревари имал просек од осум поени по натпревар.
На Санс им преостанува уште едно место во ростерот, кое може да го потрошат на Иш Вејнрајт доколку му понудат целосен договор бидејќи може да одигра уште само еден натпревар поради двонасочниот договор.
Втора опција во Феникс да пристигне уште еден ветеран. Станува збор за 34. годишниот Кевин Лав, кој како што тврдат американските медиуми, ќе стане слобиден играч откако ќе го откупи својот договор од Кливлен Кавалирс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вулверхемптон одби уште една понуда од Њукасл за Ларсен

Фудбалскиот клуб Вулверхемптон ја одби и втората понуда од Њукасл за норвешкиот напаѓач Јорген Странд Ларсен, кој постигна два гола во вчерашната победа над Вест Хем во Лига купот.
Њукасл овој пат понуди 55 милиони фунти, откако претходно беше одбиена и понуда од 50 милиони фунти.
Управата на Вулверхемптон не сака да се откаже од 25-годишниот репрезентативец на Норвешка, пред сè поради краткото време за наоѓање замена, бидејќи шреодниот рок завршува за четири дена.
Странд Ларсен беше купен од Селта минатото лето за 23 милиони фунти и постигна 14 гола во Премиер лигата минатата сезона.
Спорт
Бојан Димоски се сели во ТСЦ

Левиот бек Бојан Димоски кариерата ќе ја продолжи во ТСЦ. Клубот од Бачка Топола ќе издвои 100.000 евра за неговиот трансфер од Акрон, дознава „Моцарт Спорт“.
Во ТСЦ процениле дека им е потребно засилуваеа на левата страна, бидејќи Немања Петровиќ сè уште не се вратил на теренот поради сериозна повреда од минатата сезона.
Димоски одигра четири натпревари оваа пролет за Партизан, на кој му се приклучи од Акрон како позајмен играч.
Пред тоа, ги бранеше боите на Брера од Струмица и на Вардар. Одигра 20 натпревари за репрезентацијата на Македонија.
Спорт
Кристал Палас го заврши трансферот на Јереми Пино

Шпанскиот репрезентативец Јереми Пино е новото засилување на Кристал Палас, во кој ќе ја наследи улогата на доскорошниот лидер на „орлите“ Еберечи Езе.
Езе, минатата недела се пресели во Арсенал, а освојувачот на ФА Купот од трансферот заработи 79.000.000 евра. Менаџерот Оливер Гласнер експресно најде замена за Езе. Кристал Палас ќе му плати на Виљареал 30.000.000 евра за Пино.
Момчето од Канарските Острови одигра 170 натпревари за „жолтата подморница“, со напаѓачки настап од 22 гола и 23 асистенции. Тој ја освои Лигата на Европа во 2021 година, но и Лигата на нации во 2023 година со Шпанија, за која играше 15 пати.
На почетокот на сезоната, клубот од главниот град на Англија го изненади Ливерпул и го освои Комјунити Шилд, додека во Премиер лигата освои два бода во првите два натпревари.