Македонија
(Галерија) Во Градски парк како во сред лето: пикник, ловење риба, прошетки
Сончевото време ги намами скојани денот да го поминат во Градскиот парк.
Некои уживаа на лежалки, други се шетаа низ патеките, трети со јадиците се сместија покрај езерцето надевајќи се на добар улов.
Сончево време е најавено и за утре, кога се очекува температурите да достигнат 17 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На Табановце за влез во Македонија се чека околу 15 минути
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во Македонија е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Дел од Скопје без струја и вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, од 09:00 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе останат, корисниците од населените места: Дивље, Сушица и Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје исто така ги известува граѓаните дека
• поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф- 500 мм на Бул. Кочо Рацин (спроти Олимписки Базен), од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од: Бул. Кочо Рацин (потегот од ул.11-ти Октомври до Кеј 13-ти Ноември), ул. Тетовска, ул. Стив Наумов, дел од ул. Раде Јовчевски Корчагин, како и објектите на Амбулантата на МВР, Полициската станица – Пролет и ресторанот Ла Тана. (Општина Центар)
• поради изведување на водоводен приклучок ф – 80 мм на ул. 852 бб (кај Салонот Мерцедес), од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од зградите на ул. 852. (Општина Гази Баба)
Македонија
Претпладне сончево и топло време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, на повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени. UV=7
Во Скопје претпладне сончево и топло со умерена облачност. Попладне ќе има пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.
До петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град. Дневната температура постепено ќе опаѓа. За време на викендот се очекува стабилно и потопло време.