Спорт
ЖКК МЗТ го освои Купот на Македонија

ЖКК МЗТ Скопје Аеродром, во својот дебитански настап успеа да ја освои титулата во Купот на Македонија. Во финалето ЖКК МЗТ Скопје Аердорм со 75:60 го победија Баскет Кам. Ова е прв трофеј во историјата на женската секција на МЗТ.
Во историјата ќе остане запишано дека ЖКК МЗТ Скопје Аердром трофејот го освои со една петорка.
Кошаркарките на МЗТ победата ја најавија во прватачетвртина која ја добија со 21:8. Нивните противнички во останатиот дел се обидуваа но не успеаја да го надополнат минусот. Се доближија во третиот период на 49:41 но повеќе од тоа не можеа.
Во тимот на МЗТ повторно доминираа Американките, Ли со 27 поени и Симонс со 24 поени и 12 скока.
Фото: Игор Паневски/Тоспорт.мк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вестбрук ќе го напушти Денвер

Расел Вестбрук (36), рекордер во НБА по бројот на трипл-дабл (203), двократен најдобар стрелец, трикратен најдобар асистент во најсилната лига и МВП во 2017 година, по една сезона ги напушта Денвер Нагетс.
Инсајдерот Шамс Чаранија објави дека Вестбрук одбил да ја искористи опцијата за продолжување на договорот со Денвер за уште една сезона, па затоа ќе биде слободен играч од крајот на овој месец.
Вестбрук одигра 75 натпревари за Денвер оваа сезона и имаше просек од 13,3 поени, 6,1 асистенции, 4,9 скока и 1,4 украдени топки. Во плејофот имаше 11,7 поени, 3,7 скока и 2,6 асистенции. Никола Јокиќ со тоа останува без важен соиграч во Нагетс.
Иако е ветеран, Вестбрук е убеден дека може да се бори за подобар договор на пазарот од 3,4 милиони долари што би ги заработил следната сезона во Денвер.
Досега, играше за Оклахома, Хјустон, Вашингтон, ЛА Клиперс, ЛА Лејкерс и Денвер.
Спорт
Турците најавија „трансфер бомба“: Митровиќ во Фенербахче

Александар Митровиќ, најдобриот стрелец во историјата на српската фудбалска репрезентација, наскоро би можел да се врати на европската сцена, во за многумина изненадувачки трансфер.
Според сознанијата на турскиот портал „НТВ Спор“, напаѓачот на Ал Хилал е блиску до договор со екипата на Фенербахче.
Тој наводно разговарал со својот сонародник Душан Тадиќ, но и со Един Џеко. Искусните фудбалери го напуштија клубот од „Шукру Сараѓоглу“ ова лето. Од нив Митровиќ добил одлични повратни информации за клубот.
Истиот извор наведува и дека преговорите меѓу поранешниот напаѓач на Партизан, Андерлехт, Њукасл и Фулам и клубот на чија клупа седи Жозе Мурињо сега се во завршна фаза, па затоа епилогот треба да се очекува во блиска иднина.
Во првите денови од јуни, Фенер се обиде да ги договори трансферите на Џонатан Давид и Душан Влаховиќ, но безуспешно.
Напаѓачот на Лил бараше 12.000.000 евра како бонус за потпишување, додека играчот на Јувентус не беше заинтересиран за трансфер во Турција.
Спорт
Гатусо ќе биде новиот селектор на Италија

Џенаро Гатузо наскоро ќе биде именуван за селектор на италијанската репрезентација, објавува најпознатиот инсајдер, Фабрицио Романо. Тој тврди дека до неодамна тренерот на Хајдук ги договорил условите со Фудбалскиот сојуз на Италија. Сè уште има мали детали што треба да се разработат, а во следните неколку дена Сојузот ќе објави дека Гатузо потпишал договор.
На чело на италијанската репрезентација, Гатузо ќе го наследи Лучано Спалети, кој беше отпуштен минатата недела. Гатузо минатата сезона со Хајдук го освои третото место во Хрватска, а претходно во кариерата ги водеше Милан, Наполи, Валенсија и Марсеј. Единствениот трофеј во неговата кариера е купот со Наполи во 2020 година.
Гатузо ќе собере јадро од поранешни светски и европски шампиони како асистенти и ќе изгради нова репрезентација заснована на чувство на припадност и искуство, пишуваат италијанските медиуми. Го убедил Леонардо Бонучи, кој моментално е во тренерскиот штаб на италијанската репрезентација до 20 години. Негов втор помошник ќе биде Андреа Барзаљи.
Барзаљи, Бонучи и Гатузо играа заедно во репрезентацијата кај Марчело Липи и во 2006 година станаа светски шампиони..
Стручниот штаб треба да го пополни и Џанлука Замброта, уште еден поранешен италијански ас. Тој е без договор седум години, а неговиот последен ангажман беше во кинескиот Сунинг, каде што беше помошник тренер.
Чезаре Прандели, поранешниот селектор на Италија, треба да стане технички директор на националниот тим. Прандели е прославен италијански пензиониран фудбалер и поранешен тренер. Денес има 67 години. Ја водеше Италија од 2010 до 2014 година и беше на клупата на бројни големи клубови како што се Рома, Галатасарај и Фиорентина.