Спорт
Паоло Соуса ја презеде Салернитана

Фудбалскиот клуб Салернитана го разреши Давиде Никола од тренерската функција, на негово место ќе дојде Пауло Соуса, соопшти италијанскиот клуб.
Никола беше отпуштен во јануари по серијата лоши резултати, но беше вратен на клупата два дена подоцна.
Салернитана е на 16. место во Серија А со 21 бод и е четири над зоната за испаѓање.
Никола доби отказ по поразот од Верона (1:0), во важен меч во борбата за опстанок. На последните десет натпревари Салернитана освои само пет бода.
Никола ја води Салернитана од февруари минатата година, а со клубот минатата сезона успеа да остане во Серија А.
Португалецот Паоло Соуса, се враќа во Серија А по шест години, тој ја водеше Фиорентина од 2015 до 2017 година.
Поранешниот играч на Јувентус и Интер, во текот на својата тренерска кариера, меѓу другите ги водеше и Свонси, Лестер, Макаби Тел Авив, Базел, Бордо, а беше и селектор на Полска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Бетис прв пат ќе игра европско финале, противник ќе му биде Челзи

Бетис и Челзи ќе се борат за трофејот во Конференциската лига. Финалето на Конференциската лига е закажано за 25 мај во Вроцлав.
Бетис прв пат во 117-годишната историја ќе игра европско финале. „Зелено-белите“, по продолженија ја елиминираа Фиорентина со 4:3
Првиот меч во Севилја заврши со победа на Бетис 2:1, а со ист резултат заврши и реваншот во Фиренца.
Бетис поведе со голот на Антони, а потоа Фиорентина направи пресврт со головите на Робин Госенс. Херојот на Бетис стана Ез Абде кој успеа да погоди во 98.минута.
Челзи го одработи реваншот против Ѓургарден. По убедливиот триумф во Шведска 4:1, „сините“ на домашен терен славеа со 1:0. Единствениот гол во 38.минута го постигна Дузбери-Хол.
Спорт
Реал (повторно) се незадоволни од изборот на судиите за Ел Класико

Остануваат уште три дена до новото „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид, последно во тековната сезона, но и најважното, бидејќи че ја реши шампионската трка.
Натпреварот на „Монжуик“ ќе се игра во недела во 16:15 часот, во ситуација кога Барса има четири бода предност на врвот на Ла Лига. Влогот е голем пред дербито, а Реал повторно, како и пред финалето во Купот на кралот, удри по судијата.
Натпреварот ќе го суди Алехандро Ернандез Ернандез, а клупската телевизија на реал, веднаш го обвини дека е „навивач на Барселона од детството“.
Се забележува дека од сите судии кои му суделе на Реал 10 или повеќе пати, со Ернадес како гкавен судија има најлош скор..
Кога суди Ернандез, Реал побдува на 54 проценти од натпреварите, а од последните шест, славеше само двапати.
🚨 El NUEVO vídeo de RMTV sobre Hernández Hernández es BRUTAL, uno de los principales árbitros Negreira y seguidor del BARCELONA desde niño.
🚨 MÁXIMA DIFUSIÓN A ESTE VÍDEO 🚨 pic.twitter.com/h9SFSHjECG
— REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) May 8, 2025
Беше извлечено интервју што Ернандез го дал во 1994 година на 12-годишна возраст, кога открил дека навива за Барселона и рече дека негови омилени играчи се Ромарио и Михаел Лаудруп.
„Ова е Ернандез Ернандез, судија кој е во Примера 13 години, навивач на Барселона од детството, кој сега ќе суди во клучно Ел Класико во лигата“.
Хернандез ќе го суди „Ел Класико“ по петти пат, но не е единствениот на удар, туку клупската телевизија го критикува и Мартинез Мунуера, кој ќе биде главен во ВАР собата.
„Уште еден од судиите кој му нанесе штета на Реал Мадрид на најсериозен можен начин со своите одлуки ќе биде задолжен за ВАР“.
Спорт
Јунајтед и Тотенхем финалисте во Лига Европа

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Тотенхем ќе се борат за титулата во Лига Европа. Англиските тимови вечерва ги потврдија пласманите во завршниот меч во Лига Европа за сезоната 2024/2025.
„Црвените ѓаволи“ го победија Атлетик Билбао со 4:1 на „Олд Трафорд“ и со тоа го потврдија триумфот од 3:0 во првиот натпревар. Тотенхем го победи Бодо/Глимт и на гостински терен, а по 3:1 во Лондон, победи со 2:0 на северот од Европа.
Англиските гиганти, кои се на 15-то и 16-то место во Премиер лигата оваа сезона, ќе се борат за европскиот трофеј и учество во Лигата на шампионите следната сезона.
Големото финале е закажано за 21. мај на стадионот „Сан Мамеш“ во Билбао.
Резултатот на „Олд Трафорд“ не покажува точно што се се случуваше на теренот. Атлетик имаа предност од еден гол до 70.минута. Целосно паднаа кога Маунт изедначи.
Од 31-та минута, Хаурегизар од 20.метри постигна прекрасен гол. На иста начин возврати Маунт. Во тој момент Баските се предадоа. До крајот по гол постигнаа Касемиро во 80-та и во 85-та минута Расмус Хојлунд.
Точка на натпреварот стави Маунт во првата минута од судиското продолжение, со голчиште од 40 метри.
Тотенхем во Норвешка релативно лесно дојде до победата. Во интервал од шест минути во 63. и 69.та минута стрелци беа Соланке и Поро.