Култура
Хуманитарна акција на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија
Под мотото „Да помогнеме“, издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со книжарниците „Литература.мк“, организира хуманитарен викенд за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
На 18 и 19 февруари, во сите книжарници на „Литература.мк“, целиот приход од продадените книги од македонски автори, кои се во издание на „Арс Ламина“, ќе биде пренаменет за донација на погодените подрачја.
Во овие тешки мигови, наша општествена и морална одговорност е да подадеме рака и да бидеме луѓе за оние на кои тоа е најмногу потребно. Ве повикуваме да се приклучите кон акцијата и со секое купено издание од македонски автори во издание на „Арс Ламина“ да помогнете на настраданите.
„Арс Ламина“ и „Литература.мк“ и понатаму ќе продолжат со својата хуманитарна мисија, секогаш подавајќи рака на оние на кои им е потребна помош.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Слоештица ќе биде одбележана 90-годишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски
Со културна манифестација ќе биде одбележана 90 годишнината од раѓањето на македонскиот писател и поет, Петре М. Андреевски.
Настанот ќе се одржи во родното село и вечното почивалиште – с. Слоештица, Демир Хисар, во вторник (25 јуни) во 13 часот, а истиот е во организација на Македонското научно друштво – Битола, во соработка со Педагошки факултет – Битола, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Студенското собрание при УКЛО, -АРТ ПОИНТ – ГУМНО, с. Слоештица и Europe House – Битола.
Покрај посета и оддавање почит на гробот на Петре во селото Слоештица, предвидена е реализација на културна манифестација која вклучува литературно читање на дел од поезијата на Петре М. Андреевски и квиз со едукативен карактер, поврзан со ликот и делото на Петре М. Андреевски. Литературното читање и квизот ги подготвија студенти од Педагошки факултет – Битола, и истите ќе се реализираат во реновираниот Задружен дом во селото Слоештица.
Настанот ќе заврши во АРТ ПОИНТ – ГУМНО со свечено откривање на склуптура, инспирирана од прочуената „Дениција“ на Андреевски, а изработена од познатиот македонски уметник, Никола Пијанманов.
На настанот свое присуство и обраќање најави и Амбасадорот Дејвид Гир од Делегацијата на ЕУ во Скопје.
Култура
Влатко Стефановски изненадување на настапот на Звјездан Ружиќ наотворањето на 45 издание на фестивалот Скопско лето
Повеќенаградениот хрватски пијанист и композитор Звјездан Ружиќ настапи на отворањето на Скопско лето на 21 јуни во преполниот Куршумли ан!
На неговиот роденден, на Светскиот ден на музиката, Звјездан Ружиќ и неговиот проект „Пијанотрон“ја почестија публиката во Скопје со вечер за паметење! Покрај тоа што публиката уживаше во авторската музика на Ружиќ, пропратена со кратка приказна за секоја композиција, пријатниот амбиент во Куршумли ан, големо изненадување за публиката беше настапот на Влатко Стефановски заедно со Звјездан, изведувајќи една авторска композиција на Звјездан и „Елено ќерко“ во еден нов , суптилен и несекојдневен аранжман кој ги стопли срцата на сите присутни.
Пијанотрон е комбинација од пијано, мелотрон и педали на кои Звјездан свири. Тој го опишува Пијанотрон како еден вид на филмска музика, украсена со влијанија од џезот, класичната, поп, рок и етно музиката.
Отворањето на 45 издание на фестивалот Скопско лето, со својата оригиналност, специфичност и квалитет, како настан ќе остане врежан во колективната меморија на присутните скопјани, но и на сите оние кои се нашле во Скопје и решиле токму оваа топла вечер да ја поминат токму овде, во Куршумли ан, сместени помеѓу содржините на ,,Скопско лето”.
И оваа година, на ова јубилејно издание, преку кое, полека се доближуваме кон половина век постоење на манифестацијата, ќе имаме можност, скопските летни вечери да ги поминуваме со културните настани предвидени во програмата кои веруваме, со истиот интензитет ќе остават траги во нашите сеќавања, како и оние, сиве изминати години наназад.
Култура
Почина актерот Доналд Сатерленд
Канадскиот актер Доналд Сатерленд, ѕвездата на „Игрите на гладта“ и „Не гледај сега“, почина на 88-годишна возраст по долго боледување, потврди неговиот син Кифер.
„Со тешко срце ве известувам дека татко ми почина. Мислам дека тој е еден од најважните актери во историјата на кинематографијата.
„Не бегаше од улоги, играше добро, лошо и грдо. Го сакаше тоа што го работеше и го правеше тоа што го сакаше – не можеше да бара повеќе од тоа. Живееше добро“, рече тој.
Сатерленд играше во повеќе од 200 филмови и телевизиски серии.
Тој го освои Холивуд со неговата улога во американската воена комедија за Корејската војна, Меш, во која го играше саркастичниот армиски хирург Хоки Пирс.
Сатерленд има добиено повеќе од 200 признанија и награди во текот на неговата кариера, но никогаш не бил номиниран за Оскар.
Работел како радио новинар пред да се пресели во Лондон во 1957 година.
Дипломирал на Лондонската академија за музика и драма во главниот град на Велика Британија.
По десетина споредни улоги во британски филмови и серии, Сатерленд доби шанса да глуми во Twelve Marked, акционен филм за Втората светска војна, чија премиера беше во 1967 година.
Ова ја отвори вратата за уште една улога во воениот филм, Воините, во кој тој го играше ексцентричниот наредник Одбол.
Само неколку години подоцна, во 1971 година, публиката го виде во сосема поинаква улога.
Во филмот, Клут играше детектив на кој му помага проститутка во потрагата по исчезнат човек.
Партнерка му беше Џејн Фонда, која за таа улога доби Оскар.
Двајцата беа и во двегодишна врска.
Во трилерот „Не врти се“ од 1973 година, поради веродостојните сцени, публиката мислеше дека тој и актерката Џули Кристи всушност имаат секс.
Сатерленд подоцна ги негираше тврдењата.
Во филмот „Обични луѓе“, награден со Оскар, тој го глумеше таткото на тинејџер кој изврши самоубиство.
Доналд Сатерленд има четири сина и една ќерка.
И покрај неговите улоги, тој никогаш не беше номиниран за Оскар, но во 2017 година доби почесно признание.
Почина само неколку месеци пред објавувањето на неговите мемоари во кои е опишана неговата богата актерска кариера.