Спорт
Алварадо МВП на натпреварот „Ѕвезди во подем“
НБА Ол-стар викендот започна со натпреварот на „Ѕвезди во подем“, во Солт Лејк Сити.
Овој град е домаќин на овој спектакл за прв пат од 1993 година, а оваа сезона натпреварувањето на идните ѕвезди беше замислено нешто поинаку.
Наместо еден натпревар, се играше мини-турнир, две полуфиналиња до 40 поени и финале во кое победник беше екипата која прва стигна до 25 поени.
Имавме четири тима од по седум играчи, а на кормилото на секој од нив беше поранешен ас во НБА. Пау Гасол, Јоаким Ноа, Дерон Вилијамс ги предводеа момците кои ја играат својата прва или втора сезона во НБА, додека Џејсон Тери тренираше тим составен од играчи од Развојната лига.
„Тим Пау“ во првото полуфинале го совлада „Тим Дерон“ со 40:25, блескаа Хозе Алварадо, членот на Њу Орлеанс, како и Паоло Банкеро од Орландо Меџик.
Во второто полуфинале „Тим Јоаким“ го совлада „Тим Џејсон“ со 40:32, а тројката на Квентин Грајмс го реши натпреварот.
Во финалето „Тим Пау“ го совлада „Тим Јоаким“ со 25:20, благодарение на клучната тројка на Алварадо, кој сосема заслужено ја освои титулата МВП.
Викендот продолжува вечерва, на програмата се: предизвикот за умешност, потоа натпреварот во шутирање тројки и натпреварот во забивање. додека главниот настан, натпреварот помеѓу „Тим Леброн“ и „Тим Јанис“ ќе се одигра ноќта меѓу недела. и понеделник.
Познато е дека Никола Јокиќ е во „Тим Леброн“ во кој се Џејмс и Лука Дончиќ, како и Џа Морент и Лаури Марканен, додека покрај Адетокумбо во „Тим Џанис“ играат и Кајри Ирвинг, Донован Мичел, Џејсон Тејтум и Џоел Ембиид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тер Штеген во Џирона до крајот на сезоната
Голманот на Барселона и германски репрезентативец, Марк-Андре Тер Штеген, ќе игра на позајмица во Џирона до 30 јуни оваа година, објавија двата шпански клуба.
Според договорот што го постигнаа клубовите, Барселона ќе исплаќа околу 90 отсто од платата на тер Штеген.
Тер Штеген (33) пристигна во Барселона во 2014 година од Борусија Менхенгладбах, а оваа сезона одигра само еден натпревар за тимот од „Ноу Камп“.
Тер Штеген денес го имаше својот прв тренинг со својот нов клуб. Тој бранеше за германската репрезентација на 44 натпревари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Конте: Не сме на нивото на Лигата на шампионите
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изјави дека е разочаран од нерешениот резултат против Копенхаген во седмото коло од Лигата на шампионите, објавија денес италијанските медиуми.
Фудбалерите на Копенхаген и Наполи играа вчера во Данска без победник, 1:1. Копенхаген од 35-та минута играше со фудбалер помалку, бидејќи црвен картон доби искусниот Томас Дилејни.
„Ме боли и мора да ги боли моите играчи. Мора да бидеме лути, мора да бидеме разочарани. Имавме во вистински услови за победа и пласман во плејофот. Можеме да имаме илјада изговори, но тие не вредат, бидејќи натпреварот одеше толку добро во тие околности, што мораше да победиме“, рече Конте.
Наполи моментално е на 23-то место на табелата на ЛШ со осум бода.
„Четврти натпревар по ред покажавме дека се мачиме. Имавме целосна контрола, со 11 играчи против 10, па дури и ако ви недостасуваат 10 играчи и се чувствувате уморни, мора да победувате во вакви натпревари. Едноставно – мора. Постои разочарување, бидејќи не успеавме, па затоа е очигледно дека нашето ниво не е соодветно за ова натпреварување во моментов. Имаме само осум бода во Лигата на шампионите, сите мора да ја прифатиме вината. Во оваа ситуација, мора да победите“, нагласи Конте.
Фудбалерите на Наполи ќе го пречекаат Челзи во последното, осмо коло од Лигата на шампионите.
Foto/ depositphotos
Спорт
Барселона му нуди нов договор на Левандовски
Барселона е подготвена да го задржи Роберт Левандовски уште една година.
Неколку каталонски медиуми денес открија дека Барселона одлучила да му го продолжи договорот на Левандовски.
Понудата содржи и неколку услови, Левандовски треба да прифати да биде втора опција во нападот, што значи помалку минути на теренот и да се согласи на намалување на платата од најмалку 50 отсто.
Левандовски во моментов иам најголема плата во тимот, па според неговата улога во новата сезона, клубот очекува тој да се согласи на значително намалување на платата.
Според претходните најави, токму ова го сакаше Левандовски, бидејќи ужива во Барселона со своето семејство и со задоволство би останал на „Камп Ноу“ до крајот на кариерата.
Левандовски пристигна во Барселона во летото 2022 година за 45.000.000 евра од Баерн Минхен. Освои две титули во Ла Лига, Купот на Кралот и два Суперкупа.
Foot/ depositphotos

