Македонија
Ласовска: Ковачевски да одговори дали е точно дека хакерите бараат откуп за да се врати системот на ФЗОМ?
Дебатираме за разрешување министер за информатичко општество, Алити, тешко го читам зашто не го познавам. Толку се потрудил за една да направи нешто за Република Македонија и не можам да го бранам зашто не знам каков министер бил. Очигледно, она што го знаеме како граѓани дека незаконски постапи во таканаречениот балансер за кој, искрено, не знам во согласност со кој закон е. Договор постои, незаконски постапи и наместо 20 %, реши 31,5 да има вработувања на Албанците во Македонија. Сега ќе видите, има огласи во Источниот Регион од Министерството за земјоделство, каде што исклучиво се бараат Албанци и дали е тоа фер?, запраша Благица Ласовска, пратеничка на денешната собраниска седница.
Ласовска во текот на своето обраќање во врска со ова побара од премиерот Димитар Ковачевски да одговори дали е можно еден министер самостојно да носи одлуки, без да се консултира со Владата?
„Премиерот во своето објаснување не кажа зошто го разрешува овој човек, знам дека не одговара на сите прашања поставени од наша страна, еве на јавноста нека ѝ каже дали се согласува со оваа одлука бидејќи во јавноста дознавме став само од Симовски, а не и на премиерот. Дали е можно еден министер самостојно да носи одлуки, без да се консултира со Владата?, праша Ласовска.
Таа исто така посочи дека во државата единствен услов за вработување е етничката припадност, а не квалификациите.
„Единствен услов не е квалификација, туку етникум, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Власи. Тоа е единствен услов, за жал, и тоа не нѐ води кон европските вредности“, рече Ласовска.
Пратеничката Ласовска се осврна и на безбедноста во државата, односно на хакерскиот напад врз ФЗОМ и укажа дека премиерот Ковачевски треба да ѝ даде одговор на македонската јавност дали е точно дека хакерите барале откуп за да го вратат системот.
„Овој министер исто така треба да се занимава со сајбер-безбедноста, а сведоци сме какви хакерски напади и каква небезбедност има во државата. Најголемата лага што се искажа од оваа говорница е да кажете дека здравствените работнице не добивале плата поради ВМРО-ДПМНЕ, за сѐ ви е крива ВМРО-ДПМНЕ, да кажете дали тој министер и оваа Влада, бидејќи, нели, сме членка на НАТО, соработуваат со членките на НАТО да се решат овие проблеми. Јас сум сериозно загрижена и сите граѓани бидејќи секојдневно имаме дојави за бомби, сите се исплашени. ФЗО има хакерски напад и, конечно, претседателот на Владата треба да одговори дали хакерскиот напад и хакерите што нападнале бараат откуп да го вратат, тоа се сериозни пари. Тоа, премиере, треба да ѝ биде одговорено на македонската јавноста“, додаде Ласовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

